1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во еден, а живеење во друг град

Дискусија во 'Барање работа' започната од memory, 20 септември 2012.

  1. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Свесни сме сите дека најголем број од вработувањата се во Скопје. Затоа би сакала да слушнам дали познавате некој што патува за Скопје секој ден за на работа. Јас имам два часа пат до таму, но како што стојат работите во мојот град тешко дека ќе најдам некоја асална работа, па си велам подобро да патувам секој ден барем да работам по струка. Инаку сум економист. :(
     
  2. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    А ти мислиш дека тука има работа на претек? Епа нема драга, нема за нас скопјаните па не за други од страна, еве ме и мене со факултетска диплома па дремев у бутик до пред некое време за мизерна плата а сега дремам дома |( познавам една колешка од Кавадарци од факултет од април месец е тука со маж и под кирија седат двајцата со факултет па не најдоа ништо работа, поработе маж и во една продавница за мебел некое време и толку, ми велат сега ќе се враќаме назад, нема работа било каква а па не по струка за тоа може да сонуваме само... да не те разочарувам ама најискрено ти кажувам :!: :hai: :hai:
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Познавам луѓе кои секојдневно патуваат скоро по 2 часа во еден правец за работа во Скопје. Ако си најдеш работа зошто да не, не ја слушај девојката под тебе нека не те обесхрабрува, таа се плаши да не и земеш работно место... ]:)
     
    На crazylady, imelda, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  4. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Доколку веќе си нашла работа што ти одговара и сакаш да ја работиш, тогаш зошто да не? Ќе си патуваш секој ден до Скопје и назад, е сега можеби ќе ти биде тешко на почетокот но можеби ќе излезе и друго решение ;) Сакам да кажам немој да испушташ добра работа според струката, бидејќи свесни сме што на денешницава во Мкд. значи работа според струката. Инаку јас имам колешки што секој ден организирано патуваат од Велес (работат на различни места но си организирале превоз), па и тоа ти е добра идеја ќе имаш поефтин превоз.

    Инаку и јас сум од друг град, по студиите останав Скопје и пред некоклу месеци се вработив според струката, сега на почеток е потешко, но мене ми с супер го работам тоа за што сум учела и што најдобро го познавам. Па така и јас мислам дека во Скопје има поголеми можности за пронаоѓање работа според струката.

    Ти посакувам среќа и мој совет ти е да не ја напушташ работата само заради оддалеченоста :*
     
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Јас не би предложила работа во Скопје, а живеење во друг град кој ти е оддалечен 2 часа од Скопје поради тоа што е многу напорно.
    Тоа ти се 4 часа поминати на пат и 8 часа работно време и рачунај дека 2 часа ќе изгубиш пред одење и после враќање од работа..
    Ти остануваат само 10 часа, кои се разбира би ги користела за спиење после истоштувачкиот ден.
    Твојот живот ќе се сведи на работа и патување, а со тоа темпо тешко дека долго ќе издржиш.
    Татко ми работи во Скопје и живеам во град кој е два часа оддалечен од таму (ако одиш со автомобил) и ја разгледуваше опцијата да патува секој ден, но тоа не беше изводливо.
    Сега седи таму 5 дена во неделата и 2 дена е дома, бидејќи нема друг избор.
    Кога веќе одиш на работа и земаш плата подобро ќе ти биде да живееш во самиот град, бидејќи истите финансиски средства ќе ги потрошиш за патување, а животот ќе ти стане катастрофа.
    Но, пробај, види си, најдобро е на своја кожа да го почувствуваш тоа за да се увериш. :)

    Велес е на 30 минути оддалечен од Скопје, максимум 45-50 со побавно превозно средство.
    Два часа пат во еден правец е истоштувачки тешко да се поднесе.
     
  6. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Во право си за ова, Велес е прилично блиску, но затоа јас и предложив да проба. и потоа сама да си оцени како и одговара :)
    Зборот ми беше ако веќе најди рабора зошто да не проба, преку работата се отвараат нови контакти со луѓе од својата професија, па потоа можеби ќе можи да се премести во својот град, да најди друга работа и сл.
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    искрено ти побрзо ке стигнеш во скопје отколку некој што живее во драчево или слично, без навреда,но е така ....лугето во светот патуваат по 4часа за да стигнат на работа а ние се буниме за еден час ,...важно е да најдеш работа , да ти се исплати.
     
  8. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Бог да чува..прво јас не сум економист за таа да ми земе работно место :!: второ не си се поддржувајте по таа жичка :wasntme: трето кажувам како што е, се нема работа веќе во земјава тоа е факт, а Скопјево е преполно , да не расправам сеа тоа е веќе друга тема..али не може некој од страна да работи а некој роден и израснат тука да не може да најде работа :?: мора да се донесе некој закон мора :P
    Што да правиме ние скопјаните ако сите од внатрешноста се запослат тука? Кај да идеме ние ? :x

    И чиста глупост е тоа ако работно време почнува да кажеме од 8 саат , она треба да стане во 5 да се спреми, да фати автобус и да дојде, доаѓа и зима, а зимно време мраз , снег, се вози бавно ќе треба повеќе време :| цел ден у патување ќе и мине :rofl:
     
    На LejdiD и Miamigirl им се допаѓа ова.
  9. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    во секторот на вработување нема потреба од тоа кој од каде е? секој со своето образование и квалитети!тоа се вреднува и тоа е во прв план.секој се бори за свое место под сонцето!
    а за тоа ние од скопјево кај да одиме |( ???што ако некој е од пр.велес и има супер квалитети и неможе да се вработи во скопје само затоа што не е од скопје!!! мислам nonsense :tmi:
    нека се вработи нека види ако може да издржи ако нека патува и по 2 саата. ќе стекне искуство па дај боже да си се вработи во својот град.македонија е толку мала , работа нема никаде не само во скопје па кој каде може и сака нека си работи...нема потреба од препирки ,ниски удари и коментари :)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Абре 2 саата се патува од Охрид до Скопје а сите др. градови мање више стигаш за пола саат до саат.
    Еве јас од Ку-во па за 20 мин си во Ск. Има многу што патуваат со години па не им е проблем, туку има друг проблем. По Закон работодавачот треба да ти го плати патот (се она што е над 5-10км од место на живеење до раб. место). Месечно е некаде околу 2500ден (не ме фаќајте за збор). Е тоа дали сака да го плати а и ретко кој го плаќа?!?! Ако не ти го плаќа патот кога од плата ќе одбиеш пат и храна калкулираш дали ти се исплати и дали сакаш да работиш за таа пара.
    Инаку за добар кадар не е проблем воопшто ама повеќето газди се прават ,,газди,,.
    Сите се рамноправни на понуда на работна сила само зависи што и како си бара работодавачот.

    Еве ти споредба - Што да прават оние во странство кога дошол некој од Мк и им го зел работното место, да ги маваат назад во своја родена земја? И не само од Мк, туку од цел бел свет.
     
    На crazylady и Moira им се допаѓа ова.
  11. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Ќе одиш таму каде што ќе најдеш работа.Ако некоја од внатрешноста ти го земе работното место затоа што е поквалитетен кандидат тогаш кој ти е крив?Апсурдно е да бараш секој да си работи во својот град само затоа што ти не можеш да се вработиш.
    Јас сум од помал град од внатрешноста,и многу млади овде се без работа.Треба ли да им се забрани правото да си бараат работа во Скопје,Битола,Охрид,каде и да е,само затоа што не им е роден град? |(

    Кога си го бараш своето место под сонцето без разлика каде го наоѓаш ако се исплати со месечните примања,а притоа да ти ги задоволува животните потреби како и трошоците за патување,тогаш не гледам причина зошто да не прифатиш работа во Скопје.
    Само факт е дека до добро работно место се доаѓа многу тешко.Точно е дека повеќето работни места по огласите се за во Скопје,па затоа мислиш дека таму ќе најдеш полесно работа.
    Со среќа,но немој премногу да очекуваш,долг е патот на барање работа,освен ако имаш премногу среќа или некој кој ќе ти помогне.
    Но доколку ја најдеш,не се двоуми да ја прифатиш само затоа што треба да патуваш.Знам многу луѓе што секојденвно патуваат по повеќе од еден час за да стигнат до работните места,но тоа е.Или ќе работи работа која бара повеќе жртва,или ќе си седе дома невработен.
     
    На crazylady и Mishela им се допаѓа ова.
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    во целост се се сложувам со Вас
    но морам да го искоментирам следново
    значи според тебе, ако тебе ти понудат работно место во Лондон поради твоите квалитети Ти драга моја треба да го одбиеш затоа што ке чекаш сите од Лондон да се вработат а потоа ти :D ...затоа што прво нешто што ке ти падне на памет е што ке прават Англичаните во Лондон ако сите од надворешноста се вработат таму...Искрено и јас истото го помислив :lol: :^) ...
    Злато затоа се вика берза на трудот и затоа се вели најдете начин да бидете поконкуренти на пазарот на трудот,...е сега ако ти неможеш да најдеш начин да бидеш по конкурентна или да мислиш дека фактот што си од Скопје те прави по квалификувана за работното место самата се лажеш себе си. Во светот никој не го гледа тоа , а ако го гледаше немаше да има миграции од еден град во друг , од една држава во друга, се со цел да се оствари и задржи совршената реална конкуренција-а ова е со закон заштитено.
    Го имаш светот- ако мислиш дека си доволно квалификувана за него, ги имаш градовите во Македонија и на крај па и ти го имаш Скопјето, исто како секој од нас.
     
    На Nati.P и Moira им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    1 - Што со нашите кои одат на печалба во странство и живеат убав живот, ги имаат сите права? Никој не ги `чепка`. А, ние во наша држава ќе се разјадуваме??? :fubar:

    2 - Секој си учел колку толку. Кој како ќе си се снајде така.

    3 - Тие од Скопје, нека појдат пример во Кичево нека поживеат малку да видат како е. Што се виновни младите кои се родиле во мал непросперитетен град каде немаат никаков живот?

    4 - Се се вложува и гради во Скопје. Скопје е центарот. Младите се виновни за тоа или родителите од чии пари се полни буџетот за да се гради Скопје?

    5 - Мислите лесно им е на младите, кои ја напуштаат родната куќа за да живеат во мизерни станови, да плаќаат кирии, одалечени од семејството и пријателите, за да заработуваат колку-толку?
     
  14. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Кои глупи споредби, Скопје не е Лондон ! И во Лондон или во која друга светска метропола има кај кај повеќе работа отколку тука :!: така да не може да се споредува, чим има работа во Германија, Америка ; Канада, Англија..за луѓе од други земји значи има многу слободни работни места , што не има кај нас работа за некој од странство а? Епа нема зашто нема ни за нас а камоли за странци |(

    Леле извините што ве рчнав :$ не сум ви крива јас што сте родени у мало гратче :rofl: полека со фрустрациите ќе молам , па ова е само форум :wasntme:
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Изгледа ти златна немаш инфо колку странци работат во Ск.

    И не, не се фрустрациите кај девојките кои се родени во помали градови од Скопје - тие си нашле работа во градов ;)
     
    На slavica999 и Annath им се допаѓа ова.
  16. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Е ајде ти кажи ми чим ја немам информации :wasntme: а за квалификации немој молим те, прифаќаат да работат било што за било какви пари, дремат по цел ден и ноќ у кафичи и казина :wasntme:
    или у најдобар случај нашле некој од тука па останале трудни и така :wasntme: ај ај ве знам јас вас :rofl: нема потреба од преправање познаничка сум со многу девојки од внатрешноста ;)
     
    На baby-star и Miamigirl им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    А баш ќе ти пишев „Тогаш зошто се ДРУЖИШ со девојки од внатрешноста?“, ко она - си го променала текстот во „ПОЗНАНИЧКА со девојки од внатрешноста“. Ај ај :D

    Немам бе златна што јас тебе да те информирам, излези надвор и дознај ако те интересира, ама не пишувај работи пред да ги провериш само колку да си поддржиш своја квази теза.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Тоа си е нивно право како што имаш и ти избор да се омажиш со некој од Њујорк, ако не сакаш тоа си е твој проблем. Сега и они да не ти се криви што ти ги зимаат дечковците од Скопје. Ти ако си способна сама ќе си најдеш и работа и маж, па макар било тоа и работа со цела ноќ дремење во кафиќ како што велиш ти.
    За секој твој неуспех бараш дежурен виновник. Тешко тебе.
     
    На kravce, Annath и slavica999 им се допаѓа ова.
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Јас имам друг пример, имам роднина која живее во Ск, а работеше во Куманово. И знам дека викаше дека побрзо стигнува од Ск до Ку, отколку од дома до автобуската за Куманово. Работеше со години, вика се навикнува човек, а треба да станеш само половина час порано. Не сакам да навлегувам во тие муабети дали некој некому зема работа |( , само да кажам дека со светскава рецесија и по странство имаат ист став за емигрантите, сметаат дека им ја земаат работата на домашните, дека работат за помали плати, па со тоа ја намалуваат вредноста на трудот... Нормални се тие фрустрации кога животот станува се потежок и тоа не само кај нас, секаде.
    Во овој случај, јас би препорачала девојката да си проба. од Велес за Ск има и возови кои тргаат рано, има и автобуси, не е крај на свет.

    едит: Сега видов дека девојката никаде не пишува дека е од Велес, тоа некој друг спомнал како пример, па продолжило низ дискусијава, туку напишала дека има 2 часа пат до Скопје. Ако е во еден правец тоа, тоа се вк 4 часа секој ден патување плус (најмалку) 8 часа на работа... Размисли си убаво, не е малку, ама па на младоста ништо не и е тешко :)
     
    На crazylady, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.949
    Пол:
    Женски
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Јас искрено не би препорачала, премногу е напорно :( Два саати пат до Скопје само а ако не работи во Центар , туку во друга населба уште пола саат ако не и повеќе кога ќе фати гужва или пензионерски ден со градски автобус :( патот ќе ја истошти.
    Некој спомна од Ку-во дека има 20 минути :?: нема бе 20, 40-45 минути патувам со оние крш автобуси на Југ-турист :lol: а 25-30 минути со кола :) И додека отидам кај ханито ми треба саат ипол скоро, секој така не се издржува, ќе се издржи првите неколку месеци ама после веќе не може. Золва ми така патуваше на почетокот ама виде не виде зема стан под кирија, ма да не им се исплати ич , покрај мали плати плус кирија да плаќаш ама тоа е :worried:
    Јас сега за сега најдов нешто работа во Ку-во таму сум си, ама не би сакала цел живот тоа да го работам, сакам да работам по струката, професор по Англиски јазик и книжевност :wasntme: а дека ќе се вработам во Куманово тоа многу тешко и искрено страв ме фаќа кога ќе ми текне дека ја цело време треба да патувам до Скопје , а овој мојов нејќе да чуе да дојде тука ]:)

    Ако сметаш дека можеш да издржиш пробај патувај, ако не земи си стан. Може некој може да издржи ама ете јас не можам :(