Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Буџетските пари споменувај ги кога ке има рамномерна распределба донесена со законот од 2007 год.
    Овде се зборува за вработување, а ти како работник плакаш секако данок на државата ( односно јајцата од животињата од споменик во Скопје). Се храниш во градот каде работиш, пазаруваш, кафе пиеш итн. Е сега ако се бодува местото на живеење како предност нели, тогаш нека се бодуа и работното време на тој што е од страна, од причина што тој троши време на пат. Проста математика.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    1 болд ЈАс мила не учев за да работам за просечна плата. Јас се убив од учење и пракси за висока плата.
    2. реченицата е таква, затоа што ја поминав таа мизерија од плата, ( просечна плата во МКД е околу 22000, а оваа од 9000 е најниска) се надоградив, усвршив и сега е време да си го земам заслуженото.
    3 не чекам фотеља и не учев за фотеља, а и никој до сега не ми зел работа, ама се бунеле дека сум им зела. А знаењето во приватно е битно. Уште немам слушнато да инженер во хидроцентрала зема 9000 ден, напротив сите земаат над 40000. И додека некоја решавала проблем со нокти, коса итн јас решавав проблеми на турбини, притисоци, кавитации итн и да не е исто хирург, кардиолог. стоматолог и физиотерапефт. Колку за пример
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    @okcenzi, јас немам проблем со нејзиното вработување, девојката едноставно имаше среќа што така и се подредија коцките. Боже мој, еден ден и мене ќе ми се насмее среќата(се надевам барем :) ) . Свесна сум дека кај нас скоро никој не се вработува преку оглас со CV, така да одамна сум помирена со такви ситуации... Ама затоа не можам да преболам што колешка од факс, Скопјанка исто како и јас, со решение се вработи на моето работно место од соништата благодарение на тоа што се плесна со директорот. Искрено, уште душата ме боли. Ќе разберев да трчала за партија па така да се вработила, или да имала врски, ама преку секс до решение...
     
    На Momichka, Daleron, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    И нa oние штo рaбoтaт вo Гермaнијa им рaчунaaт вo рaбoтнo време пaт oд дoмa дo рaбoтa? Нели прв Ви беше стaвoт декa нa зaпaд луѓетo рaбoтaт нa р.местa oдaлечени пo 3-4 чaсa вoзење. Блaзеси им aкo се нa 4 чaсa, сaмo си се вoзaт, oние штo пaтувaaт пo 3 имaaт и време зa пaузa.
    Амa Гермaнијa е тoa...
    И јaре и пaре немa.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Не тебе не те боли душата, туку тебе ти е чиста совеста и не се гадиш сама од себе, Тоа е најбитно. Таа еден ден под некои чудни околности ке замине, па побогу нема вечно да е млада и атрактивна. Ако тој истиот газда почне да тоне, ке те побара тебе и тогаш твојот труд и знаење ке биде дупло наплатен, а оваа ке ти биде кафекуварка. Го поминав ова во 26 годнина. Исиот лугуш од газда кој ја носеше неа на кафиња, мене душа ми вадеше, арно ама после се случи што се случи, па двајцата кафе и макијата ми правеа. Да не кажувам истата таа колку ми се лигавеше да и помогнам да остане на работа. А зошто да остане?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    98.703
    Сериозна си за првиот болд??? За вториот исто така??? Па на луѓето од Ск им наоѓаш мана како се мислеле многу оти се од Скопје, а ти со оваа реченица што се мислиш? Само ти си инжинер, други како тебе нема па сеа ќе те плаќаат и во милиони море ако треба. Без врска муабети, небулози на квадрат. Твојата е иста како онаа поговорката - Се смеело магарето на зајакот големи уши дека има!:^)
     
    На cresa-jagoda, Eli23 и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Очигледно ми ги превртуваш речениците. Јас не реков дека така треба и дека тоа е нормално, но кога веке на некој му е нормално да имаа повеке предност ( бодови) затоа што е од тоа место, тогаш и другите треба да имаат бодови затоа што не се.
    Види јас да сум приватник ич не ми е гајле дали ти си жена од Кочани или зелен мажјак од Марс. Мене ке ми е битно твоето знаење и колку ти придонесуваш. Ако ти како Земјанка си подобра од Марсовецот, тогаш ке бидеш ти добро платена, секако одбрана за работа, но ако Марсовецот е подобар, не ми е гајле дали тој треба да патува со марс и назад секој ден. Негов проблем. И нема да ми е криво ако марсовецот се пресели на Земјата и стане Земјанин.
     
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, ама кога ти е јајцето на газот ќе работиш и по струка, и плус ако треба нешто друго...тоа сакав да ти кажам. Нема тука испод част, туку мислиш да преживееш.
    Затоа не ме разбра кога зборев за мојот живот, затоа што не си осетила.
    :D:D:D аха, просечна плата 22000, мижи асан да ти баам:D:D
    За да стигнеш до 22 или над тоа треба да се окозиш, и пак дали ќе успееш, за жал тоа ќе успее кај 20% од народот бидејќи толку работни места има такви, а другиве што да праат?
    Реалноста е таа, дури некои земаат и 6000 денари колку да не седат дома :|
    Пријавени на пола работно време а работат по 12 саата...таа е реалноста...

    Не ви се криви ни вас Скопјаните, ниту нас провинцијалците, едноставно нема толку работни места за да се вработат сите што завршиле факултет по струка па се приморани да си работат за мизерна плата или да седат дома и да си умрат од глад и студ. Освен ако има кој да ги издржава.

    Знаењето секаде е битно, и тоа дали си работник или не. Не е битно од каде си, се гледа човек уште од прва кога ќе го видиш дали е за тоа работно место или не.
    Не е убаво да навредуваш некој како што пиша погоре дека била неквалификувана или незнам како кажа...од каде знаеш дали таа некоја што ја примиле наместо тебе не одговарала совршено за тоа работно место?
    Многу е лесно да плукаме по некој...
     
    На cresa-jagoda, Eli23 и Rama им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ајде жити се немој се онесвестувам. Бар кога веке читкаш нешто читни од почеток до крај. Јас не реков дека нема инженери. Но за последниве 10 години на мојот смер дипломираа само 12 од кои јас сум единствено женско. Од тие 12 дипломци и магистри 5на веке фатија по белиот свет. Така да јас имам понуди за работа на повеке места, но ете сега нема да можам да работам барам 1 година. Ако некој од моите колеги ја добие мојата работа со срека нека му е. Нема да се бунам ама ич, пошто знам дека и мене ке ме чека работа. Зборувам за мое работно место, не за некој медицинар или педагог. Јас кажав за мене работа има секаде, ама ке одам каде е работата на мм за да бидеме заедно целото семејство, не затоа што јас сум етен прибирлива и збесната, Си сакам семејството да ми е дома а не на пат, си го ценам трудот и маката и ке се борам да го добијам тоа што го заслушувам.

    За приот болд веке кажав, кога почнавме да се фалиме де.... Не ми беше тоа целта, туку наведов пример, ама некој си го зеде присрце и морав да одговорам соодветно. ;)
    1.Ок разбирам си имала тежок живот, но јас и останатите ако не пишуваме за тоа, не значи дека ружи ни цветале.
    2. Бидејки нема толку работни места, секако логично е да се бори човек со сите сили за да преживее.
    3. До сега никој не ми зел работа, туку наведов ппример, ако примерот од @Nausicaa. Знали јас навистина до сега не сум имала проблем за вработување најозбилно, но читајте ги другите и ке сфатите дека многу си имаат мака.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Скопје не е предмет за да се бориме за негова сопственост.
    Тоа што треба да не иритира е погрешната поставеност на капиталните проекти кои последнава деценија достигнаа воочлива експанзија во главниот град во однос на внатрешноста во државата. Квантитетот е во голема предност наспрема квалитетот кој иако го има е оставен на маргините на општеството. Трудот без силна позадина е ништо кога нема на кој ( читај врски ) да се потпрат очекувањата. Целата дискусија во темата е сведена на еден против сите и сите против еден типично за нашето поделено поднебје.
    Се изедовме меѓу себе како нација кој да надвладее во главниот град небаре е залак десерт што пропуштаме да го вкусиме. Проблемот не е во местото на вработување, туку во непоправливоста на нашите сфаќања. Наместо да се гордееме на нечиј изум во придобовките на новата епоха, ние со голема сила се обидуваме да го спречиме напредокот на поединецот без оглед дали е од подалечно село, непросперитетна средина или потекнува од Скопје и е негов жител. Кога ќе дозволиме таквите стручни кадри да ја напуштат државата и друг да им додели признание за стручност и макотрпна работа тогаш ќе се сетиме да пишуваме статии во кои ќе го воздигнуваме нивниот успех, па ќе го напишеме меѓу редови и местото на потекло кое одеднаш не е никаков проблем за напредок, од далечина ќе им аплаудираме не толку за позитивноста на случувањата колку за тоа дека е некој "наш", па направил нешто таму некаде. Тоа е одамна позната и видена лицемерност кон нашиот добро подготвен стручен кадар кој гради кариера во стандирдизаирани услови за работа за какви што овде може само да се надеваме дека некогаш ќе се воведат.
    Професионалната наобразба никаде не познава ограниченост како на нашиве простори од секаков вид. Секој е принуден да си ја бара среќата за гола егзистенција и не верувам дека мислите би ги насочил на бојно поле па ќе се пресметува со скопјаните. Сите сме луѓе и секоја работа бара максимална посветеност, концентрација и внимание. Љубовта кон истата не сите имаат можност да ја почувствуваат, но го прифаќаат фактот дека можеби припаѓаат во онаа група граѓани што треба да се засити со трошките што останале. Непотребни се тензиите и сарказмот во виртуалната комуникација кога истата таа никаде ја нема во реалноста каде треба да биде најсилно изразена.

    П.С. Испишани се девет страни во цитати и реплики за неполни два дена кои наликуваат на дискусиите во темата Свекрвите и снаите-проблем или буквално кажано кој ќе се избори за доминација во домот.
     
    Последна измена: 1 септември 2015
    На Annath, Jordanovska-K, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.149
    Допаѓања:
    175.053
    Пол:
    Женски
    Општо кога разговарам со пријатели им кажувам дека безразлика на место на живеење, националност, пол, секој треба да биди примен на работа према квалитетите кои ги поседува, е сега реалноста е поинаква. Сите (поќето) се примаат на работа со врски безразлика дали роднински, пријатели, пријатели на пријатели - небитно. Ако јас сум од Бт и работодавецот во Ск е од Бт шансите тој мене да ме знај и да сака мене да ме земи за да работам како пријател кај него се поголеми него на некој од Ск и обратно, ако работодавецот е од Ск тој има поголеми шанси да најди пријател и да сака да му направи „услуга“ и да му дај работа на некој од Ск.
    Оваа е реалноста па вие ако сакате испишете уште 8 други страници. Неколку пати дур читав бев изиритирана од екстермистичките мислења и преголемата нападност меѓусебе, се чувстував како да ве ставиме во Battle Royale ќе решевте се што е потребно. И најбитно, се фаќате за ситници, не знам колку забележавте, не се е насочено кон вас, don't get it too personal gurls (fingers)
     
    На Daydream, kjukli и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Знаеме на кој начин е вработувањето. Народот се дели на Скопјани и провинцијалнци, а сироти и они пред десет години дошле од некое село. Македонскиот менталитет е таков, се замара кој од каде е, кој го вработил, што завршил и од какво смејство потекнува. Секој ќе си работи онаму каде што успеал да најде работно место. Во западна европа патуваат и по 100км до работното место.

    Може таа имала врски. Имаш аплицирано на 50-60 огласи, а само еднаш те повикале на интервју. Знаеме дека повеќето огласи се колку да ги има во јавност и работникот веќе е најден. Во нормална држава на секој оглас ти враќаат повратен одговор, а во Македонија ни не знаеш дали го прочитале CV-то. Те викаат на прво интервју, а за второ не ти се ни јавуваат.
    Јас лично ако немам врски ни не аплицирам, знам во каква држава живеам.

    Последен пат видов оглас за продавница. Влегов внатре и познавав една друга вработена демек преку неа и ја прашав дали навистина бараат работници. И она ми вика дека вработиле еден и почнал да работи.
    А газдерицата ми вика: Па не знаеме дали ќе се реализира и второто работно место, па ни треба со големо искуство, има многу пријавени, бла бла. Наредниот ден гледам земале без искуство, која не знае да работи на каса.

    Знаеш дека вработувањето во тие фабрики демек странски инвестиции е исто партиски и со роднински врски?
    Еве пр во Штип во новата фабрика Џонсон Контролс
    Ги вработија сите од селата во источна Македонија, а кога аплицира некој од Штип мора врски. Каде да одат Штипјаните?
    Мене не ми смета тоа што вработиле цела источна Македонија. Секој сака да заработи за леб, ама да ги вработат и Штипјаните.

    Во Техникал Текстил првите 50 вработувања се по список, кој е кај портпаролката на градоначалникот. Вработување во Елкос исто партиски.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    ова нешто слично ко аптекине еурофарм кои се битолски, пола фармацевти што работат таму се од Битола .
     
    На cresa-jagoda и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. Dreamer-V

    Dreamer-V Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Провинцијалка сум. Од град кој негувал градски живот многу порано од Скопје. Моите имаат куќа од 500 квадрати во центарот на градот која за жал зјае празна зошто брат ми замина во странство а јас тука. Студирав тука зашто во мојот град немаше адекватни студии за моите интереси. Засега тука ја гледам својата егзистенција, а понатаму можеби надвор од државава. Мојот колега заврши дисперзирани студии од нашиот факултет во провинција, без да влезе во лабораторија, а јас 60% од времето за студирање го поминав таму. Затоа дојдов тука. Подобри услови за школување.Не продаваме сите ниви, за да дојдеме и се омажиме во Скопје. Туку за да можеме професионално да се реализираме живееме во многу поскромни услови отколку во домот од кој сме излегле. Да има работа сигурно би се вратила во мојот град, ама нема.
     
    На RedWine, Kataklinkers, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    Не велам дека е фер (напротив, воопшто не е) ама некако разбирливо ми е кога некој постар газда или директор (кој живее во друг град) на прво место ќе си ги стави сограѓаните. Искусил на своја кожа како е да се живее во друг град, далеку од семејството и сака да помогне. Не станува збор за Еурофарм, инаку :)

    И сега ти труди се, дипломирај, запиши магистратура, учи странски јазици, полагај за сертификати и на крај ти ќе седиш дома и ќе плетеш (нели, мерка на владата за намалување на невработеноста) а полуписмен лепач на плакати ќе си работи...
     
    На Kataklinkers, kjukli, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    не ни мислев за еурофарм дека збориш само го дадов како пример дека тука предност имаат битолчаните , зашто темава се отвори и се збори за тоа како скопјани имале предност за некои работни места ( што воопшто не е точно) , и сега испаѓа дека е оправдано битолчани да се вработуваат во битолска фирма , а не е скопјани во скопска фирма така му доаѓа :)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Во претходното мое мислење имав напишано дека не ми смета некој кој е од провинција да дојде да работи во Скопје, ако со Сопствен труд и знаење завршил факултет, затоа што таквите се РЕТКИ и во Скопје може да се најде место за таквите.

    Но, многу ги има што не ги бива и без мака (сакам да кажам со купени дипломи, без соодветно образование и квалификации, со врски) сакаат да дојдат во Скопје за подобар живот.

    Кажете ми каде таквите да се вработат во Скопје? Каде има место за сите во Скопје?
    Ајде цела Македонија дојдете во Скопје да видиме дали ќе има место за сите.

    А уште нешто, за пример ќе ги земам охриѓаните. Тие не сакаат Скопјаните, да им отидат на одмор, им го валкале езерото, а не па да отиде некој од Скопје да работи во Охрид, очи ќе ти истераат.
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    Не е оправдано, во никој случај но такво нешто имало од секогаш. Во златното време на Југославија, дедо ми имал директор кој потекнувал од некое село зад грбот на господ и кој буквално цело работоспособно село го преселил во Скопје и го вработил во фирмата каде бил директор. Ама тогаш имало работа за сите па овие вработувања не боделе очи како денес што се случува.

    А да е стварно предуслов да си скопјанец за се вработиш во скопска фирма или институција, немаше да има таква невработеност околу мене и немаше мои другарки и другари да одат на бродови и да вадат бугарски пасоши со надеж дека ќе фатат магла од државава никаква.
     
    На Daydream, black-angel, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.165
    Допаѓања:
    81.684
    Пол:
    Женски
    Оние т.н. студенти, драга цреша-јагода со купени дипломи и факултет преку врски на кои ти толку многу алудираш, обично имаат партиска позадина. И еве не знам, еве и сама гледаш како има место за нив и по Скопје и насекаде.
    Додека ти прашуваш каде, они веќе одамна си нашле, т.е. добиле и работно место и сето останато по ред.

    Како успеа да смениш став од завчера до денес, мислам алал вера.

    Патем, @Nausicaa ме пресмеа со делот за Југославија и се потсетив на муабетот на дедо ми. Тој велеше, дека „фирмата“ која ме студира - во овој случај факултетот, потоа и треба да ме вработи и да ме држи на работно место додека да си ги повратам средствата вложени во студии. Потоа ако сум била кадарна (и тука не се мисли на никакво ширење меѓуножја), сум можела да задржам поцизија или пак сум била слободна за да се снаоѓам сама по светот.
    Сирот мој дедо, секогаш му климав со глава и му велев дека ќе биде така само за да не го носам на душа.
     
    Последна измена: 1 септември 2015
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y, vitamina, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Ама луѓе не се држите до темата. Партиско вработување нема врска со градот, може и од Скопје да се вработи некој со книшка.

    Што се однесува до моето мислење, далеку полесно е да си живееши работиш во својот град, отколку да патуваш или да живееш сам. Би било пресмешно јас да осудувам некој заради одлука која и самата би ја направила кога не би била во Скопје, а и моите се преселиле од мало место.
     
    На Dreamer-V, Priroden и macedonec15 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.