Тазе дипломирана сум , па ме интересира какви искуства имате колешки има некој вработен на струка пратам огласи знам дека е рано ке си почекам па споделете знам дека е тешко да се најде работа какви се вашите искуства
Моето искуство е разочарувачко ...помина цела година од кога дипломирав и се уште ништо...буквално секој ден сум на страниве за барање работа...и барем еден оглас во неделата (ако не и повеќе) има за дипломирани економисти, секогаш аплицирам но во главно не добивам повратен одговор...Повеќе гледај онлине апликации од страна на банките и некои компании кои имаат дел КАРИЕРА каде можеш да аплицираш Со оглед на тоа што од Агенцијата за вработување неодамна известија дека во Македонија има 5300 невработени економисти...стварно незнам што ке правиме...
Рано е да се жалам само 4 месеци ама незнам уште каде не пратив одговор на 2-3 места и потоа ке ви се јавиме и ништо. 5300 економисти се од 2011 има уште на таа бројка сеа, може некоја феминка ке ни каже позитивно искуство да не дигне у морал .... А и се извинувам сега видов дека сум пишала факулетет наместо факултет сум брзала
јас веќе 3-4 месеци активно барам работа,нема оглас на кој не аплицирав,и за државен службеник испит положив и од тие огласи незнам веќе на кој не аплицирав никој не ми ни вратил,единствено на две места ме викнаа демек на интервју уствари тест англиски правевме,на едното бевме неколку на другото милион луѓе и секако ќе ви се јавиме,ќе ви пишеме на маил и ништо од тоа.Жално е си завршил Економски факулет да не можеш работа да најдеш
И јас бев на едно тестирање пред 2-3 недели англиски, што го најавија како интервју а уствари беше тестирање...и ништо ни mail ни повик . Навистина најмногу од се ме иритира што скоро никогаш не добивам одговор на испратените апликаци А тоа дека аплицирам на се и сешто па и со средно што се бара е тоа друга работа...Катастрофи, како што гледам најтешко е за економистите да се најде работа...има премногу дипломирани економисти
Баш сакав да видам дали има отворена ваква тема, затоа што веќе се чуствувам досадна кога им зборувам на моите пријатели дека не можам да најдам работа, па ајде тука на раат да си кажам дипломирана сум веќе две години на економскиот факултет, маркетинг отсек, никогаш не верував дека ќе биде волку тешко да најдам работа сум била на интервјуа и на тестирања по банкиве ама сега за сега само чекам.. сум била на тестирања и на други места, сметководствени, бироа, интервјуа за канцелариски работник, не бре брате нигде не пали... за овие две години додека сум дома, само идам на некои обуки, пракси, мислам животот ми помина во обуки и пракси ама ајде дај боже да се погоди нешто не знам што да кажам, ако има некој да се пожали за темава и да каже дали има надеж, ќе го ислушам
Како што гледам работа тешкоооо, мнооогу тешко. Јас имам уште една година до дипломирање, ама уште сега се чудам што ќе правам откако ќе дипломирам. Гледам дека нас економистите не има со лопата да не ринат
Многу тешко се согласувам и јас.ЈАс сум на почеток на студирање на економнскиот факултет,но знам дека за работа е многу тешко да најдеш.Го студирам факултетот затоа што тоа го сакам и тоа ми лежи а не дека се завршива лесно.И искрено многу лесно за завршува економски по новиве програми,скратени предмети и слично.Но настрана од тоа,за работа е многу тешко.По мое,мислам дека факултетите како економски,правен треба да се стават неколку години во мирување,па ако не тоа да се намалат квотите.но како што слушнав квотите за наредната година ќе бидат зголемени,па не зна што мисли државава каде сите тие економисти ќе се вработат.
Не е поентата само да се најде работа. Понижувањата допрва доаѓаат откако ќе почнеш да работиш и некој си неписмен со средно чевларско ќе ти биде надреден, е тогаш ти доаѓа да ја посакаш работата на кафекуварката. Да можев назад да го вратам времето, повеќе би го трошела во воспоставување на нови познанства, градење на истите, отколку спремање на испити.
^ Целосно се согласувам. Ми се случи да бидам избрана за волонтер во област односи со јавност на јавна институција...јас и уште едно девојче со завршено само средно. И претпоставениот ни вика И ДВЕТЕ НЕ СТЕ СО СООДВЕТНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОВАА ПОЗИЦИЈА но сепак вие бевте избрани. Во ист кош не ставија Премногу економисти не има, мислам дека и покрај тоа што премногу учиме за да положиме со една 6-ка, се помалку и помалку се ценат дипломираните економисти во државава. Работава е секој може да заврши економски и правен....а не е баш така