Пријатно се чувствувам кога сум со моите родители,со роднините дефинитивно и со дечкото-накратко,со луѓе со кои имам слична душа,начин на размислување и кои прават да се чувствувам сакано,опуштено..
Во кругот на најблиското семејство, значи мајка ми, татко ми и сестра ми. Не морам три пати да размислам пред да направам или кажам нешто бидејќи ме познаваат во целост. После нив друштвото. Не било кое друштво, си имам круг на луѓе за кои знам дека што и да речам нема да бидам осудувана или гледана накриво, бидејќи горе-долу сме исти со мислењата.
во друштвото на дечкоми и во друштво со моите домашни незнам зашто ама овие од на дечкоми, многу ми се фини од прв ден коа се запознав со нив ме поштуваат ме чуваат ме пазат ми обрнуваат внимание..и они си имаат девојки и кон нив се однесуваме така..никогаш ниште не ми пререкле дури и дечкоми кога не е таму кога е заминат негде ќе ме викнат да поседиме се зезаме.. а во друштво на домашните ми е скогаш убаво пошо се мои што и да кажам како и да се понашам нивна сум ме сакаат .
Во друштво на семејството, најблиските пријатели и секако, дечко ми. Со него најпријатно и најслободно се чувствувам, веројатно зошто ги знае сите страни на мојот карактер, дури и оние кои ни домашните не ги знаат, па пред него можам да бидам 100% своја.
Во друштвото на семејството и пријателите, тоа се луѓе со кои ги споделувам сите успеси и падови, секогаш добивам огромна поддршка и совети за што и да ми треба, знаат да ме насмеат и поради тоа нивното друштво најмногу ми годи
Со најблиските 4 особи ми е најпријатно и најкомотно во секое време, доволно добро ме знаат, така да нема потреба од докажување, со нив сум си тоа што сум и најопуштено
Со најблиските дефинитивно. Било да се другарки, роднини, родители, тие што знам дека ме сакаат највише.
Во друштво на дечко ми и неговите домашни се чувствувам пријатно, дури попријатно од дома. Тие се едно толку сложно семејство, сите се залагаат еден за друг, што кога сум им на гости сета таа позитивност се префрла на мене и ептен пријатно се чувствувам.
Со мајка ми ако се рачуна во друштво,и со моите три најдобри другарки.Со нив си збориме најопуштено,си се чувствуваме убаво меѓусебно И со еден другар ама само еден,другите сите ќе седнеш со нив и неможеш нормален муабет да напраиш,се перверзњаци.Овој си е баш фин дечко,добар другар ми е.
Со сите најблиски, и со пријателите. И со дечко ми, се разбира. Обично пред непознати не се експонирам толку.