Доста често сум одела во југоисточниот дел на Србија, дедо ми има куќа во едно мало градче со убава природа, па така сум минала низ Врање, Сурдулица, Владичин Хан.. Сите, според мене - симпатични градчиња. Но, сум ја немала приликата да се задржам малку подолго во некое од нив. Затоа, се решив откако ќе поминат снеговите да отидам до Врање на еден ден на прошетка, па ја отворам темава за да прашам дали некоја феминка го има посетено, што има нешто интересно да се види, да се посети, места за излегување, убави кафичи/ресторани? Времето ќе ми биде ограничено па не сакам да лутам по градот, доколку некој би знаел да ми посочи што како. Инаку, оф топик, кога веќе се споменува Србија, ама Белград ми е малку преценет, не дека не е убав, но како што според мене само Скопје не е Македонија, така ни Белград не е цела Србија, има многу поинтересни и полни со живописна природа - градови.
Се сложувам. И мене ми се многу убави и Врање и Владичин Хан. Врање е мало гратче, нешто како Велес е по население, но се ти е во центар и има што да се види. Имаат две убави цркви, едната е на рид се вика Свети Никола, а другата е блиску до болницата на влезот од градот. Убава црква со двор. Имаат и музеј кој е интересен во центар. Лесно ќе се снајдеш затоа што се е на куп. За кафулиња и ресторани имиња не знам, но сите се на едно место, едно до друго и на сите страни мириса на скари и печени кокошки. Хан кога ќе се стопи снегот планирам да одам и јас.
Врање е многу убаво, живо и интересно гратче, има добри кафичи, ресторани со убава скара, слаткарници, продавници и бутици. За скара би го издвоила ресторан Хобит во центарот на градот. Се’ е сконцентрирано во центарот и блиската околина, така што лутање нема. Вреди да се посети.
Види на букинг, близу автобуската има хостел, видов минатиот пат кога бев. На неколку минути од автобуската има хостел.
Здраво, ме интересира дали утре работат бутици и продавници во Врање? И дали може да се плаќа во денари (ако не, дали можам таму да сменам или како да правам)? Фала ви многу