1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во Скопје од други градови

Дискусија во 'Канта' започната од nadja29, 30 август 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    Партиското вработување е веќе секојдневие, едноставно е неизбежно за спомнување и најголемиот дел од вработувањата се спроведуваат по оваа основа, еве читате и погоре низ мислењата.

    Само сакав да и` кажам дека не е баш така како што мисли и дека оние наводно „ретки“ кои заслужувале да работат тука, не се баш толку ретки како што очигледно си замислила.
    Јас познавам многу такви од различни градови, кои дури и пред да дипломираат биле земени на работно место без партиска основа, со сопствен труд, знаење и квалитет.
    А тоа што ставови се извитоперуваат преку ноќ е друга работа, мене не ме засега.

    Сите сакаат да работат дома во родното место, никој не доаѓа во преценетата метропола од аздис.
    Но, каде да се вработи некој инженер од Кратово или Делчево, да речеме. Во Општина?
    Ah, wait...
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y, tessie, vendiii и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    в
    Воопшто не се согласувам со тоа што е подвлечено погоре.Зар само оние што идат од внатрешноста се неспособни,недообразовани со купени дипломи и се вработуваат со врски?!Навистина ,ли не познаваш некој од Ск што одговара на гореопишаниот профил?!Навистина,нема ли да ти смета некој таков да се вработи само затоа што е од Ск а,ти смета само за тоа што е од провинција?!Навистина дволично од твоја страна.
    Абе си велам начитана,образована младина,со космополитски и отворен дух ,без предрасуди кој од каде е и потеклото да се смета како основен фактор за нечија вредност и компетентност.Ама јок!Некои мислења се копи пејст на мислењата од нашите баби,толку многу конзервативни и ограничени,дури да не веруваш дека се пишувани од млада личност родена во нашата ни метропола.Само едно ќе кажам големината на човекот е во неговиот дух а,не во местото на неговото раѓање!За џабе си од Ск кога во најмала рака мислењето ти е средновековно.
    Што се однесува за мене лично, не сум будала платата од 1200 што ке ја земам во Ск половина од неа да ја давам за кирија и сметки но,доколку би нашла работа која е подобро платена,во склад е со мојата професионална определба и ме исполнува разумно е да ја прифатам.И незнам што е тоа толку чудно и толкав отпор?!И да факултетот го завршив со висок просек без врски,седев и под кирија и на стан,не се пијанчев ,не се дрогирав и не се проституирав.Всушност никаде во устав не пишува дека неможам да барам работа во Ск.
     
    На Dust, Ashling, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    О Боже, луѓе идат у други држави да работат, на нашиве им е проблем ако „провинцијалци“ се вработат во Скопје...
    Квалитет луѓе, квалитет треба да е во прашање, а не кој си, од каде си и чив си...
    Те,од таквите си патиме...
     
    На Animali, Safir4e, Jenniffer и 5 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Да, може ми се сменил ставот, не викам не, откако прочитав и некој други мислења и во право сте кога кажувате за партиските вработувања. Може не бев во право во моето прво мислење и на почетокот кога ги ставив сите во ист кош, но за тоа причина најголема беше тоа што освен што од Скопје преку партиски врски се вработува несоодветен кадар и во државен, па и во приватен сектор, преку партиски врски се вработуваат и несоодветни кадри од цела Македонија тука во Скопје. А невработени остануваат оние што заслужуваат да бидат вработени и од Скопје па и од останатите градови.


    Затоа е и форумов, да размениме мислења и ставови, да размислиме дали нашето мислење е исправно или не.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    6.584
    Пол:
    Женски
    Ако во Скопје не се вработуват луѓе од градови ќе нема кој да ги купува тие станови од новите згради. :)

    Нормално е да е има миграцијата кон поголемите градови кога таму постојано се градат нови живеалишта.
    Пример, имам слушнато дека во Словенија, и да сакаш да одиш да живееш во Љубљана, нема каде. Становите се тие. Ако сакаш патувај секој ден од некое селце, ама пример кирија од 500 евра во самата Љубљана, нема. И ќе видеш - нема да видиш, ќе си останеш таму.
     
    Последна измена: 2 септември 2015
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    @MacaLove не ми е јасно со какви луѓе си обиколена и со какви се дружиш, ама изгледа како секојдневието да ти е уништено од провинцијалките. Ако си локал патриот, ама не се нервирај.

    Плус, веќе никој не сака да оди во Скопје. Сите во Германија, Америја, Шведска и сл... без грижи :)
     
    На Animali, Rama, samovila.red. и 9 други им се допаѓа ова.
  7. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Проблемот не е дали некој од провинција или од Скопје го добил работното место, проблемот е што нема доволно работни места!!!! Доколку се цветаше во државата како што тоа го прикажуваат на Сител тогаш секој ќе си се вработи каде сака и тогаш работодавците ќе се тепаат за добри работници (од било кој град) платите ќе скокнат, стандардот ќе се покачи и нема секој втор граѓанин да сонува да замине во Германија за да најде работа. До кога меѓу себе ќе се мразиме а ќе мижиме за се што се случува околу нас. И ја знаете сите онаа раздели па владеј? Сите сте во иста каша ама несакате да си го признаете тоа зошто е полесно некој друг да се мрази одколку да се обвиниш себе си за ситуацијата во која си.
     
    На jacqueline.s, Dreamer-V, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Секој оди онаму каде што си ја гледа шансата за подобар живот.
    Секој се буни онаму каде што се плаши од конкуренција.
    Секој е прост и идиот што Скопје го рамни со метропола.

    Или опрајте се или некоја провинцијалка пак ќе ви земи работно место.:D
     
    На Safir4e, Rama, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    6.584
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е многу посериозно, затоа што девојките од страна кога имаат за цел работа во Скопје, тоа значи и Скопјанец. 4 другарки се омажија и вработија во Скопје. 3 од нив се со Скопјанци.
    Да не беа овие моите другарки, немаше да можат женичка да си најдат. Ама ете :)

    Мислам дека проблемот е повеќе со женските. Некако целиот животен сон им е Скопје.
    Не велам сите, ама повеќето (и јас сум од провинција, ама кога не ми е животиот сон Скопје и Скопјанец, не се вреѓам и не се пронаоѓам во него)

    Имате сериозен проблем да.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    И јас работам во Скопје, а сум од друг град.

    Студенскиот живот ми беше едно прекрасно позитвно искуство. Нели непроспани ноќи над книгата и многу кафиња ама тоа се слатките маки на еден студент, ех камо да се вратат:lol:. Живењето сама за мене беше плус, станав вешт кулинар, а претходно што се вика ни јајце не знаев да спржам, гуглав како се вари ориз. и научив да го пуштам чудото наречено машина за перење.:rofl:

    Така да не мислам дека студентите од страна се обесправени, лично за мене тоа беше еден пат кон зрелост и осамостојување. Мое мислење е дека тие што не студираат во својот град се во предност во однос на животното искуство и градењето на личноста.

    Нејсе, дипломирав, со висок просек ,курсеви, јазици и волнонтирања. Работа ни за лек, а аплицирав секаде каде мислев дека исполнувам услови, во мојот град, во Скопје и околните градови. Добив некои понуди кои беа смешни и не нудеа можност за напредок. И така по година и нешто волонитирања и праќање cv ме повикаа на интервју на работното место каде што сум сега и го добив. Зготвено немам кога ќе си дојдам дома и сметките сама си ги плаќам. Тоа за минус не го рачунам, секој возрасен човек треба да го прави тоа.. Моите ги гледам секој викенд.

    Дали имам проблем со скопјани, глупости. Со никој нормален човек немам проблем. Дали на некој му сметам, не знам та не живеам за другите де. Ако некој ти смета оти е од друг град тогаш мора да имаш тешки комплекси и фрустрации, друго не знам што би можело да биде. Инаку сите сме луѓе некои подобри некои полоши... Јас така ги делам луѓето.

    ПС; Дечко ми не е скопјанец.:rofl:
     
    На imelda, samovila.red., Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Што е тоооолку пресериозно, Момичка? За војна и бомби не правиме муабет.

    Јас пак да сретнам некоја таква преплашена скопјанка па на главата ќе и' се качам, ќе ја пукнам од нервози. Зашто стравот може да се оправда од неа внатре, друго нема.

    А да, некој спомена и студентски домови, точно е дека се катастрофа и повеќето се таму колку за екскуризија, ама па оти и за тоа се вие нервирате? Со такво деструктивно понашање сигурно нема да ви ја зедат работата.
     
    На samovila.red. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    10.439
    На брзинка пролистав, стандард муабети кога станува збор за „провинцијалци“ наспроти скопјани.
    Искрено на исто рамниште ми биле од секогаш и оние кои плукаат по секој што доаѓа од друг град, како и оние па другине што неуморно прават „шеги“ за скопјани и нивната дигнатост. Јас пак мислев дека човек се почитува поради други работи, а не по родното место во лична карта...шејм он ми.
    „Ама знаеш јас се шалев така само си зборувам, не е дека некого мразам“ - Не...значи фрустрации се гледаат од километар, предрасуди, создавање слика за човек уште пред да ти пружи рака за да си кажете здраво. И не, не се шалите кога од околу буцкате и ругате, не сме од вчера.
    Што мислам јас лично по ова прашање како скопјанка? Се надевам апсолутно истото што го има во главата секој разумен човек. Апсурдно е да се забрани некому каде да оди да студира, живее, работи. Апсурдно е да се мери некој според тоа од кој град, населба, маало доаѓа. Сериозно мислам дека не се движите доволно помеѓу народ ако навистина мислите дека сите македонци се пукнати да дојдат да живеат во Скопје. Загушливо ви е и гнасно? И на другите што доаѓаат им е. Гужва ви е во 8 наутро? За сите е гужва. Ни мене не ми се допаѓа во што се претвори градот, не е е функционален, нема воздух, во зима гуши смог, во лето врие асвалтот, бучава од сите страни...градов може да го сака само оној кој има убави спомени од него. И сега што? Решение ли е да се бара кривицата кај оној што дошол овде да си ја бара среќата, некој што сака да се образова, да успее, да работи нешто што го исполнува, инспирира или барем му носи плата за удобен живот каков што си замислил?
    Конкуренцијата како ќе ја прифати некој зависи само од неговите амбиции. Нормално дека ќе му пречи на некој кој веќе нема идеја како да се издигне над она што е во моментот. Всушност иститие тие кога не би постоел „провинцијалецот“ би барале други причини за својот неуспех...курва била другата на сите им ширела нозе, внука била на секретарката, сестра на владиката. Далеку од тоа дека вакви случаи нема, дека врските и непотизмот не се длабоко навлезени и во државниот и во приватниот сектор, но тој профил на луѓе верувам сите многу добро го знаете, затоа што со години го мелат истото и не мрднале од мртва точка. Конкуренцијата не му пречи на оној кој може да се носи со неа.
    Од друга страна и јас сум за тоа да заживее државава, да се вратат луѓето по градовите и селата, да имаат сите нормални услови за живот и да не мора да се гледаат со фамилиите еднаш месечно или по скајп. Уште посигурна сум дека и они би го сакале тоа затоа што никој при здрав ум не си оди од дома ако има се што му треба. Проблемот кај нас е што и не треба да посакуваш премногу, а сепак повторно ќе се најдеш во ситуација баш тоа да ти фали, ќе се почувствуваш како сопствената кожа да ти е тесна. Ќе речете „врати си се во својот град после студиите, таму развивај бизниси и барај огласи“ како тоа да е стварно толку просто како што се кажува.
    Работата е таква да на државно ниво мора да се менуваат некои работи од корен, а не да се чека на индивидуалци да не спасат од хаосов. Никој нема да си ги жртвува својот живот и соништа за општо добро. Секој си гледа нему каде ќе му биде најубаво и каде ќе биде најсреќен. Така и треба да биде и никој никому не треба да му се лути за тоа. Дури некогаш не е проблем и само работата туку и општиот квалитет на живот, малите ситници што те прават среќен, да отидеш на кино, на театар, на куглање, на шопинг, да имаш во близина разни здравствени установи, квалитетни образовни институции и сл. Луѓе секаде во светот постојано се селат, одат во потрага по подобри услови за живот компатибилни на нивните желби и потреби, зошто тоа би било чудно и за тука? Животот е борба и секој си е одговорен сам за себе. Ако во нешто сум сигурна тоа е дека сигурно утре нема да одам да му се извинам на некој Германец ако му ја земам работата, исто како што мене сега не треба да ми се извини некој од друг град во Македонија.

    И уште една работа, го имам кажано ова и на друга тема. Сите ние имаме жални и трогателни приказни, некој животот го гали повеќе некој помалку, некој ич. Секако тоа исто така не зависи од родното место во лична карта. И секако има многу други контра примери да се дадат и ќе дискутираме до бесвест., само многу ќе напишеме, а малку ќе кажеме, пошто темата не е тоа.
     
    На Safir4e, Rama, Jordanovska-K и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    6.584
    Пол:
    Женски
    Беше заебанција.
    Јас сум централна провинција. Тотално уживам од фактот што имам и селски корени во моето провинциско потелко. ;)

    Сериозно е, ако не се потрудат да бидат рамни на квалитет скопјани со луѓето од провинција, и работата и слободните мажи ќе им ги нема ;)
     
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Ах, вечната дебата „Скопјани“ наспроти „провинцијалци“ (зашто провинција е се што не е Скопје, нели). Се кажаа секакви работи, паднаа навреди и за едните и за другите, па и за Скопје, кое било вакво, такво, загадено и не знам ти што. Ама, проблемот за кој всушност се работи на темава – вработувањето, е многу подлабок и посложен од едноставното „Провинцијалците им ја земаат работата на Скопјани“.

    Прво, што се однесува до девојката што ја отвори темава, мислам дека е апсурдно да се мисли дека Скопјаните имаат предност (или треба да имаат) при вработувањето во родниот град во однос на некој друг. Друго, ако добро разбрав, на интервјуто за работа тоа не и го ни кажале, туку и забележале во однос на годините, а таа самата си донела заклучок дека е одбиена затоа што не е од Скопје.

    Работа кај нас се знае како се добива (најчесто) – или со врски (роднинско-пријателски) или пак според „заслугите“ и „придонесот“ даден во владеачката патрија. Речиси сите огласи за работа се формални, кандидатот кој ќе се прими е познат уште пред да излезе огласот, а останатите ги одбиваат кажувајќи им некакви безвезални причини или па, без никакво објаснување. Ама, дури и некој да ви каже дека не сте ја добиле работата затоа што Скопјаните имаат предност, треба да сте свесни дека ова не е правата причина.

    Проблемот со вработувањето во Македонија е сложен и повеќеслоен, со длабоки корени. Пред се, вината е во државата, општеството и на крај, во самите нас, како народ.

    Државата е винововна бидејќи немилосрдно произведува високообразован кадар, донесувајќи закони како оној за задолжително средно, и на уште многу други начини, со кој практично не принудува сите да станеме академски граѓани, а факт е дека не се сите скроени за тоа. Со ваквата политика, се создава вишок на високоедуциран кадар, за кој едноставно нема побарувачка на пазарот на трудот.

    Овој проблем се обидува сега да го реши со странски инвестиции и отварање на фабрики (кои, според условите за работа и платите кои ги нудат, подобро и да не се отвореа) кои побаруваат високообразован кадар, но за работни места кои реално може да ги извршува и работник со средна стручна спрема, без никаков проблем. И така, сега сме во ситуација во која инженери работат на места на работници.

    Друг проблем е централизацијата на индустријата и се останато во Скопје, нешто што се случува со години наназад. Останатите градови се целосно запоставени, без никаква перспектива, па не е воопшто за чудење што луѓето од овие места се принудени да бараат работа надвор од своето родно место.

    Системот претставува уште еден огромен проблем. Ситуацијата во која сега се наоѓаме, кога за да се дојде до работа мора да се „збркаат“ врски или да се членува во партија (или и едно и друго) е, во најмала рака, мрачна и тажна. Па дури и за време на Југославија, кога речиси сите беа членови на КПЈ, човек можеше да си најде работа ако не е член на партијата – нашава денешна „демократска“ ситуација е бетер од било кој комунистички, тоталитаристички и диктаторски режим.

    Општеството исто така не „форсира“ на високо образование и преквалификација. Кај нас е срамота ако немаш факултет, а притисокот за ова доаѓа пред се од семејството и средината - „Мора да завршиш факултет, денес кој се нема факултет, оној глупавиот син на Љубица заврши, па зар ти да останеш само со средно?“ – и други муабети од овој тип. Кај нас ако у денешно време немаш факултет, одма се гледа на тебе као нешто да ти фали.

    Нема ништо лошо или срамота во тоа некој да остане само со средно образование – тоа не го прави ни поглупав ни помалку вреден. Познавам многу луѓе со средно образование кои се одлични во работата што ја работат и се многу попаметни од денешниве исфорсирани факултетлии, кои завршиле факултет затоа што „така треба“ или „мора“, а не затоа што сакале или па затоа што ги бива за тоа што го учеле.

    За крај, народот, односно сите ние, кој исто така има голем број на проблеми. Прв проблем е што откако некој ќе заврши факултет, потоа не сака да прифати работа што не му е по струка – што е сосема разбирливо. Се мачел да заврши (на пример) Економски, а се запишал зашто неговите го натерале („таму се парите“), иако ниту имал афинитет ниту го бива за економија. И сега, кога конечно успеал да дипломира, дознава дека работата што го чека е да биде касиер, магационер, да растовара камиони или да биде шофер.

    Но, истото важи и за луѓето кои со љубов си го завршиле факултетот, па потоа се соочиле со суровата реалност дека работа во нивната струка нема, ниту ќе има, туку ќе мораат да работат како општи работници од еден или друг тип. Ваквата ситуација раѓа фрустрации и одбивност кон работата, што е сосема очекувано и оправдано. На крај креава, за да ја работи работата што му се нуди, факултет воопшто не му требал.

    Друг проблем во нашата психологија како народ се ставовите од типот „Ведната глава сабја не ја сече“, „Викај ме и грнче, само немој да ме скршиш“, „Ќути, може и полошо“ и слични народни „мудрости“ кои се длабоко вкоренети во нашата психа. Значи, премногу сме толерантни и трпеливи. Секако, за ова е одговорна и немаштијата и бедата во која живееме и секојдневната борба за егзистенција. Ова работодавците го користат и ги злоупотребуваат вработените, терајќи ги да работат прекувремено, за минимална плата или воопшто и непријавени, затоа што знаат дека дури и ако некој си отиде затоа што е незадоволен или не може да ги издржи нечовечките услови, за неговото место има уште најмалку 10 кандидати кои едвај чекаат на ваквата „прилика“, пошто нели „ќути, може да биде и бетер“.

    А освен тоа, да не заборавиме на предрасудите кои многумина ги имаат и за кои самите сме си виновни – „Скопјаните“ за „провинцијалците“, дека се неписмени и некултурни, и „провинцијалците“ за „Скопјаните“, дека се дигнати и ставени у филм. Исти вакви безвезални предрасуди постојат и во рамките на самите градови – како некои семејства се „прочуени“ и некои презимиња познати. „Знаеш, он е од познато семејство, стари Скопјани“. Е јака муда, богами (извинете ми на изразов). Не ми е јасно како тоа што нечии баба и дедо се родени во Скопје го прави позаслужен или „подобар“ од некој друг чии родители се доселиле во Скопје. Или па од некој кој самиот се доселил во Скопје. Луѓето треба да ги цениме врз основа на нивниот карактер и лични карактеристики, а не според местото на раѓање.


    За тоа како да се решат овие проблеми, не можам да дадам едноставен одговор, бидејќи е потребно да се сменат многу работи. Претпоставувам дека секој треба да тргне од себе и да ги промени своите ставови.

    Се додека ни е нормално за секоја работа што треба да се заврши да бараме врски (пошто нели без врски ништо не можеш да направиш) и се додека ни е нормално да се зачленуваме во партии не поради идеологијата, туку за гола егзистенција, се додека ни е нормално да патуваме со автобуси и мафтаме со знамиња по митинзи против своја волја, за да го задржиме работното место, и да сликаме гласачки ливчиња, и се додека ни е нормално да работиме за минимална плата, затоа што може и полошо, работите нема да се сменат.

    Факт е дека ако сите одбијат да работат за минималец, работодавците ќе немаат избор, туку ќе мораат да ги покачат платите. Факт е дека ако сите одбијат да работат надвор од работното време (освен ако не се плаќа прекувремено), работодавците ќе мораат да го почитуваат законот. Но, се додека работниците не се единствени за ова, работите ќе стојат во место.

    Се додека имаме предрасуди едни кон други, врз основа на националност, вера, место на живеење, дијалект итн., работите ќе си останат исти.


    Малце одолжив, ама тоа е бидејќи проблемот не е воошто едноставен како што имплицира изјавата „Провинцијалците им ги земаат работите на Скопјани“.

    Секој треба да има можност да го работи она за што учел и да прима нормална плата за тоа, од која може да живее пристоен и нормален живот. Исто така, секој треба да има можност да живее каде сака – некој можеби цел живот имал желба да живее во Скопје, па се доселил тука, и тоа е ОК; некој па од Скопје може сака повеќе да живее и работи во некој помал, помирен град – и тоа си е во ред. Смешно е да очекуваме само затоа што ако некој се родил во некој град, дека треба и мора да остане да живее и работи таму до крајот на животот. Секој си има свои цели и приоритети во животот и треба да си живее според нив.

    Но, кога би имало работа по струка и нормални плати за сите, во сите градови во Македонија, а не само во Скопје, проблемот за кој зборуваме сега воопшто не би ни постоел. Што значи, проблемот не е ниту во „провинцијалците“, ниту во „Скопјаните“, туку во некои други работи.
     
    На okcenzi, Priroden, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Абе да кажам нешто.Иако беше пред 100 години ама провинцијалкиве со стан под кирија мама ебаваа.
    Денес е исто во скопјево се просперира со ум или со пи*ка.
    Ај создравје
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    @Daleron, и по толку мислења и разглабања на темава, и по еден исклучително методичен одговор над тебе :lol:, ти ја најде суштината на проблемот. (facepalm)
    Не сум те следела по темиве, па уште не ми е јасно дали тролаш според тоа што сум го прочитала.
     
    На galapce, Magnolija, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    АААААААааааааааааааааааа не тролам ај прочотај ме за да видиш колку сум искренА.
     
  18. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Девојката што ја отвори тема има доволно години за да аплицира за работно место.како второ очигледно гледаат од каде си пошто 1000000 пати ме праша каде ќе живееам и дали имам место каде да живееам што е нормално дека кога аплицирам размислувам за место на живеење и како трето нели треба да се гледа способности и знаењето што го имам во споредна што другата кандидатка го немаше .значи мојот заклучок е донесен врз тоа што сигурна дека дека гледаат од каде си а не гледат знаењето и способностите
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    Дека предрасуди постојат, постојат. А не треба да има. Ама @nadja29, и јас не сум сигурна дека си била дискриминирана во случајов. Од каде знаеш дека девојката немала доволно знаење и способност? Можеби подобро се претставила на интервјуто и оставила добар впечаток. Прашањата што ти ги поставиле никако не биле во ред, ама можеби само сакале да те збунат, тоа е честа тактика на интервјуирање.

    А за мислењата на темава за провинцијалки (со назнака во женски род, мислам аман!) немам ни што да искоментирам. Не ми е јасно како може да имате такви ставови. Образование, вештини и искуство - тоа е лојална конкуренција. Тука не влегуваат географски одредници, и нема зошто да бидете огорчени ако провинцијалка ви го 'зела' потенцијалното работно место.
     
    На Kukla994, Bender Rodriguez и Mishela им се допаѓа ова.
  20. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Типката не знаеше англиски ,а додека за работно место се бараше да се знае англиски јазик,зошто не беа постапиле како за другите работни места да ни даде по 15минути да организираме час и да одбереше кој е подобар .Ама ајде со среќа не е да не излезе дека јас сум лоша и завидлива
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.