1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во јавност ви врти глава, се прави дека не ве гледа...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од girl.23, 29 декември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ако насловов не одговара, менете го

    Ако некој во јавност два пати ми сврти глава, третиот пат јас му вртам.
    Ме нервираат луѓе кои се прават како да не ве забележуваат или очекуваат вие први да им прозборите, први да им речете здраво.

    Ова за мене, не важи за најблиските личности, повеќе за подалечни роднини, познајници, стари школски пријатели, комшии...

    Јас не можам никому да му завртам глава, а очигледно е дека се гледаме на патот.
    За мене тоа е одраз на некултура. (Освен во случаи кога некој не ве обожава па намерно го прави тоа)

    Што мислите вие за луѓето кои ви вртат глава?
    Дали вие го правите тоа, кому и зошто?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Според мене, насловот би бил попривлечен ако е „Јавно игнорирање“. Не знам дали има таква тема.

    Ама еве, да си кажам, до сега никој не ми завртел глава, се надевам нема ни отсега.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Аххххххххххххххх :@
    нејчам да помислам на тоа
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Глупаво е. Уште поглупаво ми е кога со некој до вчера си се поздравувал, а од денес ќе ја врти главата намерно, за да не каже здраво. Па мајка му стара, нема да ти се искрши јазикот ако кажеш едно здраво. А мразам и такви што чекаат се ти прва да ги поздравиш. Пробај еднаш не им викај ни тие нема да ти речат |( е таквите испозанесени повеќе ме нервираат.
    Мене ми се случуваше ова со девојката на цимерот на дечко ми. Сме биле на излегување заедно, во соба кај дечковците сме се затекнувале, од почетокот кај ќе се видевме си кажувавме здраво, за после да почне да ја врти главата. Му велам на дечко ми, за безобразнава, јас сум покултурна од неа, да ме погледне во очи нема да чекам таа да ме поздрави, јас прва ќе кажам. Ама дотичната намерно ја врти главата. Смрдла некоја. Секако дека и јас почнав да ја игнорирам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Јас па пукнав за нивното Здраво, нека вртат и глави и газови ако сакаат. :D
     
    На Lolo5, blady, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ова можам да го наречам само одраз на една (не)култура.
    Не дека ми е од важност тоа што некој ќе ми рече здраво но неможам да разберам луѓе кои до вчера седеле со вас во иста клупа, сте излегувале заедно, сте делеле скоро се или пак сте во роднински врски да се прават дека не ве познаваат.
    За таквите автоматски станувам недостапна кога ќе побараат нешто...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.054
    Допаѓања:
    76.055
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека личноста ни те почитува, ни те сака. Штом не сака да ти каже Здраво, остави ја нека си тера. Многу ми е глупаво кога некој се врти накај мене и кога јас прва ќе прозборам вика - Ееј, не те видов. Да, сигурно не ме виде, низ мене гледаше. Епа и тие сега се провидни за мене.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    (y)(y)(y)(y) :P:P така си е тоа така и јас така велам браво за ова
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Кој ми врти глава и јас му вртам,не ќе одам да го молам аман речи ми здраво:x
     
    На Lolo5 и 2212 им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.748
    Допаѓања:
    32.115
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено школски од основно да не ми речат здраво. Ќе поминат покрај мене и се прават како да не ме познаваат. Не се замарам со такви.

    Случкава е од пред 8 години. Чекам автобус кај мене во населба. Требаше да одам на гости кај другарка. Бев сама на автобуската. Доаѓа една комшика со која што се дружев како мала, ама кога и да се видевме си викавме здраво. Таа вечер ја видов после долго време. И викам здраво, а таа ми вика - јас тебе не те познавам. Каде живееш? Јас и викам - во таа зграда. Она ми заврте глава. Јас не се навредив, ама се зачудив до каде може да оди некултурата на луѓето. Што е толку тешко да се каже некому здраво. Устата сигурно нема да се исуши. Оттогаш се правам како да не ја познавам дотичната.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Можам да повлечам паралела помеѓу мене и дечко ми - него никогаш не му вртат глава, мене да.
    Сепак немам и што да се жалам, основно и голем дел од средно бев антисоцијално животно, повлечено максимално додека тој се дружеше ама баш со сите. Јас глава не вртам, ама ако видам дека ми вртиш или дека не си ме забележал шансите да викнам по тебе се ... мали. Од причини шо се плашам дека ќе изгледам глупаво. Знам дека нема да изгледам глупаво ама тогаш како грутка в грло ми стој, што би било ако би било ситуација. А се ми останва како извесен страв од порано, уште не сум опуштена во група луѓе особено ако некој не ми е близок. Ако ми е близок и ако сум опуштена околу него па и на сред корзо да сме ќе ти сконам на грб и ќе те гушкам, ако не сме толку блиски имам извесен страв и срам и сум стегната и неопуштена и ако ти гледаш на излог абе ќе забавам дур заминиш зошто ми е срам и страв да се видиме. Не знам оти. Едноставно знам како е исправно ама ко ќе стигнам во ситуација секогаш е едно исто.
    Имам еден другар живај во населбата кај дм, и еднаш одеше пред нас и му прам „еј еве го овај и овај, де викни му“ и онака ме гледа под око и вика ај шо ќе прај |( :rofl: :rofl: зошто мене изгледа устата ќе ми се исушеше :x (facepalm)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Ми се случило некоја личност што ја немам видено многу долг период, дури и да не сум сигурна дали е навистина таа личност, па сум резервирана додека да се уверам дали сум се препознала или не. Инаку, не се сеќавам некој да се направил дека не ме гледа.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Кога не носев наочари, ни леќи, а не глеав на далеку, по улица луѓе мислеа ги игнорирав...:tmi::tmi:

    Е сеа, еднаш може да се случи да не приметиш некој. Ама 2-3 пати веќе не може...значи намерно е игнорирањето.