1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Приватно училиште беше и типката да беше со врски ќе си останала да работи во музеј на вмро каде што платата е дупло поголема а не да работи за 15 000.факт е дека гледат од каде си а не гледат кој повеќе има просек,знаење на јазици, и сличноо!таа од утре кога ќе почне мислиш ќе знае на турче или албанче да му објасне збор на англиски ?нормално дека не!а исто ко демек млада сум била .не ми е јасно на 50години треба да барам работа?
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Провинцијалка сум.
    Во Куманово запознаени сте дека нема нитуе една фабрика ? Што очекувате да правам, да седам дома и да си умрам таква неамбициозна без да се изборам за работното место дали во Скопје или било каде ? Е нема!
    Запознав еден куп искомплексирани Скопјанки додека студирав, исплашени зошто нивниот просек не се мереше со овој на провинцијалките а знаете зошто ? Затоа што моите таму ме пратиле со тегли мармалад и ајвари и додека вие сте менувале автобуси од Аеродром па ви паѓало многу тешко јас пешачев од таму до факултет, моите ме праќаа со последните пари само за да успеам и само за да се снајдам и да најдам добра работна позиција за да успеам во животот. Јас знам колку жртви претрпевме јас и моето семејство за да го завршам тој факултет и да дигнам раце да се вратам дома и да седам у место не планирам.
    Имам другарки Скопјанки дел од нив се душа од луѓе на кои не им е важно ни кој си ни од каде доаѓаш, но дел од вас толку мислат дека ако по сплет на околости живеат во Скопје имаат плава крв и треба да им се поклонуваме затоа што ние грешници сме дошле во светиот им град кој е само за Скопјани и никој друг. А иронијата е што 5 % од луѓето таму се вистински скопјани и оние што се никогаш нема да имаат вакви малограѓански размислувања. Звучи просто, не се брукајте, која провинција кои црни Скопјани кога мајка ви е од Штип пример татко ви од Велес.

    Многу повеќе Скопјаните се комплексираат од нас останатите грешници првинцијалски затоа што ние сме дошле таму за да се бориме а не да се шетам само до факултет. И после тоа од петни жили ке се напрегам ама ке најдам работна солидна за живеење, не се враќам назад за бедни 8000, по ниедна цена. Е тука се разликуваат едните и другите според мене. Ние од страна доаѓаме таму многу поамбициозно и порешително за да успееме па кога тогаш трудот се исплатува. Смешно е некој да те мрази затоа што можеш да му земеш работа, дечко другарки или било што. Може тоа и од Скопјанка да ви се деси така да чил аут.
     
    На 2036, Victorian, stiki18 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Аа, па вие сте ја поделиле темава, јас па се чудам кога сум пишала. :D

    Е, вака сега, малку поопширно.
    За овие што се бунат по свои места да сме си барале - аплицирајте си кај сакате, ќе си аплицирам кај сакам. Ако огласите се фер и не се однапред предодредени позициите, нека победи покадрената.
    Мене ама ич не ме занима дали ќе си син/ќерка на некој мрсник што држи ланец кафичи во центар на Скопје или си од погранично село без струја, ќе ти пружам рака ако си подобра и готово.
    Истото го очекувам и назад. Останатото е само влечење комплекси и префрлање вина на друг за сопствената неспособност/неуспех.
    Знам професорка по латински што предава во 4-5 града.
    Нема други професорки? Ретко, ама има, но на женава рамна ѝ нема, плус може да патува, па што да не? Јас не би сакала утре некоја полуписмена да ми го описменува детето, кога може оваа квалитетно.


    Туку друго.
    Како што некои од Скопје патат од комплексот дека се супериорни, си ги има и овие од внатрешноста што самите си наметнуваат инфериорност и се потценуваат со тоа што во потсвеста им е всадено дека ги гледаат ко провинцијалци, а тоа е неретко и без некој воопшто да им каже нешто околу тоа, ама ете, тие секој неуспех или опак поглед се спремни да го припишат на тоа.
    Малку оф, али стварно не знам со какви се дружите, ама познавам многу, многу Скопјани, и никогаш не сум се осетила „провинцијалски“ во нивна близина, ниту пак тие коментирале такво нешто...т.е. знаеме со уште неколку од внатрешноста + Скопјаниве да се заебаваме околу стереотипите, дијалектите и остало, али тоа е у рок службе.

    Трето.
    Ко и погоре, не ме занима кој/а си и од каде, ама на работно место ќе се понашаш професионално, а под тоа подразбираме и користење стандарден македонски јазик. Точка.

    Во кафич во Скопје, ја прашувам келнерката за ВЦ.
    И ми вика (ко да кажува брзозборка): Е там те е флезо. А извини, дек го земА тва џан'мче? (или таков сличен збор беше) Ерм...а? За наметката ми зборела. :D
    Аа, не, не, сестро. И јас да фатам кумановски, па посебно ако ги додадам оние зборови од селските говорни подрачја (пример: Залитни отуд, али пази да не се склопотишеш), ништо од комуникацијата.
    На еден форум, па правило е да се зборува литературно, а не па со клиенти.
    Другарка ми вика „Зошто им зборуваш македонски? Што ти е срам на дијалект?“
    Глупости...срам. Едноставно, полесно ми е отколку да треба секој трет збор да го објаснувам.
    Ни кумановски, ни скУпски, ни малешевски...нема тука local pride или срам ако погрешно акцентираш збор. Подобро тоа отколку да се гледаме ко телиња.
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На sparklie, Giovanna, Magnolija и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Добредојде во Македонија и навикни се на уште куп вакви разочарувања. Знаеш уште колку неуспешни интервјуа за работа те чекаат? Еххе, ќе се нервираш, ќе плачеш од мака, ќе ти иде да си ја трескаш главата од зид поради фрустрација кога ќе гледаш какви се не се вработуваат а ти седиш дома...

    Во врска со болдираното, не мислиш дека на огласот исто конкурирале Скопјанки кои перфектно знаеле англиски па исто како и ти биле одбиени? Ама ако ти е полесно да веруваш дека местото на живеење било пресудно а не врските, терај си така :)
     
    На littleflower, Daydream, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Баш од мојава струка се тепат кој да аплицира попрво.зошто не дадеа како што кажа да одржиме час по 10минути и па така да пресудеа пошто за јазик што аплицираа ја имаа таа можност да се докажаат.ајде да не се жалам повеќе со среќа нека и е .
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Вие што сте од другите градови побарајте од Премиерот повеќе да вложува во Вашите градови и кога отвара фабрики кажете му дека е стварно мизерно да ве залажува со плата од 8000 денари, а не ем не ви чини и бегате, ем кога има избори пак него го гласате.
     
    На black-angel и Rama им се допаѓа ова.
  7. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Ниту сум активна политички ниту сум политички определена.Јас сум од мал град каде што има две основни училишта и едно средно,зар треба да кажеме да отвори друго училиште за да најдам/е работа по струка?И што ако отвори кога скоро 20 000 жители сме со се селата и што мислиш ќе има ученици ?Така да не мешај политика тука
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    А бе девојче, премиерот тоа чека, да му ѕврцнат по телефон и веднаш да дејствува, дека така одат тие работи нели, кога веќе почнавме да се лажеме.
    Дека ќе кажеш или ќе каже било кој, мислиш дека некој го тангира тоа, сериозно ?!
    Не се ова комшии, па да „разрешуваш“ ситуација на таков начин.
    Жал ми е за твоите ограничени мислења, најискрено.

    Ете јас конечно го добив (fingers) , ми рече леле цуци па што се секираш, не сум во можност моментално имам некои обврски, ај остај ми бројче во гужва сум ќе те барам.
    Ете, сега ќе чекаме да отворат фабрики во Штип, Куманово, Битола, Велес, Тетово, дека нели тоа се најголемите провинции на светот. :)

    Патем, самиот премиер е провинцијалец, па не гледам потресување и припаѓање во несвест нешто посебно заради тоа.
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На Victorian, 1209, samovila.red. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    А кој е крив што сме во ваква ситуација? Не е нормално една држава да се состои од еден град. Се угуши Скопјево зашто се е тука напикано, загадено до немај каде. Зошто само тука се инвестира, се прави, зошто само во еден град да има живот и сите да се приморани тука да си го бараат чарето? Народот ли е крив за тоа? Ако не е крива државата, тогаш е народот. Нека седат сите и нека се борат во своето родно место штом е така. Докторите место да доаѓаат во Ск по болниците да работат нека се борат во своите градови за подобра опрема, нека одат нека се обучат во Скопје или било каде, па нека се вратат назад и во другите места да има способни доктори и опрема, за да не се праќаат сите во Скопје.
    Изгледа сами од себе си патиме, пак народот меѓу себе се фаќа за гуша, се раѓа омраза место да се бара поинакво чаре.
     
    На black-angel, MacaLove, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  10. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Посебно сакам да го потенцирам овој дел, во врска со темава.
    Тоа што сите сакаат да останат во Скопје после школувањето не доведе до степен да немаат малите краеви квалитетен кадар.
    Додека да го донесат човекот од некое село до Државна во Скопје пример, умира по пат...за жал...:|

    Вакви случаи има многу, и ќе има се додека пола Македонија е населена во Скопје а малите места остануваат празни.
     
    На black-angel, MacaLove, littleflower и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Никаде не спомнав дека тоа што се прави е во ред и дека е крив само народот или само напиканите во фотелја.
    Вината ја гледам во ретардираната власт и масата неук народ кој си пати од главата и од ништо друго.

    Ама не можев да одолеам на мислењето погоре, затоа и дадов таков одговор. Не е така еднставно како што си замислила цреша-јагода. Камо да беше.
    На толку посериозни барања кои останале нереализирани и со статус кој уште виси во воздух, тргнавме на отварање фабрики по другите градови.

    И како да ви се објасни дека НЕ сакаат сите да останат во преценетото Скопје после студии затоа што им е многу убаво и идилично, туку затоа што наидуваат на работно место за кое во родниот град би можеле само да сонуваат.
     
    На Magnolija, kjukli и crimson им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Да, фино звучи да се каже дека сите способни луѓе треба да останат во својот град и тука да напредуваат да се усовршуваат па кога ќе им притреба на сограѓаните да им излезат во пресрет, само што очигледно некои од вас малку се прават наудрени или не живееме во иста држава. Како да се усовршувам кога еве завршив политички науки и во мојот град верувале или не нема работа за мене, на колку врата и да тропнав ми рекоа иди во Скопје си го барај спасот, за жал само таму можам да просперирам.
    На страна тоа, не сакате да знаете за стручноста на персоналот во кумановската болница, не сакате верувајте ми. И свесна за тоа треба да се лечам овде ? Не ми паѓа на памет!

    И да не е ваква ситуацијата знаете кога би живеела во Скопје? Никогаш.
    Мислите лесно е да живееш во една соба при цела куќа оставена дома. И додека на вас родителите ви биле тука јас живеев сама и кога требаше да учам јас готвев и перев алишта, имаше времиња кога со цимерката се греевме на дрва на стар шпорет па ми требаа два часа само за да се стоплам. И да не сум приморана мислите дека ке јадев паштети и ајвар и ке се мрзнев таму кога во удобностите на мојот дом би уживала во јадењата на мајка ми и би имала време за учење и излегување и за се. Имало и периоди кога собирав пари по 50 денари само за да си дозволам еднаш месечно да ги видам моите. Не туку се трескајте од земја дека некој пукнал да живее таму од хир, приморани сме разберете.
     
    На Victorian, samovila.red., Anon и 6 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Јас апсолутно разбирам дека сте приморани. И јас да живеев во друг град, да имав таму семејство, пријатели, не би сакала да се влечкам на друго место. Поготово не во град што веќе и така е пренаселен и не се ни диши. Ама пак ќе кажам, кој е крив? Каде да се бара излезот? До кога вака ќе може да се тера? Додека не се испоразболиме сите од загаден воздух и храна и испоумреме, па така малку да се проретчиме? Богами, на добар пат сме.
    Власта е таа што треба да направи нешто, да ги поттикне и помалите градови да се развиваат, да имаат луѓето што живеат таму можности. Крај краева никој не сака да патува до друг град за работа, да губи саати од денот што може да ги помине со семејството. И јас не би сакала. Мене воопшто не ми е за барањето работа, одамна ми е јасно како функционира тоа, веќе е и кажано во темава. Ни малку не мислам дека тоа што си од Скопје е предност. Врските и книшката се предност, ништо друго. И ни малку не ми сметаат луѓето од другите градови што доаѓаат тука, зашто знам дека немаат избор, знам и мм зашто дошол тука, ама ми смета што ситуацијата не се менува, што само се влошува, што другите гратчиња само тонат и се запустуваат, а никој ништо не презема.
     
    На 1209, anel, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    За жал, скопјаните сметаат дека тие зборуваат литературно македонски, а сите други градови на дијалекти. Тоа како американците што сметаат дека зборуваат правлен англиски, а сите други, па дури и британците, имаат дијалект. Кога ќе престанат на вестите, емисиите, па и синхронизацијата на националните телевизии да бидат на скопски, ќе се сложам со тебе. Сега по најново и македонските народни приказни на скопски ги снимаат, само да биде поКУЛ. Јас сметам дека СЕКОЈ на работното место, без оглед во кој град живее, треба да зборува литературно. Зарем математика некој го личи да предава на, пример струмички, во било кој дел од државава??? Ама за жал од скопскиот, кој сега се декларира како 'литературен' (по најново... Блаже Конески во гробот се превртува), се заборави вистинскиот литературен јазик. Кога скопјани ми се смееа дека наместо СО ТЕБЕ, изговарав СОТЕБЕ (акцентска целост, која е 100% литературно македонски), што остана од нашиот прекрасен македонски јазик???

    Назад на темата, за некои скопјанки... имајте среќа што немало толку дискриминација, што вашите родители или баба/дедо иако 'провинцијалци' (само неписмени го користат зборов), успеале да најдат работа и да се доселат во Скопје, па вие да станете Скопјанки и да се лигавите. Секоја чест на исклучоците. За жал вистинските скопјанки/скопјани ми беа најголеми другари, беа најфини и со најголема почит кон сите луѓе, а овие другиве чии родители дошле од којзнае кои села во Скопје ме учеа што било семафор, оти сме немале ние таква направа во Битола :rofl: Секој треба да си се вработува според заслугите и знаењето.
     
    На Annath, Sky-butterfly, samovila.red. и 10 други им се допаѓа ова.
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Сума сумарум, јас не сфаќам зошто упорно тврдите дека Скопјаните имаат предност при вработување.
    Од мое досегашно искуство, огласите за работа се формалност, местата се веќе исполнети, дали со јаки врски, дали со партиска книшка (небитно од која партија- соодветно), иако ретко- се случува и најдобрите во генерација.
    Од мојот факултет, сеуште недипломирани, во една од најдбрите фирми од таа струка, беа вработени девојки од Кавадарци и Струмица. Во друга фирма, колега од Гевгелија.

    Факт е дека Скопје е центарот на државава и само таму функционираат системите.
    Што се однесува до медицината, самите болници ги задржуваат најдобрите, нудејќи подобри услови за работа и поголема плата. Е сега, оние од Куманово и Тетово, евентуално Велес и Штип, имаат среќа што таму се родиле, па најчесто стигаат на време на Скопски клиники, а останатите- тоа е, живот.
    Секоја чест за хирургот, а слободно можам да кажам најдобар во мојот град, кој иако добил понуда од Скопје, остана тука. :bow:
     
    На samovila.red., littleflower, Edie.S и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Луѓе не си вадете џабе "очи меѓу себе", има за кажување милион приоритетни работи на премиерчето наше,ама пустото никој не му ги кажува(не дека ќе бидат усвоени барањaта ама онака де) плус штом народов молчи и се задоволува со трошки,значи така му одговара,арно рекле прост народ-силна држава8) Имам стопати зборувано за Скопје,дека таму се гради се,другите градови немаат ништо во споредба со него,пренатрупано е да,ама тоа е друга тема,е сега не дека го бранам Скопје,немам апсолутно никаква корист или придобивка,само ќе ви дадам пример дека неретко има поделби и во другите градови не само Скопје,лично мои роднини и пријатели со години работат таму и се прифатени како родени Скопјани ,сакале верувале сакале не,а јас лично не сум аплицирала за никаква работа Скопје и не ни планирам засега ( и јас сум за тоа секој да си биде во својот град,таму каде живее да си работи,ама за жал нема никакви инвестиции ни фирми по другите градови и сите затоа одат Скопје не затоа што го сакаат) еве ви пример во Дeкември оваа година треба да започне со работа една фабрика од Америка за кабли така нешто,моментално се гради во Прилеп (некоја монтажна е ваљда,абе Премиерот вети странски инвестици и ги носи браво за него,само за колку ќе работат нашиве е прашање?) нема врска тоа ајде,зборот ми е група од околу 200 Прилепчани ги испратија на обучување во Украина,а меѓу нив избрана е само една Битолчанка по сплет околности или игре судбине,арно ама пред да заминат во Украина,се поставува прашање зошто да дозволеле Битолчани да им ја водат фабриката на Прилепчани на нивна територија? сепак девојката успеа и замина;)колку смешно и мизерно,зарем никој настрана од Прилеп не треба да се вработи,зарем Прилепчани фирмата ја изградиле или Америка? ете ова е,од нашиот народ си патиме,арно рекол Гоце Делчев "Јас не сум видел повеќе предавства од тие што си ги нанесува Македонец со Македонец" Плус во Битола пред 3-4 години се изгради Германска фабрика за кабли,и има вработени од Крушево и Прилеп,и што требаше само Битолчани да работат,како да е на Татко им фирмата:D
    Кога немаме можност да работиме во своите градови,барем не ни ставајте сопки и во вашите,сепак Македонија е на сите и сите имаме право да работиме секаде,без разлика на дијалект,градско или селско подрачје и слично,луѓето во странство патуваат по 3 саати од едно во друго место за подобра работа а ние?!
    Можеме до утре да филозофираме и рециплираме,ама најдобро знаат како е оние кои секојден доживуват тортури,и трчаат од автобус на автобус или на зима седат сами во една ладна соба ,тоа е за жал,борба за опстанок а победува само појакиот, односно онај кој бил капацитет од човек или онај кој лижел задници со членски книшки и лепење плакати пред избори,секој на некој начин се снашол,не ни е нас никој крив :D
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На 2212, Adi888, samovila.red. и 4 други им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    @jacqueline.s знaеш кaкo...нoрмaлнo ми е вo Скoпје дa се збoрувa скoпски, нo не рекoв декa скoпскиoт дијaлект е литерaтурен мaкедoнски јaзик. Стaрите скoпјaни кoристaт изрaзи кaкo "жутa", "рукoмет"...и дa тoa не е литерaтурнo, нo се вo свoјoт грaд пa е oпштo прифaтенo. Не мoже кoгa ќе се преселиш некaде дa ти биде врв нa лoкaл пaтриoтизмoт, твoјoт дијaлектoт. Рекoв кoгa ќе гo прaтите детето вo грaдинкa, нaучете гo декa требa дa кaже "ми се спие", " ми се јaде", a не "спие ми се", "јaде ми се"
    Или врaбoтенa вo некoј дуќaн дa ме прaшa "шo стoре?", зa " oдбрaвте ли нештo".
     
    На black-angel, alisijad, <3 pleza4e <3 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против ако некој образован и стручен дојде во Скопје, бидејќи некој кој стварно со знаење и сопствен труд завршил образование, треба да се вработи некаде каде ќе му биде вреднувано образованието и трудот, но се повеќе има примери како преку партиски врски неписмени ги носат во Скопје и без соодветно образование работат на работно место каде што може да биде вработен некој од Скопје со Соодветно образование и квалификации, но тој од Скопје нема врски и си седи невработен, а некој од провинција неписмен работи во Скопје.
    И немојте да кажете дека нема такви примери, се повеќе ги има.
    Исто како што има неписмени вработени Скопјани преку врски, па нема место за оние кои се од провинција, а имаат завршено факултет со сопствен труд.

    Искрено, ги ценам премногу оние кои со Сопствен труд и знаење постигнале нешто во животот, оние кои без врски го завршиле факултетот, па без разлика дали се од Скопје или од провинција.
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Ми одмина времето за редактирање,па ај вака ќе ве замолам аманте бре луѓе каква метропола ,каква провинција,да по милионити пат ќе кажам Скопје ја сочинува пола Држава можда и повеќе,таму се има,од трговски центри од застапништва на светски брендови,од лавови, од бароци ,од повеќе фирми и фабрики во споредба со помалите градови,ама се иритирам со овај зборот ПРОВИНЦИЈА искрено ми боде очи:wasntme:
    Ова е Македонија не е ниту Индија,ни Кина,ни Русија ни Америка,цела Македонија е колку една провинција од некоја од државите од светските веле-сили:D
     
    На 2212, Victorian и presiosaP им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    И јaс не мoжaм дa редaктирaм...
    Сегa пoсле @Rama не знaм кoј термин дa гo упoтребaм ( без сaркaзaм) зa прoвинцијa...другите грaдoви??? ( oвa пa ми е пo снoбoвски термин - скoпје и др.грaдoви...aмa aј)
    Сaкaв дa Ве прaшaм...дaли ќе бевте тoлку либерте aкo студент oд Скoпје дoбиеше сoбa вo Гoце...или ќе речевте си имa oн куќa?
    Имaв кoлегa oд Скoпје кoј живееше вo еднoсoбен стaн сo мaјкa, тaткo, брaт, снaa и внук....и верoјaтнo пoтребa пoгoлемa oд мнoгуте сместени вo ст.дoмoви зa квaдрaт мир...нo нели тaму oние oд др.грaдoви се привилегирaни, пa нa детевo му се смееa кoгa сaмo прaшa дaли смее дa aплицирa.
    Кaлимерo или Мaрфи кaкo сaкaте, aмa денес не е вaжнo кoј oд кaде е,туку дaли тaткo му имa нишaн или 4 кругa нa кoлaтa и бaрем 2 фирмички сo сoмнителен (сумљив...пo скoпски) кaпитaл.
     
    На black-angel, <3 pleza4e <3, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.