Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Според @MacaLove девојките кои не се од Скопје се тешки ороспии и дошле само за ебење во Скопје а дома нели глумеле светици. Исто и јас сум чула дека Скопјанки едвај чекаат да појдам до грчка за да се изебат со што повеке странци. Колку глуп муабет човече, не ми се верува. Значи не ми се верува како можеше да пишеш ваква глупост.

    Пијанчење имало во студентските домови. Браво. Па ако не се пијанчат сега, кога треба на 50? Од сите нив само 5 % дошле за учење, одлично и тие 5% проценти дај боже да си најдат работа и да си го живеат животот по нивни кејф. Другите се проблем сами на себе. Па како ке има таксити де и чувари на пр.


    А веке кога спомена да се соберат граѓаните и да барааат тоа што им треба, ајде те молам ти биди прва и организирај собир за да се отворат уште 5 градинки во Гв, клиника, аква парк и 3-4 фабрики, јас одма идам на собирот и најгласна ке бидам. После тоа иди и ти барај работа овде, иди на прегледи овде, дојди студирај овде, патувај на сите можни климатски промени, плакаај кирија.... и немој да се навредиш ако некој ти преврти очи дека зборуваш на дијалект и немој да се нервираш ако некој ти рече што бараш во Гв, барај си работа во Ск.
     
    На Sky-butterfly, samovila.red., Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто го коментирате Скопје дека е место каде што врнат пари од небо. Јас работев во приватен центар за странски јазици и земав 9.500 денари. Ви се молам, пари ли се тоа!!! И во сите останати даваа толку, и моите колеги за толку работеа. После во игротека ми нудеа работа за 9000 денари. Па во фирма како секретарка 10 000. Не беше битно од кој град си, битно беше работодавачот да помине со најниско што може. Баталете врски во министерства, државни институции.... да зборуваме за обичниот човек (сите сме луѓе нели, иако вие делите на скопјани и провинцијалци). За да почнеш некаде да работиш кај приватник, над 12.000 ретко се наоѓа. Во Скопје 12000 се НИШТО!
    И додека ги вреѓате селаните, провинцијалци, од нива што дошле... сетете се дека некаде во светот тие селани се почитуваат повеќе од функционери, заради што тие обезбедуваат храна за народот. Ако не е тој селанец што копал во нивата, немало од каде краставица, домат, пченица да добиеме. И напротив, ако не ги вреѓате можеби и нема да се срамат младите да бидат земјоделци, оти без тоа, џабе ви се банките, фирмите и министерствата. Од таа пуста превласт, кој да биде поучен и кој да земе повисока позиција, нема земјоделци и сточари. Со старите ќе изумре тоа. И ставајќи акцент на тоа колку е добро да си високо образован, и да работиш во Скопје во администрација, направи младите да не размислуваат ни за опција земјоделство. Ама тоа е, такви се времињата... никоја не сака маж градинар, или со средно... не дај Боже селанец.... Мојата чудесна земја.
    Знам дека ова не е во темата, ама некако многу се става акцент на кој бил најспособен... демек најспособните треба во администрација или во училиште, или во банка во Скопје да работат... па скопјаниве да си работат во Скопје на високи позиции, оти тие не дај Боже нешто пониско да фатат, пример земјоделство, тоа за провинцијалците нека си е... Што знам... свашта се изначитав, некако не ми се свиѓаат поделбите, навредите, и мерењето кој бил најспособен според просекот на факултет. А 90% од 'способниве' мислат лебот во житолукс се раѓа.
     
    На Annath, Jordanovska-K, Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Немај гале не се секирам за тебе, туку само наведов пример. Немој одма со ароганција. Колку и да ми викаш дека не го гледаш ( пошто нели колеги се и знам и јас) сепак сигурна сум дека го гледаш повеке од мене, нејсе, муабетот е ако тој работи во Ск, јас најдам работа во Кичево а живееме во Гв, како ние ке функционираме како семејство? Е тоа е она што реков дека не го разбираш.

    Ајде нека оди мт во касарна во Штип, ти живеј ( плакај кирија или на свое) во Скопје, а работи во Гостивар, да видам како тебе ке ти биде, пошто нели нас не ни е мака, проблем е што немаме плава крв. Патувајте со саати двајцата. Е така ти се изрази предходно, а и цреша-јагода со превртливите постови.
    Само сакав да ви доловам.
    Убаво кажа некој погоре, дека цели семејства се приморани да се преселат во Скопје, затоа што еден од родителите се вработил на добра позиција и сега има можност да преживува, наместо во родниот крај да гладува, со цело невработено семејство. И престанете со тоа ниви и добиток, Јас крава немам видено 2-3 години, нива никогаш ( не дека не сум видела ус пат некаде) Значи сите што не се од Скопје не егзистираат од ниви и крави. Колку банален муабет.
    И најчесто во Скоје остануваат високообразовани кои имаат можност за доброплатена работа, а не и среднистите и основците.
    Испадна муабетов дека сите селани ги фрлиле МОТИКИТЕ и дошле во ск да живеат од воздух.
     
    На Sky-butterfly, samovila.red. и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Хахаха, абе жени жени, јас го кажувам само тоа на кое сум била сведок, можеби меѓу тие имало и скопјанки, т.е сигурно, и проблемот е што истите тие после кукаат колку нив им е тешко и колку се мачат, а книга не фатиле, па после скопјанка и го зела работното место, жити се бе?
    Колку е глуп мојот муабет, толку е глуп и вашиот, и доста со тоа плава крв плава крв, не сте веќе интересни.
    Се кажаа работи кои дефинитивно ве погодија очигледно, а и вие самите знаете дека е така, ама никако не се давате, вие сте најспособни и најизмачени, а ние од Скопје не знаеме ништо за животот.

    И има разлика измеѓу селанец и сељак. Селаните апсолутно ги почитувам и верувам дека само нивните раце се чисти, и нивните пари се вистински заработени, и повеќе сакам да земам селанец кој знае да работи со земја, затоа што има мнооогу повеќе шанси да отвори свој бизнис и да успее.

    Никогаш не сум рекла дека провинцијалка ми го зела дечкото, ниту пак ќе речам, може да се случи истото и од двете страни.

    Викате дека ние не ве сфаќаме и ве омаловажуваме, а како што гледам од погорните мислења, никој не се обиде да ја сфати pleza4e туку само ја напаѓате, пошто нели, од Скопје е, што знае она што е мака, а и да знае, сигурно не и било теешко како вас.
     
    На Daydream, cresa-jagoda, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    98.703
    Што им се бре замарате луѓе што поедини членки имаат мизерни изјави во однос на тоа кој од каде е и каде треба да работи, а каде не. Само да има работа, би си работела и ич не ми чуе што таа некоја од Скопје би зборела или мислела за мене. Накриво ќе се мо*ам од мака, ете. А муабетот па за фаќање дечко, мажење во Скопје и стварање дефицит на мажи за нив... што да кажам, ми се чини оти здраворазумни личности не би спомнале такво нешто, а не да разврзуваат дискусија на таа тема.

    И се би било поедноставно кога тоа наше Скопје јадно, не би било претесно за толку гладни души колку што постојат во државава. Не е ни чудо што за многумина спасот се наоѓа многу подалеку од тоа фамозно Скопје.

    Сржта на проблемот не лежи во тоа кој што ќе каже. И самите знаеме дека рибата си смрди од главата. Кога тие глави што владеат би мислеле дека таму некаде во Источна Македонија на пример има некои градчиња кои буквално не постојат веќе, дека и таму има млади и надежни луѓе за кои треба да се створи работни места, се би било поразлично. Ама не, по тие места и тоа што го имаше, веќе го нема. И што е битно дека таму некаде има некој млад неискористен, високопотенцијален мозок кој одвај чека да граба успеси во својата професија, кога побитни се Шпанските скали, на пример...
    Па да, политика е во прашање, не може да биде нешто друго кога станува збор за напредок и развиток на држава.

    Ама ние не сме ние додека не си ги вадиме очите едни со други, па макар и на форум за тоа кој од каде бил, кој каде работел, кој што рекол, кој кога ќивнал... Кога старите луѓе пензионери се караат по телевизии за Грујо или Бранко, што друго паметно да се очекува од народов и државата. На нас само дај ни на друг гроб да копаме, ништо друго. За тоа сме и на ова дереџе.
    И не за џабе читам се почесто по интернет наслови каде Мкд се етикетира како иселеничка земја...оти и Скопје не е Њујорк, а владетелите за тоа баш ги брига. Да живее Скопје 2014та, упс...и 15та веќе!
     
    На Annath, Jordanovska-K, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    @MacaLove , ниту сум се пронашла во твоите муабети ниту пак ме погодуваат затоа што како форумски лик те почитувам ама мислењево ти е врвот на малограѓанштина. Никој не рече дека plezace или останатите кои се од Скопје не се намачиле во животот и биле амбициозни па сепак се избориле за работно место затоа што биле способни. Во ниеден пост не се посочува дека некоја скопјанка била дроља што се ебе по студентски или се пијанчи. На една од феминките и смета што провинцијалец направил зграда и притоа сељак еден нива продал ја на него ќе му плаќам у тој стил. Епа извини принцезо како ние чесно плаќаме ќе платиш и ти и воопшто не ми е битно дали е од Македонска Каменица или од Центар.

    Муабетов е што никогаш на никој не му смета што Скопјанка се вработила во Штип пример, ама ако Кумановка најде работа во Скопје смртен грев е тоа. Па само барате изговори те загадено било, те не ви сметало ама дома да си останеме и да чекаме 20 години да се најде работа. Тоа е дилемата, што јас не и спорам на ниедна овде од Скопје како дошла до работно место и што се поминала ама вие први сте да ги осудите останатите за нивниот успех, изговори се, бедни изговори. Дијалект имате и вие ама тој не ви смета нели ?

    Простотилак и малограѓанштина колку сакаш на темава, од некои просто и ме чуди зашто ги сметав за поинтелигентни од ова. И јас ли треба да се чувствувам понижено зата што не сум родена во Скопје?

    На некој Кери Бредшо и Секс и град ептен им е удрено во глава. Нема провинција овде сите сме едно големо село, во Македонија живееме освестете се.
     
    На samovila.red., Viktorijaaa5, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Не знам зошто не ја сфативме, можеби и дека не можам да разберам како е да се работи секој ден по 20 часа дневно ( сама таа кажа) освен Чак Норис. Не велам дека не и е мака, ама испадна како сите да сте намачени како неа. Ок се мачела успеала и секогаш да има успеси. Ок еве ви признание за маката и на вас останатие од ск. Аха да.

    Јас кажав како што на скопјанец му е тешко ако некој мрсул од страна е примен партиски и со врски и мене ми е мака да е примена некој со помал просек и помало искуство од мене, само затоа што е скопјанка.

    Некој спомена дека требало да има бодување и за скопјаните кои бараат работа во Ск треба да добијат повеке бодови.
    Жити се немој. Што му е гајле на приватникот дали ти си од марс или свирипичино, освен ако не си му син или внука. Е тоа е тоа што револтира. Доста кај се тамо се отвара, доста кај се тамо што има, па требало и повеке бодови да имате. Ако имајте, ама не се бунете ако одиме порано за дома, зошто нашиот пат исто треба да се бодува ( во скратено работно време) пошто некои патуваат и по 3-4 часа.

    Едно време муабет беше зошто сме иделе сите сељаци да студираме ( демек нивите празни ке останеле) и да не сме ви ги земале работите, сега кога се отворија факултети секаде ви е мака, демек тие не учеле. И ако се отворат фабрики во другите краишта пак ке ви е мака демек вие сте подобри работници од останатите. Де бре граници немате и после кажувате ние имаме комплески ( појдете на теми за факултети и ке видите- баба лаже тарп не лаже)

     
    На samovila.red. и Priroden им се допаѓа ова.
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Прво мм неможе да оди во касарна на никое друго место затоа што не е дел од толпата туку нешто повеќе.
    Второ очајни сте веќе со тоа плава крв.
    Трето Гевгелија и не е толку лоша како што ја правиш, откако почна да се средува, гради, да се отвараат локали и казина, многу мои пријатели заминаа да работат таму затоа што вие ги оставивте празни работните места трчајќи во Скопје (facepalm)...и тоа даваат прилично добра плата.

    За крај очигледно не си разбрала ни збор што сум пишала на темава, пак ќе повторам, за мене се сите исти се додека си ја работат работата како што треба и не се шлепаат на мој грб, па макар и од марс дошле, не ми е битно се додека работата тече.
    Ама ти слободно читај си како што ти одговара(facepalm)
     
    На cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да разграничам, нека се вработува кој каде може, каде сака, за каде е способен без разлика од тоа каде е.
    Ама ве молам без толку жалење и тажење, кога на ниеден човек во земјава не му е сјаен животот, да бидеме реални. Да плачам зошто ми е животот многу тежок бидејќи не сум од Лондон?
    Таква ни е државата, трула.
    Моето мислење, кое и ќе си го задржам, е дека тие од страна први ги напаѓаат скопјани, можеби како одбранбен механизам, и тоа чисто од рекла казала муабети.
    Една била во Скопје, имала непријатна случка, кажала на сите леле скопјани се дигнати, вакви такви.
    Не знам дали затоа што јас не сум се однесувала лошо со никој, па затоа мислам дека вие први напаѓате.

    Една работа не трпам, е да читам толку жалење, кога знам каква е ситуацијата во студентски домови и дека не секој чесно си ја добива оцената/работата и слично, а вие упорно ги правдате. Е арно де, нека се пијанчи, ама нека не се жали дека скопјанец ја добил работата зошто бил од Скопје.
     
    На Daydream и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Гв нели е Гостивар, а не Гевгелија, луѓе?
     
    На Anon, samovila.red. и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    [QUOTE="<3 pleza4e <3, post: 2513518, member: 101472"]Прво мм неможе да оди во касарна на никое друго место затоа што не е дел од толпата туку нешто повеќе.
    Второ очајни сте веќе со тоа плава крв.
    Трето Гевгелија и не е толку лоша како што ја правиш, откако почна да се средува, гради, да се отвараат локали и казина, многу мои пријатели заминаа да работат таму затоа што вие ги оставивте празни работните места трчајќи во Скопје (facepalm)...и тоа даваат прилично добра плата.

    За крај очигледно не си разбрала ни збор што сум пишала на темава, пак ќе повторам, за мене се сите исти се додека си ја работат работата како што треба и не се шлепаат на мој грб, па макар и од марс дошле, не ми е битно се додека работата тече.
    Ама ти слободно читај си како што ти одговара(facepalm)[/QUOTE]
    Прво и мм е нешто повеке. Човек со магистер, човек со големо воено искуство и човек од кого зависат животи и се чекаат наредби. Ајде ке се фалиме де, овде јавно на форум. (нели не е битна безбедноста)
    Второ очајни сте со тоа дека вас ви е најтешко, кога очиглдно не ви е
    Трето Гв е кратенка за ГОСТИВАР не за Гевгелија-ГВГ а сега Гг. Уште не сум чула некој да дошо да живее во ГОСТИВАР поради отворена фабрика, клиника...... Идат само шиптарите од по селата и косоварите од мајчина им. Мојот град е трговски град. Сите работат со препродажба, никој со производство. И работев во околина на гв за плата од 300 евра, за иста работа која во ск ми понудија за 560 е, но ете излезе друго во животот па чекам тоа да ми излезе од раце и ке се селам во ск. Со примања од над 1000 евра супер ке живеам во ск со бебуш и мм. Овде нама да се мачам за 18000 ден од кои 1/3 ги давам за пат. Да ние немаме градски автобуси туку посрани комбиња кои ти наплатуваат кој колку ке му текне.

    За крај болдот и јас истото го кажав, ама некако твоите зборови не беа баш вакви.
     
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Залудно е препукување на темава. Секој ќе си работи онаму каде што успеал да добие работно место.
    Јас не ги ценам луѓето по местото на живеење, сите ги гледам како обични луѓе. Не делам на Скопје и од другите градови. Побогу, смешно е. :D На факултет имам супер однос со сите, а некој скопјанец ако ме гледа поинаку - негов проблем. Ама баш воопшто не се замарам.
    Лично јас сакам да работам во мојот град и се стремам кон тоа иако имам поголеми можности за во Скопје. Реално го мразам Скопје кое и мене ме гуши.
    Пред некој ден имав понуда за работа во Скопје, за многу мала плата, но по мојата струка и ќе беше добро да прифатам заради искуство. Но, за жал во незгодно време е понудава поради мои Х причини и не ја прифатив. А признавам дека ако појдев таму ќе бев преку врски зашто моја пријателка ме предложила.
    Муабетов ми е, секој со среќата, кој каде што ќе си успее таму нека си биде.
    Без нервози, глупаво е да чувствувате омраза, љубомора кон некого зашто не бил од Скопје.
     
  13. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    :D:D:D Згрешил штркот кога не носел...јас му викав Шведскааааа носи ме во Шведска :D
    Тој запнал Македонија....:shake:
    Ај што се секирате, нема да ни постои државата за едно 30-40 години, тогаш нема да има за што да се карате меѓу себе:D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Procitav samo voveden post i prvata strana.Dovolno za da po neznam ti koj pat se razocaram od sistestvoto narecen Covek.
    Kolku sme samo ograniceni vo nasite mozoci.
    Ajde kazete deka koj kade se rodil tamu neka se mazi,tamu neka raga,naredete i deka tamu mora da se umre.Postavete granici so bodlikava zica.
    Izmislete zakoni i uspokojte se.Zivotot tek togas ke bide bajka a zemjava raj.
     
    На Jordanovska-K, Rama и samovila.red. им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    Имам другарка од внатрешност која моментално работи во Скопје, вози службено возило и зема плата над 35.000. Знаеш по кој единствен критериум е вработена? Таа е од Битола, газдата исто по потекло е Битолчанец. На интервјуто сигурно имало и поспособни, и со поголемо работно искуство, и со поголем просек на факс ама пресудно за вработувањето било што таа е од Битола. И сега што треба јас да направам? Да се убијам? Не, девојката едноставно имала среќа.

    Исто така, некој спомна дека никој немало да мрчи за Скопјанка вработена во друг град? Епа размислете повторно, имам познаничка која скоро година работеше во казино во Гевгелија и немојте да мислите дека гевгеличани со симпатија и радост гледаа на тоа вработување. Не им било битно тоа што девојката има неколку годишно работно искуство како крупие и што збори англиски како кралица Елизабета- што се однесува до нив, таа земала работно место на еден од нив.
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Јас се уште чекам да се појави некоја скопјанка и да почне да ги брани провинцијаките, или некоја провинцијалка да застане на страна од скопјаните.....
    [​IMG]
     
    На samovila.red. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    @Nausicaa Чудно како си ми ја пресекла реченицата на пола, па само овој дел го реплицираш. Зар не го прочита и другиот дел. Ете јас те разбирам мака ти е зошто таа да е примена со врски. Ај сега ти разбери ме мене дека ке ми е мака ако некоја ја преимат место мене само затоа што е скопјанка а е понеспособна.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јaс рекoв декa не требa дa се имa приoритет туку дa се бoдувa. Еве ќе ти кaжaм и зoштo. Кoгa плaќaш нештo нa уплaтницa ПП50 вo уплaтнa сметкa, пoле брoј нa oпштинa, си пишувaш брoј нa Бoгдaнци, Стругa...кoј oд кaде е и тие средствa верoјaтнo дел oдaт вo твoјaтa oпштинa. Е aкo е тaкa (не сум сигурнa кaквa е рaспределбaтa нa буџетските пaри, нo сметaм декa штoм се нaглaсувa не е зa џaбе...пa некaде пo тaa лoгикa рaзмислувaв) тoгaш требa дa имaм преднoст дa рaбoтaм вo грaдoт вo кoј живеaм бидејќи не сaмo јaс туку целa мoјa скoпскa фaмилијa вo тoa пoле пишувa 182.
    Уште еднaш, квaлитетoт требa дa е елиминaтoрен, местoтo нa живеење нијaнсa.
    П.С. Вo центрaлен регистaр имa тoлку мнoгу струмичaнки штo пoмислувaм декa вo СР имa регрутен центaр...или?
     
    На Daleron, cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  19. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Имам пријатели Македонци и во Гостивар, знам и таму како се живее многу добро, и да знаеш дека во Скопје просечна плата е 9000-10000 денари, свака ти част што си зимала во Гв 18000.

    Затоа неможеш да ме разбереш, реченицата нема да се мачам за 18000 денари доволно ми кажува.
    Тој што има мака, и секој денар му е битен затоа што нема кров над глава не бира каде и колку, работи што има додека не дојде подобро, ама не чека фотеља и после да плаче дека некој му ја земал зошто бил од Скопје или од Тунгузија.
    Моите зборови беа такви како што ги кажав, еве ќе се цитирам сама зошто очигледно ти или си ги промашила или така ти одговара |(|(
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    Прво, @MacaLove не знам како не ти е срам да не ставаш сите провинцијалци у тој куп на луѓе со одбранбен механизам "демек сите први напаѓаме", како да не ;)
    Баш напротив, мене ме имаат исмеано поради мојот дијалект у Скопје, ме нарекле провинцијалка, фаци ми правеле...ама знаеш што? - Сум чутела.
    Второ, според вашите постови дека треба овде да работам, студирам, умрам, бла бла бла...значи ние од провинција треба да ви забраниме да правите викендици по провинцииве, или да шетате, или идете на одмор.
    Аман бе, колку сте смешни, затоа не ни иде државава напред со ваков мозок, со вакво размислување, оти не знаеме да се цениме :x
    Од мравка, слон направивте !!
     
    На Rama, samovila.red., Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.