Дали морето е одма длабоко во врахос или има и плиток дел? И дали има екскурзии со бротчиња? Ако некој бил летово може ли да ми кажете цените општо како се и цените на екскурзиите ако ги има?
Јас бев лани во јуни морето не е одма длабоко има плиток дел а за екскурзии тоа само во сезона може да има
Може ли да ми кажеш цени за по маткетите, рестораните? Да си купувам од тука јадење или пристапни се цените?
За рестораните не знам не идев мнг по ресторани знам само гиро беше лани 3 ипол евра а за маркети не беше скапо исто ко на краците можи и поевтино малку само имај на ум и дека нема мнг маркети една уличка е цел врахос со неколку ресторани и две три продавници
Баш летово си организиравме да одиме во Врахос, по повеќе кажувања дека е ептен убаво. Може ли некој да сподели искуство дали има тури со бродчиња, сакаме и да прошетаме и да одмориме во едно па ме интесира од тој аспект. Фала
Јас бев лани. За убаво убаво е ако сакаш баш одмор. Една улица е, на неа е се, продавници, ресторанчиња, таверни, до 12, макс 1 се е затворено што значи нема ноќен живот. Тури со брод нема, тоа од Парга имаш. Тука имаш само водени спортови на плажа.
Јасно, фала ти. Инаку да баш одмор одмор сакам, пензионерското хахаха. Ако не си со кола има превози до Парга?
Ние кога бевме (2021 година, во ковид периодот), немаше ништо. Наводно имало автобуси, ама ништо не помина во текот на тие 6-7 дена колку што бевме таму и нам ни беше малку досадно. Не ми е ко за млади ич, нема баш кај да се оди зашто буквално имаше 1 коктел бар, по некоја таверна, тука-таму нешто за гиро, 1 мини-маркет, 1 продавничка за џиџи-миџи и толку. И јас не сакам некој којзнае каков ноќен живот, ама бар да има кај да прошеташ ако не друго. Таму ни тоа го немаше, една уличка и толку. Премногу е отсечено за без кола и јас лично не би одела натака пак без кола. Ок си поминавме, плажата е супер (само имаше баш високи и силни бранови) ама ни беше навистина досадно веќе последните неколку денови.
Право место за пензионерски одмор, со маж ми сме биле речиси секоја година од 2017та навака, повеќето години и по 2 пати. Превоз до нигде нема баш доле кај што се смештаите, ама можно е за има автобуси на главниот пат дека има ширинка како автобуска, ама бајаги далеку е за да идеш пешки ако си сместен до плажата одма. Јас го обожавам дека баш нема ништо. Нема гужви, нема музики до ниедно време, и најдобро беше и кога немаше многу народ, првите 2 пати кога бевме мислам дека во 15 дена повеќе од тројца туристи не сретнавме. Сега веќе има доста луѓе и вон сезона, ама плажата е огромна, во ниеден случај немало гужва. Сме биле и како дечко и девојка, и сами со едно дете, во друштво сите со мали деца, и последно и со баба и дедо. Во секоја комбинација супер сум си поминувала, баш пензионерски.
Фала ви женски @Spidy и @Mishela за мислење. Мене ептен ми се свиѓа баш од таа причина што е мирно и што нема да има гужви и музика до ниедно време зошто баш одиме да се одмориме не да се журкаме. Инаку ако не одиме со кола, нас агенцијата ни кажа дека имало автобусчиња што возат до Парга, баш ќе провериме кога ќе одиме.
Уште едно прашање. Дали некој бил крај на август во Врахос и ако да, какво е времето отприлика? Нѐ поканија на важна свадба и сакаме сега да го поместиме датумот за одење.
Мирно местенце. Водата е преубава, плажата исто, долга и широка. Место има колку сакате, не е гужва како на краците. Музиката кај лежалките ептен тивка, некаде дури и нема. Врахос е пофамилијарен, нема некој ноќен живот, има пицерии, ресторанчиња мали, едно долго шеталиште покрај улицата и тоа е тоа. Вилите и апартманите се ептен блиску, буквално преминуваш улица и си на самата плажа. Ако одите со автобус, шанси нема да мрднете од Врахос. Нема никаков градски превоз до Парга или Превеза, никакви тури. Местово се наоѓа измеѓу неколку убави местенца/гратчиња, а е некако отсечено. Парга е на 10/15 минути со кола. Доста топло беше, ние бевме почеток на август, прежешко. Најубавото зајдисонце што го имам видено. Има едно убаво барче со оган, долу покрај море (Karnagio Beach Bar), често таму седевме, моја препорака.
И ние одиме во август врсхос кој ресторан пицерија со вкусна храна би ми препорачале и гирото каде е највкусно
Времето е супер до касно во септември, ама после први септември има џиновски бранови, може и над 2м да бидат. Не секој ден, ама се дешава. Секоја година одиме во периодот 28.08-8.09 да искористиме празници, ама сега со деца дефинитивно би одела порано. Лани бевме од 15 август до 10 септември, последната недела малата не можеше да влезе во вода. Мене лично порано ништо не ми значело дека не се бањам, маж ми се бањал и на најлошо време, водата секако е топла. Дожд и да има, повеќе од пола ден не траело. Може да има бура сабајле, и попладне пак сме иделе на плажа.
Леле фала ти многу за споделено искуство. Ние ќе одиме периодот од 22.08-31.08 така што нема да ги фатиме изгледа џиновските бранови.
Здраво дечки, поради лични приватни причини нема да успееме да одиме на одморот резервиран во Врахос со што се ослободува нашиот апартман, доколку има некој што сака да оди а не си нашол место нека ми пише за да го пренасочам доколку сака да си резервира