Со години одевме во Врахос крај на август и почеток на септември. Без исклучок секоја година после први септември има големи бранови. Ама сме биле со дете, ќе наполнам базенче и нема гајле. Во вода не се влагаше, над 2м бранови се случувало да има. Порано во август нема.
27 август И 31 август Децава се 4 год на сликите. После први септември мислам дека речиси ич не влагаа во вода. Нас не ни сметаше дека си седеа во базен.
Штотуку вратена од Врахос. Бевме од 20ти Август. Местото ги исполни сите мои очекувања. Искрено после оваа комоција на Врахос, во однос на плажа, би размислила дали пак би отишла во гужвите на првиот крак. Од самото поаѓање од Македонија, немаш гужва ниту по пат, ниту на граница. Ни Солуни да врвиш ни ништо. Патот преубав 90% автопат, не ни сетив кога стигнавме. Мирно место да, НО не баш толку " отепано" како што се зборува. Има мал милион таверни, ресторани, па дури некаде имаше и жива музика. Низ "шеталиштето" ако може да се нарече така е прилично раздвижено, има многу туристи. Баравме сместување за пријатели, буквално секаде беше full. Е сега морето, како што и очекував, знае да биде доста разбранувано, некогаш повеќе, некогаш помалку. Кога е повеќе, влегуваат само " најхрабрите" Инаку, во нормални денови, каде нема ветер и облаци, наутро е волшебно! до кај 14ч, a потоа си почнуваат бранчињата. Кога е многу разбранувано, се препорачува да се посети плажата Ammoudia, која е на некој 15 км од Врахос, и е нешто најубаво што сум видела. Мислам дека не постои поубава плажа за деца, 300 метри е до колена, тиркизна боја со бела песок. Наредна година здравје, би барале таму сместување, мирно селце, Парга е на 20 км од Ammudia, па за шеткање има опција. Ја посетивме и Парга,таа е на 35км од Врахос, иако е друга тема, да искористам ситуација да кажам дека мноooгу ми се допадна, совршено место за шеткање особено,посебно се доживува навечер.
Заборавив тоа да пишам, топла беше да, не приметив некоја разлика во однос на егејско и јонско, дека јонското поладно. И да напоменам дека е длабоко, 2 чекори и веднаш е до врат.