Секоја сабота/недела пишувајте, што ви оставило впечаток во текот на изминатата недела. Небитно дали е нешто од вашиот живот, настани и новости во македонија и пошироко....општо,било што. Денес е понеделник, но ете можеме да пишеме за изминатава недела. Мене впечаток на неделата ми беше Концертот на 08.09.2012
Мене ми остави впечаток болеста на мојот мачор доби пневмонија.Но сега е подобар уште малку и пак ке биде во топ форма...душа моја малечка
Кавгата со дечко ми ме замисли околу тоа кој е кој и што е што во врскава. Јас сум инаетчиката а тој е оној кој спасува ситуација бидејќи тој е оној кој повеќе сака.
Одев во близина на Гинимале во Битолава...и така одејќи свртив поглед кон нашата прекрасна најубаво пловна река по која рибите си го живеат својот кралски живот и водата си тече низ огромните оази и острови какви што нема никаде на ниедна река на планетава,а и по која камењата си стрчат како споменици така прекрасно креирани од мајката природа....се вооддушевив од глеткава на реката Драгор и си реков ова мора да се впечати со една-две фотографии.Значи,дами и господа,впечатокот на неделата...Немојте премногу да се изненадувате на убавината,онесвестувачко еколошки така... (малку се матни сликите,ама матна е и судбината на рекава...no comment)
Впечатокот е негативен. Излегувам на тераса и гледам надолу, што да видам: студентите (седам во студентски дом) фрлале шишиња, кесички од смоки, леб, хартија итн. Абе дали ова има смисла? Некои студенти не заслужуваат ништо Грујо да им обезбеди туку во штала да ги пикне. Од каде се тие дојдени, како се воспитани, како се однесуваат дома или на одмор? Навистина не знам што да кажам, стварно сум разочарана и згрозена. Толку ли е тешко во канта да го фрлиш ѓубрето? Па јас едно мало ливче да е не го фрлам, ако нема канта или контејнер со мене го носам додека најдам. Толку е тешко? Ама не, не е до тешкото, до совеста и осетот е.
Неделава ми беше работна, исполнета со промени, и запознавање нови пријатели. Марко,Ванчо,Наташа, Кате,она непознатото другарче со кое не си разменивме фејс... да не го заборавам стариот пријател кој се повеќе се осеќа немирен околу мене.Тоа е тоа пријателе... тука сум јас секогаш и ќе бидам оној истиот. Чувството кога ќе помогнеш на некој кој ти го побарал тоа, не треба ништо за возврат, ако имам време ќе дојдам на слава, да ставиш од мезето. Фала на услугата Влатко, сепак Сузе беше таа што покрена се. Стара, добра кола која е научена да трпи, изгребана однадвор полна со енергија одвнатре... И моите гооолеми пријатели кои не знаат да зборуваат а ми кажуваат се.