1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Можеби го рекол тоа за да ја види твојата реакција и ставот кој ти го имаш кон колегите од другите градови. А бројот на прашања кои ви ги поставил можеби зависел од она што го видел во CV-то на секоја од вас и според напишаното кој највеќе му оставил впечаток.

    А што требала да рече? Дека воздухов е прекрасен, дека не се гушиме секоја зима и едвај чекаме да распролети па малку полесно да се диши, дека улиците се супер со возилата паркирани на тротоар а луѓето се движат по улицата, дека автобускиот сообраќај е одличен и покрај гужвите и нехигиената на луѓето? Девојчето само си било реално, а ти ако живееш во некое Скопје од некој паралелен универзум и ти е преубаво тогаш имаш право да го фалиш, исто како што таа има право да се жали на истото.
    Не знам како да ви објасни човек дека градов не е ваш иако сте се родиле и сте израснале во него.
    Сите имаат право на него исто колку и тебе и секој друг скопјанец, и за критика и за пофалби.
    И морам да те прашам, што е толку глупаво во туѓите дијалекти што си го нагласила секое можно зборче на прилепски?
     
    На Mazegin, baguf4e, GirlLove и 12 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Зошто за маните на Скопје смеат да зборат само Скопјани, зошто истите критики кажани од 'провинцијалци' ви тежат повеќе и ви параат очи толку, и одма преминувате со напад и омаловажувања само за да се дискредитира таквото мислење кое е чисто објективно.
     
    На Celltica, senza.parole, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да можеше градот од кој што сум дошла да ми даде работа на струка и ја истата плата како Скопје (или 100-200 евра помала, дури) ни ден немаше да "ви седам во градот".
    Сообраќајот е за никаде, мислат Господ го фатиле за муда. Возат на црвено, не пропуштаат пешаци, смрди, загадено е, нема точки од јавен интерес, да прошеташ, да седнеш во паркче, да прочиташ книга надвор. Сѐ тоа треба по план да ти е. Нема спонтаност, нема ништо што би ти го подобрило квалитетот на живот. Одвратен град е, смрдлив и едвај чекам да го напуштам. Фала многу, пријатно.
     
    На Celltica, senza.parole, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Воопшто не реков дека е глупав дијалектот. Само да го доловам моментот дека и враќам на дијалект на кој што таа ми се обрати. И не, не го осеќам Скопје дека е баш мое па сеа мора да го бранам од "дојденците". Јас убаво си кажав у постот. Ако ти чини, седи си, ако не бегај врати си се во помалите градови ама до толку злоба за Скопје од кај што леб вадиш тоа не разбирам. Никој не тера никого да работи тука. Тука работиш за да просперираш. Исто како и ние што просперираме надвор. Или не просперираме. Исто како дијаспората која отиде у Австралија, Америка и вика седи си таму тука е лошо (дочитај ми го првиот пост). Не им чини ама седат. Епа нека се вратат овде за 10000 да работат. Исто како што на никој освен Скопјани не му чини Скопје. Ама пак сите се тука. Немам ништо против никого да се разбереме, ама ако не ти чини врати се од кај шо си дошла. Ја сум од Скопје па сакам надвор од Мк. Ако ми чини тамошниот живот ќе идам. Јас лично против живот во Македонија имам која не овозможува удобен живот ама пак не си плукам на својата земја и за мене секогаш ќе биде Македонија, ни северна, ни западна, ни јужна. Е тука е разликата
     
    На SummerGirl, Forca и Notorious-B им се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Па на нив не им го подарува лебот Скопје, сами си го заработуваат. Прашај ги колку тежок пат изминуваат додека да стигнат да се вработат тука, ама не, полесно е да се осудува. И го имаат секое право да критикуваат, затоа што за она за кое можеби ти си имала поддршка и помош од родители (не зборувам за вработувањето, туку општо за животот и самостојното живеење тука), тие морале сами да го минуваат па верувај многу повеќе од тебе ги почувствувале недостатоците на градот.

    Тие од Австралија и Америка можат колку сакаат да го критикуваат животот таму сѐ додека не ми се мешаат во моите одлуки и мојот живот. Ете на пример, кажи ми како тебе ти влијаат тие зборови од другарка ти на твојот живот конкретно? Ти диктира како да живееш или што?

    Е чекај сега, тука велиш дека тебе ти чини Скопје, а ваму кажуваш дека сакаш да се отселиш. Нешто не ми е јасна логикава. Всушност заклучокот би бил дека и тебе ти пречат некои нешта во градот, само што ти не ги кажуваш. Разликата помеѓу тебе и другарка ти е во тоа што таа е искрена, а ти премолчуваш.
    Само тоа.
     
    Последна измена: 31 март 2019
    На Miss666, Animali и Oxymoron им се допаѓа ова.
  6. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Ама јас бре девојко не си плукам по родното место, земјата, градот.
    И претходно ти реков, немам ништо против никого се додека некој не ти плука по твоето. Па секој си го чувствува неговиот роден град за најблизок. Јас можам да плукам по Струмица, Тетово, Охрид и кога ќе ми се нафрлат Стумичани, Тетовчани, Охриѓани... партали :) ама не плукам по ниту еден град, ниту имам против тоа некој да работи у Скопје.
    А што се однесува до бољи живот нормално, секој си тежнее за тоа. Јас ниту еднаш не реков дека Скопје е нај нај град у се. Нормално си има недостатоци и нормално сите си идат тука за подобро или сите си идат од тука за подобро. Јас се нервирам кога Скопје го претставуваат како дно дна а останатите градови како рај на светот али ете уште да ми кажат по несреќен случај завршивме овде. Е за тоа јас го дадов примерот со другарка ми од прилеп. А генерално Македонија не нуди услови за удобен живот и зад тоа си стојам и тоа се други теми ама никогаш не сум рекла ти е..м македонијава, скопјево, кај се родив, кај се запустив. Тоа си се други теми, други муабети, јас си го бранам Скопје од погрдни зборови ,зошто тоа е градот во кој сум растена и тоа е тоа. Ди енд
     
    На tina2018 и Forca им се допаѓа ова.
  7. Dynamite

    Dynamite Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум од Струмица и моментално живеам во Скопје со вереникот кој инаку е скопјанец и цел живот живее тука. Имам завршено Филолошки-дипломиран професор по италијански (со добар просек) и овластен судски преведувач. Имам пратено преку 20 цв на разни приватни училишта и агенции за преведување и ништо. Убедена сум дека е поради тоа што во цв-то ми пишува Струмица и пошто имам завршено на УГД. Мислам дека воопшто и не ми го разгледуваат цв-то заради тоа. Во последно време почнав да праќам на огласи за продавачи или нешто сл. И од таму слаби одговори иако имам искуство и како продавач. Што да правам јас кога вереникот живее во Скопје? Морам и јас тука и сега како да најдам јас некоја нормална работа? :)
     
  8. Dynamite

    Dynamite Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    И да, нормално дека луѓе од провинција ќе сакаат да работат и живеат во Скопје кога е чиста мизерија во внатрешноста на Македонија. Не се виновни провинцијалците, виновна е државата.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    И јас не сум родена во Скопје, па еве пола од местата каде што аплицирав ме викнаа на интервју. Личната карта ти е со адреса во Скопје или Струмица?
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dynamite

    Dynamite Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Струмица. Јас праќам цв и на училишта кои немаат ставено огласи, поточно им нудам соработа чисто да ме имаат во предвид ако некогаш им треба. Ама воопшто не ми одговаарат н меиловите
     
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Е па добро, не очекувај да те викнат на интервју ако немаат потреба од кадар. И подобро е ако живееш во Скопје да си ја смениш личната карта.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dynamite

    Dynamite Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Сум аплицирала и на огласи па не ме удостоиле ни со повратен одговор а не пак да ме викнат на интервју.
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Ако ти се само за во образование апликациите, навистина потешко враќаат оти знаеме како функционира вработувањето таму. А за на други места би требало да се јавуваат. И мене почесто ми се јавуваат за пониските позиции кога аплицирам, а по струка малку послабо.
     
  14. Dynamite

    Dynamite Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    почнав пред некое време да аплицирам на огласи од страниве за вработување. Имам пратено 3/4 огласи без одговор па ќе видиме како ќе биде понатака. Инаку свесна сум дека и за мојата струка има мн мала побарувачка но убедена сум дека и тоа што го пишав погоре има големо влијание.
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Толку глупости се изначитав во темата. Како може бе кој каде живее таму и да се вработи?
    Од каде постојат такви правила?!
    И ако веќе скопјани имаат предност во Скопје нека нагласат работодавците во огласот.
    И уште нешто ако е така како што пишувате кој каде живее таму и да работи тогаш и не треба да идат во странство за работа, оти нели кој каде живее таму треба и да работи.

    Свашта...
    Глупости.
     
    На Gaga.sk и Miss666 им се допаѓа ова.
  16. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    5.947
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство луѓето од другите градови имаат предност при вработување во Скопје. Нормално тоа никој не ти го кажува, но зар мора се да се каже. Никој не води сметка за Скопјаните кои поради тоа што Скопје стана претесно остануваат без работа, а другите градови се запустуваат. Со текот на времето ќе станеме социјални случаи. 15 години барам работа, работам се што ќе ми се понуди инаку со високо образование сум и со висок просек. Ама ете сега нема ништо само одбивање на интервјуа. Зошто? Зошто во Скопје се скоро сите.
     
    На elimkd, marija305, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Зошто?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    5.947
    Пол:
    Женски
    Па има некоја математика тука.... Според мене барем нели ќе земат кредит, ќе купат станче, ќе купат кола, ќе седат некаде под кирија... Друга корист не гледам. Сум работела физичка работа во многу фирми, колективот збир од сите градови, кога ќе треба некој да се избрка од работа прва јас. Неможе да сум секаде најлоша неможе да сум неспособна за работа на некој шалтер или слично. Имам и други примери за такви Скопјанки што се без работа не сум само јас. Да не беше толку тесно во Скопјево ќе имаше да се бира работа. А не на 37 години пари за леб да ми дава пензионер со 10 илјади пензија.
     
    На boomsleng, tina2018 и Hoping им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.580
    У право си. Ај да направиме една он лајн петиција да не ги вработуваат веќе.

    Дали и работодавачите провинцијалци да си одат не знам...

    И дали мислиш само на женските или и мажите од провинција исто? Јас мислам само жените.
     
    На Celltica, DAngel, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  20. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    5.947
    Пол:
    Женски
    Генерално зборам без разлика мажи жени.
    А фирмите нема потреба да си одат. Ако веќе одлучиле да инвестираат во Скопје...
    И пред се поентата ми е дека во ништо не треба да се претерува. А во Скопјево се претера во многу работи..
     
    Последна измена: 14 април 2021
    На SuperGirl24 и Hoping им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.