Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva , ако ми го сфати постот, јас еве главава ќе си ја сечам... И да.... ако можат на национална телевизија на Бекстејџ да искачаат, и на вести 'да ги прУследуваат настаните У живо' итн, и тоа да е нормално... немам проблем секој да си го негува дијалектот јавно, па и во туѓ град. Умре времето кога професионалци на МТВ водеа емисии и вести на литературен македонски јазик, за цела македонска јавност.
    И не сакам да навлегувам офтопик и да објаснувам за дијалектите, тоа не ни е ни тема. Поентата на мојот пост беше сосема друга, ама се изврти за да биде во нечија корист.
     
    На Victorian, samovila.red., Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.247
    Oh the irony of saying it was irony. Нормално дека сум иронична, Јас како провинцијалка која 12 години се трудам да опстанам во СКопје, од кои 8 години на мој грб и труд, нормално дека ќе ги исмејувам и ќе ми сметаат сите кои ме сметаат за неподообна оти не сум се родила тука.
    И да реагираш, одобено откако ќе прочиташ убаво. Реагирај на цреша-јагода, оти тоа е нејзин став, јас само „дупев“ што би рекла другарка ми.

    Јеп, иронија и ссарказам, кога веќе немав зборови како да ја објаснам глупоста од потреба да се вработува согласно со место на живеење. Фала што одговори пред мене, јас денеска бев на работа :)

    Иначе, гледам дека сте развиле дебати, политики, а основата на темата е едноставна - вечниот проблем на скопјанки и провинцијалки. нема ништо друго ставено како основа на темата. Скопјанки се убедени дека немаат работа заради провинцијалки кои по пат на секс добиваат работа, а не се способни. Така почна муабетот и така се виткаше чоколадата :)

    Мене особено интересна појава ми е тоа што вработените од други градови редовни се на време на работа, а центарки вечно каснат.

    Работа се отвора и во други градови, но што да се прави со тоа што главен и административен град на Македонија е Скопје. Што ако тоа дека доаѓаме на факултет тука (еве сега секое село има факултет) ама кога јас бев, немаше. И што ако тука се заљубиш, најдеш сопруг, најдеш друштво, треба ли да останеш вечно невработена? Што со тоа што од мојата струка има во цела Македонија, и секаде можам да ја работам мојата работа, ама само во Скопје е седиштето и мозокот на дејноста? Треба да кажам дека не сакам надградување, оти сум провинцијалка?

    Не е новина дека цела Македонија доаѓа во Скопје. Порано тоа било Белград, сега е Скопје. Не сме Словенија за да бидеме изедначени градови, ова е еден процес кој со децении течел. Ако се сеќавате, по Запознавање на општеството, во 4то мислам, учевме за дневни, неделни и месечни миграции, за миграција село-град и слични видови. Не може да се запре тој процес туку така. Факт е дека има такви што бараат секаква работа, па дури и на крајот на светот, ама има и такви што ако им е далеку, не стануваат да работат. Не само скопјанки, група велешки идиоти околу 50 луѓе дадоа отказ во Кавадарци оти морале да одат цел саат до таму и назад, со организиран ПЛАТЕН превоз.

    Чисто да знаете, вашата колешка провинцијалка, пола плата ја дава на СКОПЈАНЕЦ газда за кирија, или пак секој ден станува саат-два пред вас за да стигне на време и се враќа дома саат два после вас, оти тогаш има превоз, Дава пари за пат до дома. Кога вие спиете или одмарате или јадете дома, ние уште сме по автобуси и возови. И ние сме бремени, имаме деца, имаме зимница, ама секој ден мораме по најмалку 2 саати да сме на патиштата, или да ви дадеме вам, барем 100 евра кирија.Со стомаци до носот одиме по патиштата, работиме. Парите кои вие би ги дале за чевли, 100 евра месечни, ние ги даваме за пат. Имајте почит малку, наместо осуда, оти вие секогаш го имате полесниот начин (краткорочно) - не живеете по кирии и домови како студенти, идете дома на зготвено и топло, а од работа до дома сте за пола саат најмногу, нам ни е најмалку саат. Во автобуси без клима или без греење. Не дека вие немате некоја мака, ама сосема е во род да се има разбирање кон некој друг. Ќе речете, па што ако ти е тешко да патуваш секој ден или да плаќаш кирија не работиш у твојот град? Епа некој не може вечно да чека да го хранат неговите. Си викаш, за 100 денари ќе работам, ама мои ќе се.

    Излишна е темава, на крај пак ке се сврти на вечната борба на скопјанки и провинција, па ке стигнеме до таму што некој без дечко ке каже дека и мажите ви ги крадеме, а не ја гледаме глобалата - во 2 милиони луѓе, вие имате проблем од девојка која се вработила во Скопје. (имаше тема дека сме ви ги краделе мажите).

    ПС Јас ќе зборуваам литературно на улица кога една скопјанка ќе го направи истото. Океј папучи, пешкири, искочивте со ногите и руките?
     
    На Victorian, Sky-butterfly, samovila.red. и 12 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Абе тој дали имал една соба или две соби, треба да си се обрати таму кај што даваат станови на социјални случаи, а не да зема место по домовите на некому од провинција.
    Студентски домови се за студенти од провинција, логично. Плус таму кога потполува електронски мора адреса, град да пишеш и тој кога ќе пише дека е од Скопје....ај сама погоди дали ќе го примат. Знаеш колку им е гајле на тие што сместуваат по студенски? Ич...
    Плус тој има кај да преспие пошто живеалиштето му е во Скопје, а некој од провинција кај да спие? Ако не го примат во некој дом, што да прави? Не знаете кои нервози и кои маки се тие кога остануваш на улица, и затоа не коментирајте за тоа. Само кој осетил на своја кожа може да коментира.
    И не знам зошто мешате дијалекти, кога никој ама баш никој не зборува литературно. Ни професори, ни по тв, ни по улица, ни продаваци...никој не зборува....
    Секој нека се труди колку толку да зборува политературно колку да се разбираме, а инаку мене баш ми е поприродно кога некој зборува на свој дијалект отколку вештачки да зборува со сила демек културно.
     
    На Victorian, samovila.red., okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.247
    Ако не ве зезнал професор и ви избегал последниот воз, и не сте спиеле со скитниците на железничка во Скопје, ве молам не коментирајте за домовите оти не им ги давале на скопјани. Jollygirl може има осетено како е тоа мачно, да не знаеш каде ноќеска, па затоа ви кажува.
    Имав професор кој рече ке дојде на испит и чекавме до 10 и пол. Последниот воз е 10 и 40. Не го фативме Следен беше во 3 и 40. Немаш кај да одиш, седиш на железничка, до тебе спијат скитници. Две девојчиња на 19 години. Тогаш немаше автобуска во близина, беше на стара автобуска. Фаќаш воз во 3 и 40, стинуваш, се бањаш и во 7 пак фаќаш воз за Скопје. Колегите наспани и одморени, па и по форуми ќе пиуваат дека си бедна провинцијалка.

    Исто е и на работа, те оставаат до касно, кажуваш за превозот и те пуштаат 5 мин пред возот. За да ти рече, ете, те пуштив порано и да немаш кај да се вратиш ноќеска.
     
    На Victorian, Sky-butterfly, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Е визa ви муaбетoв пoгoре... требa дa речaм е мнoгу ни е гaјле нa нaс oд Скопје штo немaте вo свoите грaдoви кaде дa рaбoтите?
    Знaчи кaкo Ви чини тaкa дефинирaте.
    Секaкo декa не рaзмислувaм вaкa кaкo штo сегa пишaв, зoштo зa рaзликa oд мнoгуминa свеснa сум декa Сoнцетo не изгревa сaмo зa мене, туку зa сите.
     
    На black-angel, Daydream, Edie.S и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    моите во 1968 година дошле од таканаречената провинција во Скопје, завршиле школо, се вработиле и основале семејство. Така мене во изводот место на раѓање ми е Скопје иако често со гордост како потекло го кажувам местото од каде ми потекнуваат родителите, и ја користам секоја прилика да контактирам со роднините и да одам таму.
    Аналогно на тоа, нема логика да ми пречи некој од друг град или село да дојде во Скопје, да учи и да се вработи, без да го земам обзир фактот што квалитетот на човекот не се одредува по потеклото туку по други параметри.
    Е сега, и мене ми пречи користење на дијалекти, особено во државни институции, како и што ме пречи валканиот македонски што го користат припадниците на албанското малцинство...Нормално, дијалектот не е нешто што преку ноќ може да се смени ама барем може човек да се потруди.
     
    На Annath, Daleron, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Ти може не рамислуваш така ама повеќето што одат контра цело време на темава, така размислуваат.
    Заклучок (и нов наслов на темава): Што ми е гајле ако немате работни места и факултет во вашите градови.

    И браво за темава што се отвори :clap: Се разви убава дискусија и секој си го покажа вистинското лице....
     
    На samovila.red., okcenzi, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.790
    Пол:
    Машки
    Ко ќе видам на темава пишано „некој од провинција“...:D:D
    Тоа цела Македонија е провинција...:devil:
     
    На okcenzi, Victorian, samovila.red. и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Ама исто така не е во ред кога професори на училиште или факултет употребуваат фори и доскочици на скопски дијалект. И тоа е еден од многуте дијалекти, не е литературен мајчин јазик за да се употребува во такви институции.
    Не е баш пријатно да слушаш како да го поставиш лењирот под агол од чертс пет, ама тоа е.
     
    На samovila.red., manja666, ninja35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.247
    http://forum.femina.mk/threads/Останаа-ли-машки-во-Скопјево.1026/

    56 страни како провинцијалките ви ги зеле мажите, да видиме колку страни ќе биде темава како сме ви ја зеле работата.



    Иначе, се омажив со Скопјанец, што би рекле скопјанки, стар скопјанец, дебармаалец, и работам во Скопје. Се извинувам за тоа.

    Едит, ќе родам скопјанче :)
     
    На Victorian, Daleron, samovila.red. и 7 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Што да се прави де? Ништо, еве, ќе се собереме сите во Скопјево и ќе се угушиме. Кој е крив според тебе што сме во ваква ситуација? Што само Ск е единствениот центар, речиси се друго е замрено? Дали една држава треба да опстојува со само еден град?
    Лесно е да се сврти кривицата на народот, ние самите тоа си го правиме цел живот, сами се обвинуваме, се делиме провинција скопје бла, бла, а никој не ја гледа поголемата слика. Ја вртиш ти сама работата кон нешто што никој не го ни спомна, мажи, глупости, провоцираш завиткано, а тоа не е ни муабетот на темата.
    Срамота е веќе да се обвинуваме едни со други.
     
    На black-angel, MacaLove, ph.orhideja и 8 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.743
    Пол:
    Женски
    Од каде знаете дека некој родум од Скопје не се измачил во животот повеќе од вас? Животот е борба, каква-таква, на кого каква ќе му се падне. Ај да земеме да се самосожалуваме вечито затоа што на некој поединец му било полесно во животот.

    Сакате да не ве стигматизираат и да не ве ставаат во ист кош, а вие го правите токму тоа.
    Многу повеќе се изначитав на темава какви се Скопјани од што и да е друго.

    Јас сум работела во друг град и сум добила коментари само затоа што сум од Скопје.
    И што сега да правам? По автоматизам да хранам фрустрации и омраза кон целиот народ којшто живее во тој град?

    Има градови во коишто живеат и работат луѓе од преку 30 различни нации. Големи и напредни градови. Како не би биле со тоа ниво на свест. А не ние, ќе се испоизедеме живи поради тоа што сме се родиле во друг град.
     
    На galapce, Giovanna, black-angel и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.247
    Еве Битола нека биде административен град. На времето имало идеја за тоа. Сите државни органи да имаат централни седишта таму. Скопјани одбиле. И сеа што да правиме?

    АУ заборавив, власта е крива, доле влада, сите во Битола.

    Поголемата слика не е работата, омразата е. Гледај пошироко.

    Се извинувам и за дишењето ако се гушите, поретко ќе дишам од утре.
     
    На samovila.red., Antolinaa, Priroden и 4 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Сарказмот најдобра одбрана, ама не и во случајов.;)
    А се спомне влада одма ја вртиш работата во друга насока, во насока што нема никаква врска со темава.
    Само да се набуцкаат членките и да се фатат за коси за мажите и за слични тривијални глупости.
    Омраза да, вака се шири. Наместо да се бара подобрување на болниците во другите градови да не мора да трчаат луѓето во Ск со дополнителни трошоци, да се подобрат условите за живот, полесно изгледа е да се набуцкаме за кој од каде е.
    Затоа се уште сме тука каде што сме.
     
    На galapce, BoaVista, Giovanna и 11 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Кога е отоврен ден за идеи и предлози во Владата? Сакам да појдам да дадам предлог за сите што се од провинција, а работат или студираат во Скопје, да плаќаат за воздухот што го дишат.
    Може да има попуст за тие што седат со месеци по Скопјено или за тие што се преселиле во Скопје ама уште зборуваат на свој дијалект.
    Значи си одиш во банка и си плаќаш, цел на дознака: Трошење на скопскиот воздух...
    Долу ставаш потпис и во заграда се извинуваш дека си трошел од воздухот толку и толку денови....
     
    На samovila.red., Antolinaa, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.247
    А тебе целта ти е да пишуваме доле влада? Кажи, не е проблем. Оти темата не е тоа, ама ако треба, нека биде, Што се мора не е тешко.

    Државна болница да се премести, сите скопски доктори у Гевгелија да одат! Сите министерства и органи на државната управа да одат во Битола. Ем ке видите како е по патишта, ем ќе дишите полесно.

    Се извинувам што секој месец давам дел од плата за двајцата матични од Скопје.
     
    На samovila.red., okcenzi и presiosaP им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Сите го дишиме истиот воздух, ја јадеме истата загадена храна и се буткаме во истите болници. Така што навистина не го разбирам сарказмот. Сите ќе не стигнат последиците тука.
    Мене целта ми е да си ги отвориме очите и да се побара чаре. Вас целта што ви е? Да се испокараме за кој од каде е? Вртете како сакате, нормално, како ви одговара, ама ситуацијата е таа, пренаселеноста е таа.
    Скопјето е толкаво колкаво што е. Па ќе видиме до каде ќе стигнеме.
     
    На galapce, Nausicaa, <3 pleza4e <3 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе биде така, додека не се смени системот од корен. Ама баш она од корен!
    Риалити чек - со оглед на тоа како стојат работите во нашава политика, прашање е дали тоа ќе го доживееме некогаш.

    Ќе се соочуваме и со пренаселеност и ќе никнуваат нови и неквалитетни згради од стиропор како печурки после дожд. Дали за тоа е крив народот или некој друг, еве не знам, мислам дека на сите ви е јасно.
    Не е крив народот што си го бара сопственото место под сонцето кое ќе му гарантира некоја посигурна иднина, крив е оној кој дозволил да дојде до тоа играјќи си Влада.
    „Клучот“ е да се изнајде решението, многу јасно, но главното прашање е како да се отворат нечии очи кои очигледно гледаат и се грижат само за сопствениот газ, да ми извините.

    Ете, кај нас во почетокот на деведесетите се изгради нова зграда за наводен Клинички центар, кој исто така само во наводници требаше да биде баш она функционален КЦ, со секакви одделенија и лаборатории кои еве признавам дека на целиот југоисток би му излегле во пресрет да не се ака по патиштата дур да стигне до скопската клиника.
    Излегуваа по телевизии, сечеа ленти, не знам што, потоа се случи тоа што се случи и зградата не стапи во функција.
    Знаете што е денес? Складиште за глувци и старо р'ѓосано железо. Руина!

    И ете, каде да правиме алерго-тестови на пример, ако не во „напатената“ метропола. Веднаш добиваш упат за таму и сакал-не сакал, го кркаш стапот да се маткаш натаму-наваму.
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На 2036, Jordanovska-K, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Не се криви луѓето воопшто, за тоа се сложувам...ама како може двајца доктори од Битола, двајца од Берово, еден од Радовиш да се борат за да добијат соодветна опрема по болниците во нивните градови?
    Како да се бори и да дава нови предлози за подобро образование, еден професор од Демир Хисар, тројца од Кратово и двајца од Виница, кога никој не ги е*е ни 2% ? Цело внимание е насочено кон Скопје. Сите предлози, сите новости се случуваат толку таму. Другите не е битни.
    А истите тие доктори и професори кога ќе појдат во Скопје, на пракса, на макса, нормално дека нема да сакаат да се вратат од кај што дошле, пошто кренале раце да се борат за подобри работни услови.
    Не сакам да мешам политики, ама Груевски нека си го стави малку прстот на чело (уствари сега секако треба да си оди од власт)..требало досега нешто корисно да направи за во секој град, а не да става споменици и да отвора едни исти игралишта по 5 пати во годината.
    А кога сите од провиницја ќе се повлечат во своите градови, тогаш СКопје ќе стане град на спомениците и пензионерите.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.830
    Допаѓања:
    101.226
    Пол:
    Женски
    Само кај нас ова го има.Да вадиме очи кој каде ќе се вработи.Мислите на оној од Хелсинки му е гајле дали зад шалтерот стои некој дојден од Северен пол ,или од Јамајка.Битно е работата да тече.
    А нас ни е битно да опстанеме во живот.Барам работа и можам да ви кажам со какви податоци располагам 100 % точни.Во градов фигурира постојан оглас за вработување во маркет каде што газдата е душевадник а покрај тоа воли младо.Значи што помладо тоа подобро,кога бев за разговор се распрашал колку години имам и одговорот бил не одговара на профилот за продавачка.Види молим те.Се појавува одвреме навреме оглас за работа на бензинска пумпа и по некој така покултурен и замислете местото е пополнето предвреме.Ок.
    Конкурирам во Скопје зашто не сакам и не можам да седам без да се борам.Е сега тоа што сите битки до сега се изгубени тоа е друго.Тоа што градов е блиску до Скопје колку му годи толку и е лошо за него.Градов не живее ,вегетира.Не со години со децении не е отворена нова фабрика,дали е тоа поради разликата меѓу локалната и владејачката власт ,не знам.Ама познавам многу жени на моја возраст кои тапкаат во место.
    Кога би нашла работа во Скопје би дошла само да се прошетам а вака се дури мрдам и живеам ќе си го барам чарето без разлика што некој/а ќе мисли дека им го земам воздухот.Не дека сакам и горам од желба да ми помине половина од денот во клацкање по автобуси ама немам друго чаре.Е сега дали ќе имам среќа или квалификации тоа не знам.Досега ништо не се покажа позитивно.
     
    На Sky-butterfly, samovila.red., Val-Dim и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.