1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Интересен е моментот колку Скопјаните се всушност Скопјани. :!: Денес и Драчево е Скопје, а колегите од Куманово побрзо стигаа на факултет.
     
    На ennaz и Mishela им се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Побрзо стигаат зошто возат по автопат и не мора да чекаат на 100 семафори.
     
    На GirlLove, cresa-jagoda, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека се сите исти :) туку само какво искуство имам на работа досега, секаде буквално.
    Си доаѓаат тие дома секој слободен ден, не само на празници, ама ете за секој празник пак иста приказна...мене никогаш не ми било проблем да заменам некој и да испаднам човек затоа што ќе ми затреба и мене нели нормално. Сум работела и по цел месец без слободен ден за некој да си спои 3-4 дена да си отиде дома ама на крај пак иста приказна.
    Дури редовниот распоред се менува специјално за нив да си бидат за празник дома :!: иако ти паѓа тебе да си слободен нема да бидеш. Тоа револтира многу.
    Инаку јас имам пријатели од секаде, и не ги делам луѓето според тоа од каде се, каде и да отидам имам пријател и никаде нема да останам на улица во ниеден град...ама ете во врска со работата така било отсекогаш

    :D:D Така е, мене од Аеродром до Водњанска ми треба цел саат во гужвите, а особено вторник и петок:D а на тој од Куманово или Тетово му треба пола саат:D
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Муабетов ви вришти, дури не ми се верува. :rofl:
    А автопатите секогаш гланц-чисти, без застој и гужва, посебно со квалитетот на т.н. патишта низ земјава.
    Абе циркузи.
     
    На Magnolija, Victorian, stiki18 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ако му смета на Скопјани што си бараат сите таму работа оти само таму ја има за одредени професии, нека не го форсираат само Скопје. Се таму има се таму се отвара ние останатите коj не мати демек?

    Ако имам јас квалификации потребни за аплицирање за некое работно место, не треба да е проблем ни од тумбузија да сум. Ама сепак ова е Македонија и секако дека скопјани ќе имаат предност пред мене и останатите од другите општини и региони.
    Пример јас тоа што сакам да го работам, само во Скопје го има.
    И кога ќе завршам (ако не дај Бог да заминам подалеку од оваа недржава), нормално Скопје ќе аплицирам на сите можни огласи.
     
    На Ekstaza и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    За ова треба на Грујо да му кажеш :D
    Наместо да краде пари од народот и да мачка очи за споменици и секои 6 месеци да менува плоштад нека инвестира малку и на другите места:!:
     
    На Ekstaza, cresa-jagoda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Абе да ве прашам вака, дали сериозен е муабетот дека Скопјани имаат предност при вработување?
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Не си била слободна месец дена, а знаеш кој е крив за тоа? Никола...нашиот драг премиер што отвора се во Скопје. Зошто не му текне да отвори нешто поголемо, поубаво, дали трговски центар, дали фабрика да "растура" да работи, дали нови болници или градинки во помалите градови, туку се во Скопје отвора?
    Мислите на провинцијалците им е лесно да патуваат секој ден, ако нема кај да седат? Или да седат во Скопје, поради тоа што нема работа во родниот град, далеку од семејството?
    Ништо не е лесно, ама како рекле старите...две добра нема :)
     
    На Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Во мојот случај да имат предност имам аплицирано преку 50-60пати и ме викнаа на интервју еднаш од тие 50-60 пати и скопјанка доби работа додека јас знаев англиски а таа не
     
    На Ekstaza и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Само што пишав погоре :D дека Грујо е крив за се:D
    Наместо да лаже народ и мачка очи со споменици нека земе да инвестира во другите градови затоа што Македонија не е само Скопје и Охрид...другите градови заборавени пропаѓаат...
    Греота има толку убави места низ Македонија, ама пропаѓаат :doh:
     
  11. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    34.178
    Пол:
    Женски
    Половина час до Ѓорче, плус уште половина час до Автобуска ;)
    П.С да не бидам офф,
    Се зависи како ќе ти се погодат колегите на работа, има и олош луѓе, што се себични не гледаат за други, но има и многу добри, што ти помагаат, те заменуваат за празници. :)
     
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Значи дојдовме до заклучок дека за се што се случува Никола е крив :D И скопјани, и провинцијалци се согласуваат дека треба да се менува човекот...останете така сполотени до април, до следните избори и гласајте за да замине Никола, да имате повеќе слободни денови во месецот, и повеќе нови работни места во другите градови :clap:

    п.с. Не сум Шеќеринска...
     
    На Ekstaza, Anon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Што е најтрагично...сите се исти :D:D Кои и да ги гласаме исто ни се фаќа:D
    Барем мене ми се сите исти:D еден асален нема што ќе седне на фотељата и нема да се повампири:D:D
     
    На Ekstaza, JollyGirl, jovanovska94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ете пак се сложуваме :D И јас исто мислам, не се замарам со политики и нема ни да гласам пошто сите ми се одвратни политичарите.
    Ама нема што да правиме кога сме се родиле тука, ќе трпиме и ќе ќутиме зашто од нив зависиме.
    Ех, да беше Тито жив....:x
     
  15. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Ова на факс се дешавало со колешките албанки. Мала група бевме и они така се дружеа самите понастрана од нас и се договараме за колоквиуми, тие не дошле на предавања.
    И утредента ќе им кажеш за тогаш е закажан и еве ги они еееееее па нас не не прашавте, се вие одлучувате за се, ние за ништо.

    На темава, не смее да се бодува плус ако си од Скопје, пошо тоа е дискриминација by the book.

    Како сеа, ако се 100 бода вкупно 5 бода да носат за некој од Скопје, 2 за некој од внатрешноста? И на крај тоа би излегло пресудно. Нормално, никаде не се водат бодување, во државните институции знаеме сите дека тие тестирања се фарса.
    Се согласувам дека треба да зборуваат литературно секаде кај што работат и тоа е се, никакво бодување што би довело до дискриминација.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    За жал предност даваат на Скопјаните..
    Јас сум од Скопје, ама сметам дека ова е голема глупост.
    Треба да се вработуваат по заслуга а не по место на живеење.

    Само ова е нашата чудесна Македонија, што не чуди не знам,,
     
    На GirlLove, Ekstaza, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Како невработена Скопјанка ќе ти кажам дека тој муабет апсолутно нема врска! Имаш ли врски или книшка, работата е твоја па макар била и од Тунгузија. Колку за илустација- имам неколку колешки од внатрешност вработени во влада а никогаш не сум видела оглас во кој се барал мојот факултет (завршив специфична насока).

    @nadja29, ти озбилно мислиш дека огласите за работа се реални? Немаш помислено дека девојката која се вработила место тебе ја примиле зошто е „нечие дете“ и дека нема врска тоа што ти (а верувам и куп други девојки кои аплицирале) сте биле поквалификувани од неа?

    ******
    Јас познавам повеќе девојки од внатрешност кои работат тука, кои државно, кои во приватен сектор но ниедна не е вработена преку оглас и кога ве читам тука како зборувате за квалификации, искрено не знам дали да се смеам или да плачам. Јас веќе одамна се помирив со тоа дека во Македонија, таква каква е сега, џабе ти е колку ти е просекот на факс, имаш ли магистратура или докторат, џабе ти е и перфектно да збориш неколку светски јазици и супер да знаеш компјутери, џабе се надградуваш и вложуваш во себе, без врски или книшка-ништо од добра работа. Убиј се од аплицирање, работата ќе ја добие некоја неписмена која не разликува ворд од ексел ама на која чичко и е претседател на месниот комитет или е добар другар со газдата на фирмата...
     
    На stiki18, black-angel, Ekstaza и 10 други им се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Тоа скУпјани мораше да се спомене, пошто колку овде на форумов и да кажувате не ви сметаат дијалекти, реалноста е друга. Имав колега од К. Паланка и кога да прозборуваше истите наши блиски коолеги, превртуваа очи. Многу им сметаше дијалектот, додека нас немора да ни сметаат србизмите, идиотзмите..... И на крај окцензи одма не почна со навреда, туку вториот пост од темаваа прилично ме изреволтира, а окцензи не мачка очи и и многу директна.
    Никој што не е скопјанец не е воспитан да ве мрзи, туку вие сами создавте негативна слика ( подоле ке ти пишам пример). На твојата колешка можеби и изреагирале дрска, ама сигурна сум дека веке им прекипало, а не затоа што така им текнало. И кога веке спомена воспитување, треба да се почне од себе. голем број скопјани/ки се воспитани на тој начин, како што е и пишан вториот пост во темава. Значи вас дома ве учат дека скопје е само ваше и дека треба се само вие да имате а ние да даваме. Воспитување.

    До втора година имав колега од скопје кој работеше во едно попознато радио. Деневница му беше 200 ден, ама толку беше опседнат со тоа да час ипол днено пушта музика во тоа радио, што скроз си го запостави факултетот. 3 семестар се јас му правев програми, семинарски, проекти, лабараториски делови итн. На вежби често пати и го запишував како да е тука. Доаѓаше само за колоквиуми им им се подлизуваше на асистентите, кои да сите во тој семестар беа од скопје. Дечкото положуваше со иста оценка како и јас. Навистина го сметав за пријател а се дружев со сите од група, се до денот кога заминавме на пракса во една хидроцентрала. Јас одев редовно цел семестар ( патував по 2 часа), тој спиеше дома. Се појави 2 пати и преку мама, тато, вујна си ги собра потписите од предпоставените инженери ( ментори) и нему му пишаа 10ка исто како мене. Тој си доби 10ка за лепе очи, додека јас за сите месеци водев дневник на активност, правев прграм-проект, семинарска со презентација и презентирав јавно пред 200 луѓе од кои 1/5 беа инженеришта. Дојде ден тој истиот колега, да ми каже дека имал врски да го примат во тоа место. Да ми каже дека тој е скопјанец и дека тој има предност секаде, безразлика дали е способен или не, пошто со пракса се се учело. Се се учело? Верувајте ми дека колегава мој не знае што е пумпа а што турбина. И да, да, да премногу ми беше криво. Арно ама се откажа во следните месеци и некој провинцијалец ( нели дно дна) си го има денес тоа место и заработува од сопствена пот.


    Се потсетив на уште нешто иако ке ви звучи глупо и одвратно. Тој истиот мој колега со плава крв нели, 2 год се гребеше од колегите провинцијалци ( оние со кал до колена де) за едно кафе. Не паметам дека тој некогаш почастил кафе па макар и од апарат. Еднаш додека се зезаше со еден колега од Кочани, го праша дали кај нив имаат домофон. Домофон? Сериозен си? Тој истиот ариевец поралеку од Скопје и Охрид нема видено, додека овој од Кочани ја пропатува цела Европа. Колгата од Паланка, денес работи во Чешка и тоа во една од најпознатите индустрии.
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На Victorian, Feodora, Ekstaza и 2 други им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Мила јасно е дека политичарите не донесоа до ова, да скопјаните мислат сме дошле за инат тие да гладуваат, а уствари ние идеме за да се прехраниме. Жално е што има такви испрани мозочиња што мислат поинаку. Сепак ние сме си криви. Тешко е кога некој што не е од Скопје е понижен и подолу од некој што скопјанец. Тешко е кога нив им се дава предност, исто како што вас ви е тешко кога некој од страна ке дојде со врски а е многу подолу од вас. Нема правда Калимеро.


     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Грците вакви, Грците онакви, ама барем они ќе ти се израдуваат кога ќе им речеш дека си од Скопje. :D
     
    На Daleron, Ekstaza, littleflower и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.