1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во Алкалоид

Дискусија во 'Барање работа' започната од Marmarijamar, 24 април 2016.

  1. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    8.924
    А зошто тие се уште се таму ако со таа плата не се рани фамилија? Јас некогаш не им верувам на ваквите и може намерно даваат негативни коментари, само за да не влезете во истата фирма.
     
    На SummerGirl и Farmacevtka95 им се допаѓа ова.
  2. Alex.Max

    Alex.Max Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Во колку смени се работи во производство? И колку е плата да не имате инфо? Има ли превоз и кујна или исплаќаат пари за тоа од Алкалоид? Споделете ваши искуства ? И зошто вработувањата им се преку некоја Агенција а не директно од нив? Поздрав
     
  3. Farmacevtka95

    Farmacevtka95 Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    На веб страната на Алкалоид пишува дека се работи во две смени плата почетна од 25 000-35 000 за фармацевти,интервјуата ги вршат сами колку што сум информирана а хранарина искрено не знам
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Во три смени работат производство. Платата не знам, зависи од стаж/работа во празник/ноќна смена итн. За нововработени не би рекла дека е повисока од 20000. Имаат кујна, а за превоз колку што знам немаат.

    Не е лично искуство ова, од тоа што имам слушано од вработени таму.
     
  5. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Има и без врски. Тие што работеле во Џонсон Мети хемиски инежнери, знам многу што влегоа. Дефицитарни се, со искуство, разбирливо е
     
  6. T.G.

    T.G. Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Znae li nekoj dali razlikata od devidenda pustaat na site bez razlika dali se preku motivi ili ne?
     
  7. TOKI SMOKI

    TOKI SMOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали повторно си се јавил за да прашаш,дали праат интервјуа.
     
  8. Garix

    Garix Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Незнам како може некои членови да пишуваат дека од платата неможе да се рани фамилија кога не ни провериле официјални податоци. Според алкалоид во октомври 2019 година потврдено е дека просечната нето плата за вработен изнесува 46686 денари.

    https://emagazin.mk/prosechnata-neto-plata-vo-alkaloid-za-septemvri-iznesuva-46-686-denari/

    Минатата година имаат 218 нови вработени, немора да се тешите самите себе дека само поради тоа што не ве примилие мора да имате врски за да влезете. Точно е дека ако имате врски ќе имате одредена предност, но не се сите вработени влезени со врски.

    https://faktor.mk/alkaloid-so-rast-na-dobivkata-vo-2019
     
    Последна измена: 24 јуни 2020
    На Priroden и marija305 им се допаѓа ова.
  9. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Производство работи во три смени, освен ампулно и масно мислам дека таму ретко имаат трета смена.
    Ако се вработиш преку агенција ќе земаш основна минимална плата (мислам, ама не сум сигурна дека плус ќе добиваш за работа во смени, празници и недела) и не добиваш бонуси, 13та плата и К15 како останатите вработени.
    Менза има во локалитет Автокоманда, во останатите не ама ним им плаќаат по 4 илјади додатно за храна. Превоз нема.
     
    На Garix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Просечната плата излегува толкава кога ќе се земат во предвид платите на шефови, координатори и директори која знае да достигне неколку илјади евра, ама такви се многу малку. На останатите 90% вработени со високо образование платата најчесто не надминува над 35 илјади денари, а на тие со средно помалку.
    За вработувањата дека се без врски се согласувам :)
     
    На ThePharmacist му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Garix

    Garix Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Стварно сметам дека ни треба малце повеќе применета математика во животот. Еве ќе ти дадам пример.

    Според линкот што го имав поставено може да се види дека во алкалоид на крајот на 2019 имало 1650 вработени. Тие "директори и координати кои се многу малки и зимаат плата по неколку илјади евра" (твои зборови) да претпоставиме дека се 50 лица со плата од по 3000 евра (знаеме дека претерувам во бројкиве и се далеку помалку лица со толкава плата). Од ова следи

    Алкалоид месечно за плати троши: 1650(вработени) * 46500(мкд плата) = 76.725.000 мкд
    Платата што ја зимаат тие директори/координатори: 50(директори) * 180.000(мкд плата) = 9.000.000 мкд
    Значи Алкалоид месечно за плати на 1600 вработените кога ќе ги изземеме тие 50 директорите троши:
    76.725.000мкд - 9.000.000мкд = 67.725.000 мкд
    Кога ќе се направи просек 67.725.000мкд/1600(вработени) = 42.300мкд

    Што значи пак просечната плата ти изнесува над 42.000мкд дури и кога претерувам со бројките дека дури 50 лица вработени таму зимаат плата од 3000евра.
    Незнам зошто толку се трудите да ја оцрните единствената македонска фирма која што дава толкави просечни плати која што е во целосна македонска соптвеност со која треба да се гордееме а не да ја плукаме на форуми.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Garix

    Garix Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Дури и ако земеме дека 10% од фирмата односно 160 лица имаат плата од по 2000евра следува дека за нив фирмата троши вкупно 160 * 120.000 = 19.200.000мкд
    76.725.000 - 19.200.000 = 57.525.000мкд
    Преостанати вработени: 1650 - 160 = 1490 лица
    57.525.000мкд / 1490 = 38.600мкд

    Дури и со вакви невозможно бројки дека 10% од фирмата односно секој десетти во алкалоид има 2000евра плата пак во просек излегува дека секој останат вработен (и со средно и со факултет) во просек има плата од 38.600 денари што е 50% над просекот во држава и не е воопшто за потценување. А вите самите проценети се дали со таа плата може да се рани фамилија (како што имаше напишано некој погоре).

    Можеби причината поради која што тие што се жалат за ниска плата на форумов имаат ниска плата е иста со фактот што им е многу полесно да земат да плукаат по фирмите поради тоа што слушнале некои фејк информации од рекла казала извори отколку да ги најдат фактите кои што се лесно достапни на интернет.
     
    Последна измена: 3 јули 2020
  13. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    За во производство со факултет бараат или?
     
  14. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Веројатно со врски.
     
    На Just.do.it и Lima24 им се допаѓа ова.
  15. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Во Алкалоид работиш? :)
    Како заклучи дека изворите ми се од рекла казала?
    Просечната плата во Македонија за месец април 2020 изнесува 26.422 денари. Од кај најде 50% над просекот со 38.600? Може и нема 50 луѓе шо земаат 3000 евра ама има десетици шо земаат по 1000 и 1500, а грото како што кажав земаат околу 500-550 евра, со мали шанси за понатамошни унапредувања и покачувања. Не знам, еве може јас грешам ама според мене плата од 32.000 денари за магистер по фармација или хемиски инжињер со магистратури и со искуство од 3-4 години е малку.

    @Lima24 @tina2018 вработувањата не се со врски.
     
    На Ambitious, ThePharmacist, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски

    Јас прашав само дали со средно или со факултет вработуваат. Одговор не добив.
     
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Пред две години кога решив да паузирам година дена поради тоа што не планирав да се запишам одма на факултет, праќав CV на разни места. Од една агенција ме викнаа на интервју за работа во Алкалоид. Платата што ја понудија за работа во оддел на козметика, изнесуваше околу 18 илјади. Тука спаѓаше и храна, превоз, нешто за агенцијата ако не се лажам и пари ко пари беа 15 и нешто.
    Така да и од други што имам чуено, плата над 20 илјади без факултет и долгогодишно искуство потешко се зима.
     
  18. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Ако си преку агенција пониска е, а ако си директно преку Алкалоид и над 20 илјади ќе стигнеш.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Мислам дека тој мислеше на просечната во Алкалоид.
     
  20. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Бараат и со средно и со факултет. Во производство повеќе има со средно.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.