Тесни фармерки сите се чудат ама таква сум.. не ми е комотно да сум во нешто широко.. сакам стегнато и крај
кога сум дома и кога никој не ми доаѓа на гости најубаво ми е со пижами ама тоа обично за викенд а за преку недела најубаво односно најкомотно ми е со тренерки или пак хеланки и некоја туника.
Ништо покомотно од тренерки или хеланки. Секогаш по дома така сум облечена. Не можам да ги разберам тие што по дома носат тесни фармерки. Тренерки и блузи од пријатен материјал, најчесто памучни ми се незаменливи кога сум дома. Тоа ми е време за опуштање, не сакам да бидам стегната во нешто што ми пречи и не ми дозволува да се чувствувам комотно и опуштено.