Вработување на жена vs маж

Дискусија во 'На работното место' започната од Snow-Queen, 25 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Дали сметате дека жените потешко се вработуваат? Дали е тоа поради фактот што работодавците се плашат од тоа што девојките можат наскоро да се омажат,или пак некоја жена планира деца...па затоа најчесто поставувано прашање од работодавачите е Дали наскоро планирате брак/семејство?
    Од проста причина што можеби повеќе ќе треба да одтсуствува, па ќе треба замена, па платено породилно...и други надоместоци и следувања.
    Какво е вашето искуство и мислење?
     
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Дискриминација постои тоа е факт ,мене лично ми пречи што не наведуваат такви работи во самите огласи (што точно бараат,каква личност итн ) .А за самиот факт на интервју што прашуваат што им текне (колку деца планираш да имаш и сл ) е надвор од нормален разум .Подобро да си немате работа со таков газда и веднаш да му се каже цела вистина во лице и онака нема да ве вработи ако почне да натега со прашања за приватниот живот .Мажите не се нешто посебно привилигирани ,бидејки без искуство мн брзо им поминува рокот на работната сила кај газдите .Мн тешко иде вработување после 35г .