1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Види брат, Скопје нуди повеќе можност од помалите места и нормално дека ке идат луѓето да се преселуваат.
     
    На Notorious-B му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Мислам нормалните и едуцираните луѓе кои живеат во 21-ви век си гледаат да се изборат и да заработат преку своите квалитети и способности, а баш им е гајле кој од каде е и каде тргнале. Секој си ја брка својата работа и си има различни амбиции.

    Луѓе кои се заглавени во петти век, се уште си се делат меѓусебно на Скопјани и 'провинцијалци'. Колку заостанато звучи и само напишано.

    Секој има право да се пресели и да работи каде сака. Светот оди напред, луѓето живеат како умеат, а само во Македонија, под запалена свеќа, седнале двајца и уште го теглат преценувањето на Скопје.
     
    На baguf4e, Melodie, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Машки
    Ниту е на мајка ми, уште помалцд па на мајка ти.
    Ако ти не си го чувствуваш градот во кој си родена како свој, тоа си е твој проблем. Јас сум роден и сум пораснал во Скопје и и те како си го осеќам како мој.
    Општа култура е исто и кога ќе отидеш кај некој на гости да се адаптираш на неговите правила и услови. Исто така е и во Скопје, вие доаѓате да живеете во него и вие ќе се прилагодите на него и на скопјаните, а не обратно.

    Го кажав и јас истото де и логично е да секој кој е амбициозен да си се бори за подобро, не гледам јас ништо лошо во тоа.
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2019
    На Girly90, Ана на мама и Deni87 им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не е твoј, без рaзликa кoлку си ти зaљубен вo негo.
     
    На Oxymoron, DAngel, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Дали некој работи како фармацевтски техничар во аптека во Скопје? Од друг град?
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Епа некаде нема да е така. Не се сите исти.
     
  7. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Машки
    Уште помалку па е твој.
    Јас си го осеќам како свој и ниту ти или некој друг може да ми каже како ќе си ги доживувам и чувствувам работите.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Oк, тoгaш Рим е мoј. Првa си рекoв.
     
    На SexiLy, Oxymoron, KateKane и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Notorious-B Примерот за општа култура, па ти кога ќе отидеш на гости во нечија куќа би било слично со турист.
    А кога ќе се преселиш во нова куќа, е исто кога одиш во друг град да живееш. А во новата куќа едноставно гледаш да си ја тераш својата работа, не полагаш сметка никому.

    Се согласувам со Бриџит, градот е дел од државата, а не нечиј. Во ред е, си го сакаш, си израснал таму и продолжи си, таа љубов никој нема да ти ја одземе.

    Но, сувишно е преценувањето и судењето што и како. Сите се луѓе, а културата и манирите доаѓаат индивидуално, а не врз основа на потеклото, па да зборуваш во смисла луѓето од страна морале да се адаптираат на луѓето во Скопје, бидејќи им влегуваат дома, во нивното кралство. Нонсенс :D
     
    На Oxymoron, KateKane, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Не е за работа само. За многу други работи, како да си им одзел ...
    Од лично искуство.
     
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе те разочарам ама тоа нема врска со родниот град. Тоа им врска со простотилак. Жал ми е ако си очекувал поубаво добредојде а очигледно не си го добил, но еве, нека ти е за утеха, не е низ цел град така.
     
  12. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Машки
    Или не читаш убаво или не сакаш да сфатиш шо кажувам.
    Си го осеќам како свој, затоа што тука сум роден и пораснат, а не е мојс сопственост за да кажам дека е мој, како ти шо кажа за Рим.
     
  13. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Јас ич не сум разочаран ниту пак сум очекувал нешто. Само кажувам колку се мизерни тие што сметаат како Скопје да им припаѓа нив.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Да, знам три вакви случаи, зошто?
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас сакам таму бидејки живеам во мал град и нема доволно работа а и одалечено ми е а нејкам по конфекции да работам бидејки за тоа завршив и знам како се работи.. :D
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Јас сум роден во Скопје, но секој град во Македонија си го осеќам како роден град, луѓе не е битно кај си роден во кој град, битно е тоа што живееме во Македонија, и јас сакам секој град во Македонија да биде развиен како Скопје, возможно е, само треба да се самомотивира државата да ги развива сите градови, најпрво треба да се започне со унапредување на железничката инфраструктура, и цела држава да биде инфраструктурно поврзана (железница, модерни автопати) за да може од Битола, Гевгелија, Струмица да се стига за час и пол, да има секој час директен превоз (експрес возови, автобуси) итн. цела држава секој град да е поврзан за да може некој што живее во Штип да работи во Скопје, afterwork да пие кафе во Велес и после да се врати во Штип, превозот треба да биде бесплатен или симболичен, сакаме ЕУ, ова фунционира во ЕУ, луѓе патуваат по 100км до работа во европските држави :)
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Јас кога аплицирав за факс, бев решена да влезам во државна квота на финансии на Уким и не ме примија (иако имав 9.3 просек и бев 4та на ред за влез а не бев запознаена дека може трансфер од смер у смер) и другарка ми вика па аплицирај на економски у штип. Молам? Да плаќам кирии таму а имам тука? Не прифатив. Ок, ајде другите биле попаметни од мене.
    Втора ситуација, одам на интервју, влагаме јас, кумановка и штипјанка. Директоров ми вика ќе им дадам предност на провинцијалкиве (пред нив) тие ни се помалку прифатени во Скопје. Ја ваква:|. И на интервју мене ради реда ме праша два збора, нив цели книги. Не разбрав нишо. Ок.
    Другарка од Прилеп се вработува во една мн јака фирма. Се супер, девојчево си е препаметно, си заслужи и висока позиција. Праиме муабет и ми вика уфф ич не ви го сакам Скопјево, многу загадено, мн се лоши луѓето, улиците. Прилеп ко че си појдам ептен ми е фино.
    И викам Не само да си појдИш, него и да си останИш В Прилеп и никад да не се вратиш у гадново Скопје, него убаво ти е местенцево овде, зарем во Скопје нема девојка висококвалификувана како тебе што одма ќе те замени и што нема да плука по лебот?! И се смее. А не беше смешно.
    Не е битно од кај си, ама не плукај по лебот. Ако ти чинело у местенцето шо не си останал таму, него ни ваму-ни таму. Таму мали плати,немало работа не знам шо, ама вваму улициве не чинеле, луѓето не чинеле. Ако не ти чини иди врати се од кај што си дошол и пиј нес за 40 наместо за 100ден, никој нема да ти се налути. Ама не плукај!
    И ние од Скопје си бараме среќа на други места,други држави, тоа е нормално. И небитно дали од Скопје или од градовите. Ја не знам некој да отишол у Њујорк и да се жали на времето,на улиците, на луѓето. И ние Скопјани сме провинција за нив. И шо, леле ова Америкава ич не чини, само работа-дома-работа-дома се едно исто, седи си у МК поарно, бар живот има. Е ако ти е поарно братче тука, ела си ти, а не таму си лапаш парички шо овде можеш да ги сањаш месечно и само се жалиш. Ако не ти чини у Америката, Германијата и било каде врати си се у Мк или Ск или внатрешноста и седи си ко мисир на клупа, има некој шо со душа те чека да се вратиш за да ти го лапне местото.
    Не за џабе рекле, нема и јаре и паре
     
    На mssuniquee, candy.cane, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Машки
    Секоја чест.
    Баш убаво кажа, ем не им чини, ем се потепаа да живеат тука.
     
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    10.423
    Пол:
    Женски
    Исто и овие што издаваат станови под кирија да не плукаат по провинцијалци. :)
     
    На senza.parole, eliesaab, hellocity и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Notorious-B Исто како луѓе, што од мака одат било каде. Пр. како што познавам луѓе што отишле во Германија за леб, ама не им се допаѓа средината. Да, и на тоа имаат право и да, и тоа е возможно. Заработувачката е висока, ама не им било дома. И тоа е сосема во ред.
    Германците сигурно не се потресуваат оти некој рекол дека некој германски град не чини, како што тука многу при срце си ги земате работите :D
    Ако во животот ти се погодило да се родиш и да успееш во исто место, едноставно не се замарај за повеќето што немале таква среќа, а и едноставно некој ете сака да живее во друг град, друга држава и тоа е негово право :)
     
    На Oxymoron, Miss666, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.