1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врахос (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од miss-bootylicius, 2 март 2015.

  1. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.018
    ЈОНСКИ БРЕГ - ВРАХОС се наоѓа на преубава, околу два километри долга песочна плажа. Рибните ресторани и таверни, сместени по убавото шеталиште покрај тиркизното море ке го направат вашиот одмор незаборавен. Оддалечен е од Парга околу 40 км.
    Ваши впечатоци девојки бил некој досега таму? Има добра понуда сакам да резервирам 7586bcdd7a745d843a3897512742ccdb_L.jpg
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Место за тотален одмор...многу е малецко и сите вили се покрај море ,затоа сто друг ред нема на вили,и да има некоја таверна маркет....и тоа е тоа,јас бев во парга ама во автобусот патуваа постари лугје сто одеа кон врахос па они тоа ни го казаа :)
     
    На miss-bootylicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.156
    Многу е мало но има прекрасна плажа, чиста вода и потопла за разлика од плажите на Парга. Ние бевме сместени во Парга но бевме на плажа и во Врахос и мене лично овде плажата повеќе ми се допадна, многу ситен песок. За кавиќи неможам да кажам како е, додека во Парга има многу ресторани, кавиќи, гужва, продавници.
     
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    А дали е со могу бранови морето.Една пријателка ми рече дека тој дел бил таков.
     
  5. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    јас откако еднаш отидов на јонско веќе не идам на други места. годинава бев решена за сивота, пошо лани бев на викенд и беше повеќе од убаво - прекрасно! е сега гледам нема понуди за сивота па размислувам за врахос.плажата не се сомневам дека е прекрасна, мене ме плаши само да не се разочарам зошто е мало и знам дека кога ќе го споредам со парга и сивота ќе ми биде криво...ама како тргнало на врахос ќе одам:nod:
     
    На ЈеленаЏиш и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Има понуди за сивотаhttp://www.samaholiday.com.mk/index.php/лето-2015-грција/item/941-сивота-јулиа-апартмани Мислам оти велешка е агенцијава.Ма кај нив и за врахос и парга исто понуди.А еве ти и др http://www.atlas.com.mk/grcija-region.aspx?id=7
     
  7. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    фала ти(y) изгледа сепак ќе одам. што да правам кога гледам еден куп понуди, ама сивота ми се оди....:D
     
    На bebaa и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    И ние може ке одиме во сивота па кој ке оди прв ке раскаже искуства.Само ова со комарциве не предомислува поготово мажот ми....Пред две години бевме во олимпик бич и вриеше комарци ни се одмили одморот,за разлика од лани во сицилија комарче не сретнавме,така да сакавме.пак раат да тераме.Али вајда не е толку страшно.
     
  9. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    ние кога шетавме не не касна ниту еден. ама првата вечер се разбудив од спиење кога еден комарец ми зуеше на уво. кога ја запаливме струјата со мм имаше што да видиме. ги броевме околу 20-тина отепани. уште ја спомнуваме ноќта наречена масакр на комарци дел 1 Сивота:D ама од наредната вечер си внимававме вратата да биде затворена и немавме проблем воопшто. а ти викам кога бевме надвор комарец ниту еден не ме нападна:D
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.156

    ние кога бевме немаше ни едно бранче, но доколку има ветер сигурно има бранови, зависи од времето
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Zenska pustimi vo poraka so ponudi imas nejdeno za rezervacija za Vrahos? :)
     
  12. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Абе јасно дека ако има ветер ке има и бранови :),ама оти мене ми рекоа дека врахос бил цело време со бранови,затоа прашам,да видам и други искуства.Фала сепак на одговорот,значи нив само така им се погодил одморот,баш тој период,да е побрановито.
     
  13. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.156
    не, нема секогаш бранови, ние кога бевме ниту едно, бистра топла вода, многу ситен песок, преубава плажа и плус на другите плажи во парга се плаќаше лежалки и чадор обавезно (и да порачаш пијалок пак мораш да платиш лежалка) додека овде само со кафе или сок платена ти е и лежалката.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    paleska3 , а знаеш ли како е организиран превоз таму од Врахос до Парга ако не одам со сопствен. Јас гледам понуди за Парга, ама понудите кои ги гледам за Врахос се мн поисплатливи само ме плаши да не ми здосади ако е мн мало... Какви се цените во ресторанчињата ?
     
  15. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.156

    Незнам каков превоз има од Врахос до Парга исто и за рестораните таму не знам, ние бевме два пати ама само на плажа не седнавме да јадеме таму. Инаку точно е дека е многу мало, има само еден ред куќи, продавници и ресторанчиња
     
    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sigma*

    Sigma* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Letovo imam uplateno za Vrahos. Mozhebi vo MK nema tolku zainteresiranost, ama Srbite se tepaat za soba plus :) a ako vekje ste zainteresirani, preporachuvam da razgledate ponudi od srpski agencii poradi pogolemiot izbor na vili :) cenite se tuka nekade, ama na nekoi vili nashive se nerealno poskapi :)
     
  17. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Годинава сакаме да одиме на одмор во Врахос, заради близината на вилата до плажата.
    Сакаме да го носиме и кучето, па ќе видиме.
    За понуди не му се секирам, God Bless Booking.
    Ќе најдеме нешто.

    @Sigma* ме разочара со ова со Србиве.
    Лани во Лефкада вриеше од Срби и пред да се сместиме на некоја од плажите, прво наслушнувавме да не има Срби во близина, а потоа седнувавме. Ако имаше, чадорчето под мишка и на друго место.
    Хорор се.
     
  18. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Дали од Врахос има некој организиран превоз со бродче до Лефкада ?
     
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.854
    Многу е мало местото,нема каде да се прошера, една уличка од 2км ,3 мали продавнички и неколку ресторанчиња.
    Кога бевме лани од 7 дена само еден ден немаше бранови. Водата е многу чиста, плажата долга со ситен песок, лежалка се добива со нарачување нешто, најевтино порачуваш еспресо за 2 € и добиваш и лежалка. Сите вили се одма над морето на прв ред. Море, улица па куќите.
    Кој сака на одмор бистра вода, блиска плажа и сончање Врахос е добар иако имаше ветер и бранови, а кој сака и да прошета, да има каде да оди навечер, Врахос не е најдобра опција. После 22ч е мртво, никој никаде нема, многу е мирно.
    За тури имаше организирано со брод, до Парга и до некои други островчиња, мислам дека 3 дена во недела имаше организирано тури. Имаше и водичи од српски туристички агенции кој возеа со автомобил до Парга.
     
  20. Цецилија

    Цецилија Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Годинава сакаме да одиме крај на Јуни почеток на Јули на одмор во Врахос, заради близината на вилите до плажа. Бил некој во овој период во Врахпс и каква е водата за бањање?
     
    На Тианче му/ѝ се допаѓа ова.