1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување во еден, а живеење во друг град

Дискусија во 'Барање работа' започната од memory, 20 септември 2012.

  1. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Јас веќе си имам дечко нема што да барам :wasntme: Можеби не сакам да дремам у кафиќ за мизерни пари од кај знаеш ти? А од внатрешноста прифаќаат што било за да останат тука ...И не навредувај има и други форумџики со поголем респект и стаж на форумов од мене кои не се вработени и тие се неспособни така? ццц :puke: или ме најдовме мене тука со едвај 50 мислења па ајде :puke:
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Е сега ќе те ставиме на клада на сред плоштад кај Батко Ѓорѓија зошто си нашла работа во Ку-во а моја прва комшика со факултет од ПМФ уште седи дома невработена и чува деца :$ - мала шала :D
    Кај живее бе ханито твое па стигаш за саат ипол :?:

    Патувањето е факт дека истоштува и е напорно, ама за брзо време се навикнуваш. За добра работа и пара човекот се навикнува.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Препорака: со цел да не го будиме локалпатриотизмот, да се преименува темата во Вработување во еден град - Живеење во друг
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Ти Скопско државјанство да не имаш? Која ти е логикава? Дај нека работат само скопјани, а од другите градови луѓето нека тонат, зашто сите инвестиции се во Скопје, еден цел универзитет со сите факултети е во Скопје, владата гради во Скопје, а останатите градови немаат никаква поддршка. Во Скопје еден куп индустриски зони, во другите градови?

    Мислиш луѓето од убавина доаѓаат во Скопје да работат? Да стануваш во 4саат секое сабајле, да се мткаш по возови и автобуси? Да имало работа во родниот град мислиш дека толку би се малтретирале?
    Точно е дека и во Скопје има малку работа, ама да се забрани вработување на лица од другите градови? :x Незнам, незнам...незнам шта речи.
    Патем
    Нешто слично како девојки што се лепат за македонци што живеат надвор или воопшто странци што дошле во МК на одмор или поминување?
     
    На crazylady, DeMelo, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Кај бунарчето живее он :rofl: тоа ти се уште 15-20 минути одење од автобуска до кај него дома , мене ми треба 45 минути со автобус до Куманово, а од кај мене дома до железничка уште пола саат и толку ми се фаќа :( Значи ако почнам тука во Скопје да работам , а не работам во Центар , додека отидам до автобуска, па до Скопје, па до одредена населба :o :tmi: многу малтретирање е тоа некако :worried: Али ајде има време додека дипломирам ќе видиме, може парата ќе ме влече :D
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Во случајот ти си таа што е исфрустрирана :) не рипнав јас да забранувам доаѓање во Скопје само за ти да си најдеш работа :D Ако немаш квалитети нема ни да најдеш работа а гледам дека со овие фрустрации и доста тешко ти оди.
    Јас во малото гратче каде што живеам имам работа за каква што ти можеш да сонуваш само,така да не секој сака да оди и да работи во Скопје.
    А сите што бараат работа макар и од внатрешноста во Скопје,ги поддржувам,се додека им се исплати.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град


    :D Ќе се симнеш во центар т.е кај џамија и до бунарче имаш 10 мин ;) ....ок те разбирам фаќаш 2-3 превоза за да стигнеш некаде. Така правев и јас додека студирав. Фаќав автобус од Кошеви до автобуска па тука за Ск и среќа факс. ми беше близу, ама трошев саат време во превоз.

    Оние кои работат во Ск. се договорени со превоз и или ги земаат од дома или од центар и ги носат на работа.
    ....да не бивам офф си кажав мислење претходно
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Ај да не си гаиме илузии,самиот факт дека економијата воопшто ни е жив пропаст,структурно, значи дека во Македонија НЕМА доволно квалитетна,квалификувана работна сила. Крај!

    Секој има право да ја бара својата среќа било каде,но генерално кога и во родниот град не се наоѓа работа за оној ќе бара работа во Скопје, значи дека немало доволно квалификуван и амбициозен кадар кој ќе го развива тоа место на живеење. Не е се до ВЛАДАТА,ДРЖАВАТА И БРАНКО,иако има добар удел во истото.Ама нели овој народ сакаше капитализам...нели?!

    Сепак, кога се работи за Скопје,да не се правиме будали, и друг фактор е во прашање зошто младите се одлучуваат за него. И не као тука животот е Њујорк и сите ќе станеме менаџери со добри плати и ќе живееме во големиот град. Џабе ти плата од 30 000 денари кога се е прескапо, а тоа укажува дека сме финансиски неписмени снобови.
    Нејсе,во Македонија нема квалитетна работа сила која ќе биде доволно конкурентна, со чест на исклучоци. Знам дека повеќето мислат дека се посебни,паметни исклучителни,школувани,но бидете реални луѓе...немаме пазар на работна сила. Ај ве молам... смачени ми е од вакви муабети. НЕ СИ КОНКУРЕНТЕН,тој од другиот град е поквалитетен од тебе. Знам никакви и од Скопје,знам никакви и од внатрешноста,кои носат добри работни позиции... и најдете го НЗС на истото.

    Се согласувам дека секој треба да се бори за себе, но ова што го имаме тука е у-жа-сно! Нема ни правила,ни програма. Зошто снемува работни места во внатрешноста?! Затоа што сите сакаат да се реализираат во Скопје, автоматски нема свеж и образован кадар во помалите градови,автоматски нема развој,автоматски се се затвара и замира,новите идеи се реализираат во Скопје,та Скопје. Искрено речено,овде освен бронза,ништо не ќе најдете... Си патиме од умот,си патиме од комплекси, си патиме генерално како нација од психички проблеми,а не дека нема начин. Јас гарантирам дека ако се отворат објекти од друг карактер,читај забавен, поголем мотив ќе имаат да останат младите во родниот крај, што води до заклучокот дека нема врска со работата генерално,туку имаме една многу поширока слика. И пак, до кого е?! До младите од одреден град кои не поседуваат иницијатива,ни воља нештата таму да се променат.
    Ние сме умртвена младина,без посебна амбициозност на било кое поле и навистина ме иритира кога се водат вакви муабети за пред коперација. Биди бе подобар,биди бе поконкурентен! Ахам... Ние сите на Харвард завршивме,имаме тука престижни школи за други видови на надградба и сертификати, дел од нас се со посебно млеко доени,па затоа сме посебни. По што се диференцира една индивидуа баш ме занима?! И не,просек на факултет не го зимам за легитимен аргумент од проста причина што доволно кажало последното истражување на нашите факултети, една 10ка вреди исто колку и една 6ка,зошто?! Затоа што образованието прво ни е корумпирано,второ зошто нема правилен начин на учење и испитување,во превод се буба на памет за да потоа полесно се заборави,ретко кој студент ,и што е најинтересно од моја генерација,познавам двајца кои се исклучително паметни и навлезени во она што го учевме и широко ги интересираше и баш заради тоа немаа време да ги бубаат оние глупости кои ни беа наложени или размислуваа далеку поквалитетно и помаетно од нас останатите,а имаа 6ки. Така што, 10ките само ако ви се од реномиран странски универзитет ви важат како валиден аргумент.

    Мене ако ме прашувате јас би живеела во внатрешноста и тоа сто пати подобар живот од 40 квадрати стан во Скопје, со скапа кирија и скап живот воопшто. Самите се уназадуваме,а моќта е во нас. И би живеела и работела во друг град и би живеела во родниот и би работела во друг град (кој подразбира друг од Скопје!) и немам проблем со истото. Иако не е Јапонија за да за 1 час поминуваме не знам колку км,ама па и Македонија не е голема. Ако сакате да живеете западњачки,ова не би било никаков проблем. Само ние не сме вадени од тој калап,да работиме квалитетно и да одмараме квалитетно кога ќе дојде време. Се тука се протнува низ иглени уши.

    Само муабетов поквалификуван и поконкуретен од тебе,можете у Лондон ко шо кажавте и у Њујорк да го правите. Немаме пазар на работна сила генерално, све друго е снаџи се па живи, немојте да мавате по туѓи квалитети,само како изговори заради некои наши психички ишјус,затоа што сите така прават и затоа што така треба,рекол некој си таму.

    Ни Скопје чини, затоа што нема работа за секого. Кравче што ги спомена индустриските зони...за таму ти треба работник, таа категорија на луѓе...веќе се стари,кој млад од тука ќе ти работи за 12 000 во погон или амалска работа?! Само некој од Скопје од немајкаде и тоа нема да издржи долго,од внатрешноста ако ти дојде не му се исплати,ќе треба да најмува стан кој со таа плата нема да може да го плати. Сите сакаат убава работичка,во канцеларија, на топло зиме,на ладно лете, компјутерот до гз и тоа е. И јас викам дека сакам,не велам не. Па и како да не сакаме,кога сите завршија факултети,пошто владата рече така е најумно за сите,паметни да сме биле. Е сега опинчари, дојде ред да носиме обувки и да купуваме нови секој пат кога ќе ни се одлепни флетницата,зошто и чевлари ќе снема. А што ни фалеше во опинци?! Каде во овој град ти ќе живееш со таа плата?! Фамилија ќе прехрануваш и сметки ќе плаќаш?! Нема шаааанси. А не па и трошок,кирија.
    Ни внатрешноста чини, и секој од таму има право да си ја бара среќата ако му се исплати во Скопје, не судам. Само немојте да мешате квалитет,конкурентност зошто тоа се непостоечки нешта кај нас...ко што реков,со чест на исклучоци,а тоа значи 1:100 000 ко што е редот.
    Фала многу,пријатно.

    ( И ете кој ќе ме сфати наопачки,тој шо ќе рече доаѓаат тука да се мажат...пошто ќе ми ја утне поентата скроз... |( Таквите ич нека не ме читаат,зошто со такви муабет не праам,ограничености,баналности и генерализации.Таквите се плашат од конкуренција која патем и не постои помеѓу ниту еден човек во земјава!Они се плашат од конкуренција дечкото да не им биде земен и да не се направи гужва за работа,па побрзо и да се вработат и да се омажат и да станав вработени и понизни домаќинки во родниот град Скопје! |( )
     
    На crazylady, imelda, Gordana10 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Живеам во град недалеку од Скопје и познавам многу луѓе кои патуваат секојдневно за работа. Всушност, од помладиве генерации скоро сите работат во Скопје. Студирам во Скопје и се гледам во Скопје за некоја година. Зошто? Не затоа што сакам, туку затоа што немам друг избор.

    Што се однесува до мене, не би ни дошла да студирам во Скопје доколку факултетот што го студирам го имаше во мојот град. Овде се направија обиди да се отворат некои факултети, имаше дисперзирани студии за правен и за економски, ама за дисперзираните студии во помалите градови нема ни да коментирам. Мислите забавно е да патуваш на факултет секој ден, или пак да седиш во секакви станови/студентски домови кај што сте четворица во 15м2? За првово трошиш време, а за второво пари.
    За 20 минути се стасувало од Куманово, за 2 часа од Охрид? Да, ако одиш со сопствен автомобил. Ретко кој од студентите, а и од помладите вработени има и патува со сопствен автомобил. Јас 20 минути трошам само низ Скопје откако ќе стасам. Организирани превози со такси и слично има, ама коштаат повеќе, а не се нешто многу побрзи од автобуси (ова зборувам за кај мене, можеби таксистите од мојот град се бавни :D).
    Да не зборувам колку пари и нерви се трошат во процесот. Кога после напорен ден доаѓаш дома а дома не те чекаат мама и тато со ручече, туку сам треба да врзуваш крај со крај. Има некои работи кои Скопјани никогаш нема да ги разберат, барем не додека живеат со домашните.

    И каде е тука проблемот? Проблемот не е во младите што постојано се насочуваат во Скопје, туку во државата што тоа така им го наложила. Со задоволство би живеела и работела во мојот град, околу мои луѓе, овде ми се другарките, роднините. Спречена сум. Постојано се вложува во главниот град, во Скопје има куп споменици на плоштад, во мојот град нема ни кино или базен. А тие што се „анти-провинцијалистички“ настроени можам да кажам дека се плашат од конкуренција. Колку и утопистички да звучи, сеуште верувам во Ако си добар - ќе успееш. Без разлика каде си, без разлика дали си во родниот град или во странство.
     
    На TinaM25, crazylady, imelda и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Првин за работа во Скопје.

    Сопругот работеше во Куманово а откако фирмата се пресели во Скопје пред 3 години, патува секој ден. Платата е иста само што сега даваме 10,000 денари за бензин. Оди со уште една колешка која дава по 100 денари секој ден и 1000 денари за бензин на плата бидејки ја зема и остава пред куќа. Да вози други луѓе неможе бидејки имаат многу специфично и долго работно време. Да собира луѓе од автобуска и да нуди превоз, првин не е таков тип на човек, друго бидејки има многу диви превозници, инспекциите одземаат коли.
    Ке рече некој има јавен превоз. Во Кумнаово живееме во центар и до автобуската има 10 минути но Скопје е проблем. До работното место треба да смени 2 автобуси а такси го чини 200 денари во еден правец. Значи 100 денари карта до Скопје + 200 +200 денари за такси е 500 денари, колку што чини и едно патување со автомобил, па барем не чека и не се малтретира по автобуси.

    Е сега на тема квалитет.

    Во која држава живееш Lilit? Кога последен пат си слушнала за оглас за вработување и легално интервју и вработено лице без никакви влијанија по било која основа? Како квалитетот да се пробие без да си го даде газот под кирија? Во последниве 8 години се вработуваат албанци и партиски војници за да им се заблагодарат за полтронството и фала Богу да има кој да излезе да им ракоплеска на спектакуларните говори и да им лепи плакати пред избори.

    Што се однесува до квалитетен кадар во внатрешноста, еве себе со две универзитетски инженерски дипломи се сметам за квалитет но без книшка сум. За мојата прва диплома имам учено 5 години на Кирил и Методиј и положено 44 испити, сите писмено па усмено. За моите способности не си ласкам самата туку ми се потврдиле во пракса, од нешто што сум сработила на црно.
    За започнам сопствен бизнис ете нели способна сум па ке успејам, започнаа колеги па аир не видоа. Ги одраа инспекциите кои и да имаш уредна документација ке ти најдат нешто да те сотрат бидејки правиш конкуренција на некој што има амин од градоначалникот (и дели профит, бацуе рака или како веке се вика и прави тоа). После година дена затворија фирма и сега кој патува за Скопје, кој продава чорапи....

    Проблемот е што каде и да праќаш резиме, веке не викаат ни на интервју без разлика дали е Скопје или Куманово, колку да речеш не ме вработија бидејки не ме бендисаа. Нема ни шанса да кажеш дали знаеш нешто или не.

    Бидејки многу имам искусено на темава, можам уште многу да пишувам но нема :) Само ке кажам дека власта е виновна, без разлика која партија е на власт, сите се исти. И знаете каде го гледам излезот за себе? Надвор од Мк. И се надевам дека ке успеам да заминам бидејки мојата диплома е ценета, за разлика од тука. Мака ми е од водење војна со ветерниците....

    И за крај:

    За коментаров ке кажам Амин Сестро. И не само додека живеат со домашните туку и подоцна.
     
    На artemidis, crazylady, DeMelo и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Па Шана,јас не сакав да го спомнам тој аспект,чисто од причина да не се повредат чувствата на другите етникуми на форумов,а малце ни се осетливи. Но,не зборам за државни институции,а и ете, кој се не се вработува,да те знаат,ќе те вработат,но сепак,не го менува фактот дека едноставно немаме квалитетен кадар или бар не толку врвен колку што сакаме да си се фалиме. Ама пак доаѓа до истото, нема пазар на труд за да квалитетниот од внатрешноста се пробие чисто на квалитет во Скопје,друг град, сеедно,пак ќе се најде некој чичко што ќе го вработи. Така што,излишно е да зборуваме за квалитет во секоја смисла. Дали го имало или го немало,не е вреднуван,сеедно е,само нека не се спомнува како фактор за успех во државава,се сведува на тоа. И јас и ти сме во право,иако зборуваме за различни работи.
    И зошто еве,спомна дипломи...дипломите не се мерило,за жал. Не знам какви се твоите, ако зборам за машински и електро инжињери...поквалитетните што ги знам се фриленсери и баратаат со пари од по дома,ненормално многу,а дел фатија фитиљ од државава пошто тука нема таков што ќе ги цени доволно. А имам и такви кои го работат ама СКРОЗ истото,без диплома. Еве баш во понеделникот на драго срце помогнав да се вработи во странска фирма,со средно образование кој знае да програмира во Јава... толку беше,ама ете квалитет неизмерен со диплома. Ама оглас немаше...по примерот твој, кој чул,видел,кажал...Барај го чарето алтернативно,особено ако си инжињер,барем за вас има далеку повеќе опции.
    И мојата диплома уредно ќе си седи у тутурутка, која пак била потврдена и самата се бори,особено пак сега кога ја зафрлија во скроз турбулентно подрачје со многу непознати и неповолни услови за СИТЕ кои сме исповрзани едни со други. Јас сепак ќе продолжам да се борам,ама тоа што ТУКА можеби ќе го остварам, никогаш нема да се поклопи со моите желби и амбиции. Колку сум квалитетна можам да си се испофалам до утре, за мене и за пред моите и за пред пријатели да ме пофалат е бонбона... Грдиот факт е што имам планови, немам работа,уствари имам,ама да не навлагам во детали,приватност,дрн,дрн...и не е тоа што го сакам и никад тоа што го сакам ќе види бел ден во државава.Чарето допрва ќе го барам со алтернативи кои сега за сега у глава се совршени,ама другите срања од реалноста ќе ги опструираат,ама...нели квалитетот јас (его), ќе се избори.
    Проблемот е многу поширок од она кое можеме ние тука да го дискутираме и не ја опфаќа само самата работа. Малку е површно да збориме туку така,ко што почнавме,зошто комплексна категорија е во прашање.

    А тоа што во Скопје некој живее со родителите,не знам како го врзавте со работата?! Ако ме прашувате мене, јас кога живеам сама сто пати подобро функционирам,него ли кога сме сите на куп. Полесно се организирам, се одмарам и си го планирам времето. Во целост сум за осамостојување на децата, учиш да живееш, да се снаоѓаш и да бидеш независен. Но како што реков, Скопје е скап град,а не секој има средства да си приушти уште едно живеалиште,ете не бидуваат мажени и женети зошто чекаат прилика за да можат да си купат стан или да имаат поубава работа за да земат стан под кирија. Мислам дека повеќето од финансиски причини живеат се уште со родителите,а не зошто така им чини и тука,секако има исклучоци кои убаво им е да живеат по принципот тато носи,мама меси. Не знам кое нормално суштество сака да биде думкано од неговите родители после 18тата година?! Од внатрешноста принудени се да дојдат тука и така да живеат, но оние од тука кога можат да живеат со родителите чисто за да заштедат пари,не треба да биде нешто кое треба да се осудува. Ко што кажав,ако зборувам за себе,мене не ми менува многу,освен работите кои ги набројав. Моите родители никогаш не ме ранеле со сребрена лажица и не ме поштедувале,обврски сум си имала и по дома,не биле од тој тип дај да го растеретиме детето,тоа треба само да учи. Оделе на работа, баба,дедо,дур сум била мала,моите подоцна од мене се враќале дома,што значи ни сум имала зготвено,а често и машина за перење и секојдневно садови сум миела и прашина сум бришела и смукала. Мајка ми практично 12 часа работи се уште. Така што,не ви го разбирам муабетот и генерализацијата. Не знам што нема тука да се разбере. Јас ве разбирам,се чекале обврски на вас и дека родителите се далеку и не можеш да се потпреш на нив за се нешто,ама не знам како има врска тоа конкретно на темава...

    A за дисперзирани...па има и дисперзирани,но често сепак се одлучуваат за Скопје,ете тогаш не е работата се уште во прашање,ама пак одат во Скопје,затоа што како што кажав поширока е темата од она кое ние тука го дискутираме.Па дури и од другите поголеми градови доаѓаат тука...а не дека нема работа таму.

    Малце забегавме од темата,ама еве да не бида оффтопик,сум за мобилност на работната сила,само од вистински причини! :D
    Глупо е да се дискутира на вакви теми,во земја ко нашата... се се надоврзува и не може да го гледаш единечно,а колку сакаме да си признаеме дека сите до еден немаме поим од живеење и како тоа изгледа, тоа е друга работа. Такви сме,пасивизирани,тие малку што ги бидува не одат у Битола, Скопје или Охрид да живеат,гледаат да избегаат од државава,на некои им успева,некои остануваат тука и се помируваат живеејќи со срушени соништа и амбиции и тоа е тажната приказна...Кај и да си,ќе се снаоѓаш од што мораш,а не зошто сакаш,таа ни е менталната матрица (не зборам за индивидуално, но пак и по индивидуа да гледам,колку од луѓето тука имаат храброст да направат прогрес?! Па за еден протест што е во интерес на сите,не сакаат да излезат или ги мрзи или се плашат...) и не можеме да излеземе од истата и тоа ќе биде така долго време.

    Невредни се ваквиве теми,само можеме погрешно да се разбереме на ничија вина,туку само затоа што сме правеле увек погрешни избори за било што.
    Гледам погрешно ме разбирате. Веројатно и по професија сме различни,па различно сме укалапени да размислуваме. Не гледам црно и бело, напоменав дека не гледам мажачки, кажувам дека не треба да гледаме тука во идеални услови. Да збориме почесно, ако имате кој да ве бутне некаде, користете, само не се фаќајте за квалитетот и не генерализирајте,ништо не им фали на генерализациите,освен што колку се пошироки,толку се пограничени.
    Отфрлете го тој одбранбен механизам и тоа егоистично гледање на нештата. Тоа се едни од причините зошто не си чиниме ко народ. Скопјаните,провинцијалците,ние вака,ние онака, ние сме подобри. У млатење празна слама,да,шампиони се двете страни. Гледајте од економски аспект,а не од личен.
    Moжеме и на трепавици да дубиме ни дипломите со се просеци не ни вредат,толку од мене. Просекот и дипломата не гарантираат квалитет па дури и во услови кога квалитетот се бори сам по себе. Одам сега да си ги забришам пусулчињата и да го погалам просекот,тоа си е.
     
    На LilBaby и anastasijaki им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    А па во Скопје ружи цветаат и сите идеме за да останеме трудни и да се омажиме. Јас еве веќе една година како упорно се обидувам да останам трудна и не иде бре, нече па нече, па сега морам пак да седам, додека не останам трудна дома не смеам да се враќам. Дома имаме вишок пари и нерви, секој месец не скокоткаат 200 и кусур евра и право од кај мајка ми, оп, рипаат во мојот џеб, ми вика, троши ќерко, оди по кафичи, остани трудна, па спаси се и ти и нас спаси не... |(

    Ај да не ја рчкам јас темата околу провинции и Скопје ;) , само ќе посочам дека на факултет, сите што имаме висок просек и планираме да аплицираме за стипендии, сите сме од други градови и учиме како несалам пред колоквиум додека Скопјани не гледаат во стил - Што се замараш бе, глеј да положиш. Е тоа замарање мене планирам да ми носи храна на маса некој ден и да платам сметки. Оти јас знам дека дома се двои од јадење и пиење и одмори за јас да студирам, а има некои што дома мачкаат леб и маргарин децата да им видат бел свет и да студираат во Скопје оти во Пехчево или Делчево на пример, нема ништо, ни факултет, ни фирма ни живот ни бутур, па ти, дотична госпоѓице, кога ќе бидеш од таму ќе видиме дали ќе се ,,понашаш,, во стил - што сум ви јас крива што не сте родени во Скопје.

    Искрено, не гледам иднина ни во Скопје веќе. Имам многу блиски луѓе што секојдневно патуваат и ако патуваш со автобус од Велес/Куманово (најблиските градови до Скопје) стасуваш за 1 час. Е со кола е друга работа, ама со кола патуваат 5% од тие што секојдневно одат, така да најмалку 2 часа на ден губиш по патишта. Да не зборувам зимно време мрзнеш, летно време е пекол, место ретко кога има, посебно во понеделник од сабајле и петок кај 16, 17 часот Ама кога имаш фамилија зад тебе, и кога треба да купиш Памперс, ќе патуваш не 1, и 2 часа ако треба, и ќе менуваш автобуси и од плата од 18 илјадарки, 5 ќе фрлаш по патишта. ОТИ ВО МОЧАНАВА ДРЖАВА НЕМА ДРУГ ИЗБОР!

    И не поштувам тоа кога ќе ми речат - во странство патуваат и по 2, 3 часа за на работа и ни се смеат како ние од поблиските градови сме се селеле во Скопје, а не сме патувале. Да патуваат, во климатизирани и чисти возови и автобуси кои одат 200 на саат и кои минат растојанија од Скопје до Велес/Куманово како од Драчево до Карпош 3, автобуси и возови и метроа кои се точни до минутка, и не се одложени оти автопатот не е исчистен или оти денеска им текнало на Млаз Богданци или на Пелагонија транс да пуштат комбенце наместо автобус.

    Крајно, би патувала само како последна варијанта.
     
    На Rocker, crazylady, SOVRSENSTVO и 14 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    А некој бивши твој да не оставил случајно некоја од внатрешноста трудна па ти сега се бунтуваш тука?
    Јас знам едно нешто, никако нема да работам во родното гратче затоа што таму нема работа ни за тие што се таму, а не пак за уште некој плус. А работа по струката и да барам не можам да најдам таму. Жално е што само во Скопје се гради, ама тоа е. Ако сметам дека имам предиспозиции да успеам во странство ќе пробам и таму. Кој како се снајде. А ако ти се чувствуваш загрозено од оние што дошле од внатрешноста да ти ја украдат работата или дечкото иди во внатрешноста и укради им го работнотот место што тие би требале да го имаат таму. :lol:
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Да начкрабам и јас неколку збора на темава,не дека ќе кажам нешто спектакуларно,ама ајде...
    Маж ми работи во Скопје , и тоа секој ден од понеделник до сабота,никакви празници,само Нова година има еден ден и за Велигден.Дали е тешко? Не прашувајте.Оди со наш автомобил ,и вози уште двајца ,кои му даваат пари,што мене воопшто не ми се допаѓа.Како и да е тешко,буквално имам маж само на хартија.
    Кога работеше тука земаше многу мала плата.Сега навистина е поголема ама кога ќе ставиш се на лист...испаѓа дека оди за некој ситен денар.Јас пак постојано барам работа во Скопје.Зошто? На страна го оставам мрцварењето по превози,зиме и лете,зашто верувајте дома збеснувам.А во градов освем Албанци и партискиве војници никој друг не се вработува.Зедов и јас партиска книшка немојте да ме осудувате :!: ,ја имам 4 години,и џабе е.Ако си немаш некој близок да те поттурне нема шанса да најдеш вработување.Зборувате за квалитети и квалификации.Секако треба да се имаат.Ама дали ќе ти треба посебна квалификација да работиш во продавница,или бутик да кажеме.Јас не барам вработување во нуклеарна централа,барам само некој да ми пружи шанса да си го заработам лебот,колку толку .Разбирам дека секој си го цени факултетот,и треба ,зашто знам како се студира.
    И го поддржувам работењето во друг град,од едноставна причина што од дома седење нема ништо а годините си минуваат.И би работела без да ми трепне око дали на некого тоа ќе му се допаѓа или не.Денес веќе не се бара место под сонцето се бара парче леб луѓе,и некоја година стаж за да можеш утре да се надеваш на пензија.На моиве 41 година веќе не се надевам дека ќе изградам некоја не знам каква кариера.Сакам само да можам денес на моиве да им приуштам покрај мекици за доручек, и јогурт.
    Жално и јадно.
     
    На imelda, JuLleE, creshicka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.646
    Пол:
    Женски
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Значи увек мора да има онаа поделба на Скопјани v.s Жители од внатрешноста и увек на вакви теми мора да се палат и едните и другите ко небаре пари даваат за тој кој ке успее поише да изруга !! Ужас!!
    Македонија е таква каква што е пропаст жива во секој поглед.Како што напиша феминката над мене веке не станува збор за наогање на своето место под сонцето,него за овозможување минимални услови за живот и парче леб на маса.Од Скопје сум,и сведок сум на тоа како мои блиски луге со дипломи од економски факултет со просек 8,5 (не дека е релевантен просекот на факултет во муабетов) немаат работа или еве сега едната другарка ке почне да работи како продавачка во новиот трговски за мизерни 12 000ден само затоа што девојчето неможе да најде работа според факултет што го има завршено.Не навлегувам во вечната дилема кој за што и со каква намера е дојден во Скопје бидејки ке нема крај таа неисцрпна дебата.Можам да кажам дека ми смета коа некој мочко со средно а ја со факултет,ке ми го земе работното место само затоа што му е братучет од 15то колено на работодавачот без разлика од кој град е ,ми смета кога некоја смрдла ке земе некому работно место само затоа што на работодавачот неколку пати му раширила нозе ,а не знае 2+2 колку е .Да,тоа ми смета и ке ми смета и во иднина.
    И да не бидам офф:Не би патувала за работно место 4 часа во денот бидејки тоа не е живот за мене.Утре деца кога ке имам од 8 работни саати и 4 саати во пат кое време ке го поминувам јас со нив ?? Боље ке работам за помала плата но ке живеам нормален скромен фамилијарен живот,отколку да трчам по пари и слава(фигуративно кажано) а притоа да не ги гледам битните работи во животот.

    И уште нешто да кажам во контекст на релацијата Скопје v.s Остатокот од Македонија..
    Да бидеме реални сите збориме дека се цени квалитетот на работникот и неговата умешност,но колку од работодавците во Скопје кои се од внатрешноста им даваат предност на Скопјани во вработувањето пред нивните сограгани,м? Ја ке ви кажам 0 ! Секогаш првин ке ги бутнат нивните ,нормално нели за да ги извадат од очајот и мизеријата што владее по дргиве градови па после ако остане место ( а нема да остане ) можеби ке му се даде шанса на некој друг.Е па ако може така да прават едните ,зошто тогаш при вработувањето да нема некоја предност тој што е од Скопје нормално ако во калификацијата е на исто или слично ниво со работникот од внатрешноста?
     
    На majafimceva и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Браво за тие што патуваат од друг град за да работат во тука,само не знам ние од Скопје кај ќе бараме работа.
    Затоа коа ќе отидеш да бараш работа ќе ти дае 6 000 плата,зашто многу пред тебе што работеле се согласиле на мизерна плата и мизерни услови.
    Јасно им е на газдите дека со скопските девојки нема играње ;) Има исклучоци од Скопје,што прифаќаат мизерни услови,али повеќе НЕ. :!:
    Затоа и на газдите појше им одговара кога ќе дојде девојка од страна,нема многу да се бунтува и ќе работи по цели денови за никакви пари.
    Е затоа нема никогаш да се најде нормална работа!
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Оние кои јас ги знам а патуваат во Ск за работа се фамилијарни луѓе кои не можат да си ја земат фамилијата и да се преселат во главниот град затоа што ќириите се изгор а платите ги знаеме...Но ако се работи за млади слободни дечки и девојки тогаш имаат опција да седат по неколку цимери во стан па да им се исплати некако без да се малтретираат со патување...
    Не може се да ти е подредено, не може и топло станче, ти сам во него, топол оброк на враќање, работното место до газ, иако младите често Скопје го гледаат со илузии но кога ќе почнат сами од плата да плаќаат сметки и купуваат храна ќе им остане задоволството да се шетаат покрај спомениците... Но ете од немајкаде, нашле таму работа па останале, оти дома во нивните градови ни тоа го нема...
    Не го идеализирам Скопје, Македонија е побогу тие се платите со некоја илјадарка минус плус, но ако се нема би патувала во било кој град каде најдам работа и нема да чекам крајна опција...што значи тоа? Да чекам 10-тина години да можеби некој ме вработи во мојот град па после да барам чаре настрана? Тешко е девојки, ќе прифаќате многу услови кои сега ви се гледаат незамисливи, или ќе пцуете до крај на живот по влада, систем...тоВа е.
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    За работната ситоација во Мк ќе кажам само едно ’Роди ме мајко со к’смет и фрли ме на буниште’. А ако не те роди мајка со к’смет, галиба тоа што останува е само да си потпевнуваме Зошто си ме мајко родила. Абе кога ќе споредам убаво учени од странство и убаво нашколовани од Мк, абе валканото од под ноктите не можат на македончето да му го јадат што се вели. Што си има кадар за мерак, чесен,поштен , начитан, лика и прилика во секоја смисла, кога оп државичката наша решила да го силува при здрав памет, створајќи или роб кој ќе ’рмба како ненормален и ќе трпи невидена тиранија и голготи само да се прерани, т.е да преживее, трудејќи се да остане чесен да им остави ако не ништо бар еден чист образ и добро име на децата. Или па ќе те сторат крадец, манипулатор и те тинтраат кој како знае и умее. Краен случај, ти пука филм и бараш излез надвор со надеж за афирмација, каде пак те враќаат на сам старт, те дури трепнеш поминале години и си далеку од она што си замислувал. Кој како му се насмевнала среќата.
    Се трудам на не мислам на вакви тематики, оти ако во Мк те силуваат со беззаконие и безредие, во странство ист некој ефект само на далеку пософистициран начин и со манири пази молим те. Така да, Бог да ни е на сите на помош, со молби бар да ни го зачува здравиов разум во живкарањето, чунки да не се искараме и испотепаме по дома, оти само љубовта не рани изгледа, а ако си оди и таа тешко нас.
    Што се однесува на превозот да не бидам скроз офтопик, гледам и по мм дека иако не живееме мк, тој час и некоја мин повеќе го отепува отколку самата работа, ама јбг се мора што се мора. На страна тоа што чини ѓавол и пол секој месец драгиот јавен превоз.Ама пак го зема пред врата-го слегува пред врата,полесно се трпи патувањето од што кога не беше случај претходно и мораше повеќе автобуси да менува.
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град

    Е девојче дај еден медал да ти дадиме за ова шо не просветли, без ништо арно и паметно да кажиш за темата.
    Со скопските девојки нема играње, само они од злато се правени, ние другите од малтер сме, фани трати и се по ред море море некој треба лекција да ти одрже.
    Не се криви скопските девојки, него ти и тие таквите како тебе, малоумните слободно ќе кажам ;)

    Јас не планирам да патувам два саати со автобус од Неготино за Скопје да работам или па да студирам.
    За среќа, можам да си дозволам сега и живеење и студирање во Скопје, и притоа секој втор викенд враѓање дома во Неготино.
    Еве ова ми е трета година студирање тука, и знам доста луѓе кои патуваат од Нег. до Ск за работа.
    Ретки се тие со кола шо одат, скоро и ич, повеќето се со автобус, а како што кажа Дузи, му а мислат секој ден дали ќе седат или стојат, дали ќе биде згодно патувањето, Млаз едни удобни и добри автобуси шо ги имат шо да ти причам значи |(
    Сепак исто и мене последна опција би ми било да патувам а да работам во Скопје.
    Преисцрпно е, нервоза и малтретирање за мене.
    А за тоа кој на кого зимал плати или незнам што секогаш има такви среќни ѕвезди што со тато чичо вујче ќе влезат пред вас, или со газе цице оваона ќе си брчат во канцеларија.

    И искрено не е наша вина, не е ни на скопските богаташи кои нудат работа, него на самата влада, најдолемиот двигател на ова поле, кои инвестираат само во Скопје, значи по незнам кој пат се зборува за ова, жално е, има такви градови кои тонат и тонат во државава, а се големи, не искористени, а еве го и Скопјето, заштитено од ваквите како феминкава погоре, демек ние крадиме работи и работиме за мизерни плати, значи женска, прошити си хоризонт и после пуцај тука.
    Зошто не се инвестира некаде тука еве во тиквешијата по некоја си голема компанија, зошто во источна Македонија не се инвестира исто со некоја си компанија или слично па да се разредат некаде овие луѓе кои студираат во Скопје?
    Студираме пошо грејните сите ние се надеваме дека кога ќе дојде ред да вработување ќе ни се угледа на квалитетот и ќе ни се даде шанса за нашата креативност и успех да почнат, а не да не замаглат само како дамки, како и многуте други провинцијалци и Скопјани кои седат дома, ради многу други x персони кои уживаат во незаслуженото.
    А за да живеам во друг град, и патувам за во Скопје, последна опција.
     
    На Rocker, Pocahontas.93, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Вработување во Скопје- Живеење во друг град


    Колку примитивно размислување. Ти можеш најстариот жител на Скопје да бидеш, ако има некој 1000 пати попаметен и попогоден за работно место макар и од Долнодупени да е, ке ти го земе, биди сигурна за тоа. И плус тоа не е само пример од помали градови да одат во Скопје, и обратно има случаеви, дојде една од Велес или од каде беше, да биде шефица во едно казино во мојот град, а она нема еден нес во својот живот направено, ама ете и се погодило и мене на пример ми го зима потенцијалното работно место бидејки тоа ми е струка. И ај сеа де?! Да се лутам? Не се лутам затоа што сите се борат за опстанок и ни тебе ни мене ке ме прашуваат каде да се вработат. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.