Најубаво се чувствувам во присуство на дечко ми и најдобрата другарка... Секогаш имаме теми за зборување, па дури и кога ќутиме е убаво ( ова со дечко ми ). А со другарка ми секогаш се смеам бидејќи е една крајно позитивна личност.
Кога сум со дечко ми, најдобрата другарка, омилениот братучед, другарите, и една омилена тетка и омилена братучетка се чувствувам најфино.
Со мајка ми и татко ми _ ми недостигаат кога нема да ги видам и тогаш барем еднаш морам да ги чујам. Ме исполнуваат, посебно што со нив можам да правам муабет за се и сешто Дечко ми _ го обожавам! Ме прави среќна до максимум Другарките (посебно ќе издвојам две другарки со кои ми лета времето без да приметам) Братучед ми, братучетка ми х2... love them
Дечко ми- најпријатно ми е тогаш. Сестра ми и внуците- прекрасно поминато време секогаш. Мајка ми и татко ми- понекогаш е пријатно понекогаш ме нервират.
Најпријатно се чувствувам во друштвото на домашните,тогаш сум максимално ослободена од секакви стресови Тука нормално е и дечко ми со кого никогаш немаме доволно време да се изнамуабетиме и изгушкаме А друштвото на најдобрата другарка е незаменливо,муабетите со неа траат бесконечно и никогаш не ни е доста
Пријатно се чувствувам кога сум во друштво помеѓу роднините(поблиските и подалечните со семејството)тоа се разбира.А за понатака, што и да ми се луѓето дали пријатели,колеги,познаници ако се позитивни и насмеани и ако зрачат со позитивна енергија јас како сама да се прилепувам до нив..Едноставно уживам да бидам опкружена со позитивни лица!
Во друштво на мама... Пооткачена жена на нејзини години немам сретнато.. Толку ми е пријатно кога сум со неа, се чувсствувам најбезбедно и можеме за се да си збориме... Исто пријатно ми е во друштво на најдобрата другарка и не дај Боже да сме малку расположени, страшни работи и смешки паѓаат.. Во оваа група е и дечко ми.. Едноставно со него ми е интересно, пријатно, можам да си кажам тоа што сакам.. Сакам позитивни луѓе и оние налик на мене.. Со такви можам да се разберам...
Најпријатно се чуствувам во присуство на мајка ми, татко ми, другарка ми, братучетка ми, кученцето хаха и секако со Феминките
Во своето. Кога сум сама со себе, си одмарам и од мисли и сум тотален аут, ништо не ми треба, само внатрешниот мир. Најпријатно ми е со момчето, зошто тотално се препуштам. Со другарките кога сме во mood, станува забавно, трачарски, и ми треба како доза, ама не секогаш. Со сестра ми, кога заедно шетаме, разговараме за заеднички ситуации дома.
Најчесто во друштво на другарките. Смеата, киксањето, трачарењето, потсевнувањето на туѓото однесување, гледањето филмови во тишина (со ретки кикотења), засрамувањата кои сме ги доживеале и уште мноооогу други нешта прават да се чувствувам пријатно коа сум со нив. Друштвото на дечко ми. Секогаш знае да ме насмее, опуштеноста во однесувањето, прегратките негови , јадењето како прасиња , превртувањето низ кревет, гледањето филмчиња, скокоткањето, кикотењето на глас и тн, ме исполнуваат најмогу, се чувствувам заштитено. Семејството ме прави многу среќна и секогаш ме поддржува, но доколку некој од нас имал напорен ден не е многу пријатно да седиме заедно. Но кога сите како Каменковци сме заедно секогаш ми е пријатно нивното друштво
Во друштво на пријатни и опуштени луѓе,без разлика дали се знам поодамна или сега сум ги запознала,ако се фини,пријатни и опуштени ептен кејф ќе ми праи да си седам со нив