Здраво! Дали некој знае на кој начин се одвива вработувањето во оваа болница и како се дознава за новоотворените работни места? Никогаш немам видено оглас за вработување, само знам дека на нивната страна има онлајн апликација за вработување. Сега градат нова болница, па логички и нови вработени ќе им требаат Ве молам доколку некој има некоја информација или искуство да сподели, да ми помогне! Поздрав
Аплицирав, но таму апликацијата е општа, не е за конкретно работно место(медицински или немедицински персонал).Мене ме интересираше некој да не има информација дали некаде излегуваат конкретни огласи за конкретни работни места во оваа болница. или па некој што се вработил, како течела процедурата
Samo na toj nacin mozes da vlezes od iskustvo ti kazuvam na drug.nacin nemozes ili od medicinski fakultet da te pratat pa da te ostavat tamu i posle da bides prefrlena vo novata zgrada
Прашањето не е за мене и ми треба информација за платите на докторите Колку плата земаат доктори почетници во оваа болница, колку специјалисти и колку слободни денови следуваат во месецот? За смените знам дека им се по 12 саати дневно, од 8 до 9.Исто пробна работа 3 месеци без плата. За вработување мислам дека не е се со врски.Случаите кои ѓи споделив се од поодамна, сега не знам можеби е нешто изменето. Еден колега беше повикан на интервју за медицински брат после 7-8 месеци од кога пушти апликација, ама ги одби оти требаше да замине во странство.Друг случај за познаничка која е вработена како докторка слушнав дека ја повикале после една година и и ја доплатиле специјализацијата. Се аплицира мислам на нивниот сајт за определена позиција,конкретни огласи не постојат.Кога ќе имаат потреба те викаат на интервју.
Ај да ја отворам оваа тема пак после една година.. Во декември ќе полагам државен испит и после тоа мислев да аплицирам во болницава. На сајтот има формулар за пополнување и незнам за колку време ќе добијам одговор. Колешка на мајка ми работи во Филип Втори и вика дека цело време примале сестри. Не сакам да губам време и да чекам со месеци, дали е паметно да аплицирам еден месец пред да земам испис и да чекам на одговор? Дали има интервју после аплицирањето, и какви се условите во болницата? Слушнав дека било многу строго ама тоа за мене не е некој проблем