На сите ви е најкомотни и најпријатно во тренерки и пижами што значи во покомотна гардероба, а кога ќе излезете се стегате во фармерки во кои неможете да се почешате, па природно се наметнува прашањето дали на улица не ви е битен вашиот комодитет? Јас најудобро се чувствувам кога сум гола бидејки тоа е она природното бидејки така телото се чувствуа најкомотно, сите знаеме дека облеката е нешто што му е наметнато на човекот. Затоа сонувам еден ден да имам сопствен стан и да живеам сама, за да можам да си уживам во сопствениот комодитет. Инаку некако одговориве ми се унифицирани па сите пишувате едно те исто. Зошто не кликнете само лајк на првиот што одговорил како вас и така не поштедите и нас од читње на едно те исто а и вас од пишување?
@Strumka22 полесно ќе ти било да се изјасниш во што се чувствуваш најкомотно, мислам толку филозофирање за нешто што може да се смести во два збора преку сила реченица. И на крајот на краиштата сепак прашање на вкус е кој во што се чувствува најкомотно, а тебе ако најудобно ти е гола слободно шетај си кога имаш прилика, еве ти посакувам што поскоро да ти се исполни желбата за сопствен стан за да можеш да си уживаш во сопствениот комодитет. И јас да се изјаснам... во пижами кога сум дома, а за шетање во шорцеви и маичка, а во последно време најчесто во капри панталони и памучна маичка со еспадрили или патики.