1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќањето на Исус

Дискусија во 'Религија' започната од ColoursOfTheRainbow, 25 август 2013.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Кога учев за религијата, се спомнуваше нешто дека враќањето на Исус ќе било во 1999. Само не се сеќавам дали Исус ќе „дојде“ од небото или повторно ќе се роди. Е сега '99 помина можно ли е Исус да „дошол“ и да си „отишол“ или повторно да се родил :^) Кога бев еднаш во црква го прашав попот за ова и тој рече дека „Ова и Ангелите не го знаат“ и дека не треба да се размислува за тоа. Кога го кажа тоа искрено и престанав да размислувам за ова, не дека постојано мислев на ова, ама ме интересираше, но ме интересират Вашите мислења. :)
    Ако темата не е соодветна КЛУЧ
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, туку само Таткото.”“ (Исус Христос, ев. Марко 13:32, Библијата)
     
    На iloveyou29, okcenzi, Betty* и 5 други им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Незнам кој ке ти одговори на ова????? ;)
     
    На BoneMachine и feminium им се допаѓа ова.
  4. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Ќе се врати кога ќе ЕВОЛУИРАМЕ во нешто друго. Или кога ќе почнат пак христијаните да се фрлат во кафезите на лавовите за нивните гревови, или муслиманите кога ќе се испоубијат во Сирија за да бидат блиску до бог. Без навреда.
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Спомнав јас дека „Ова и ангелите не го знаат“ :)
     
    На tessie и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имам некако некое друго мислење околу ова.Според Библијата, нели, се вели дека повторно ќе дојде.Но порелевантно, можеби како карактер, душа, енергетски, отколку физички.Ако, гледаме дека се она што е напишано во библијата е на база на метафора и самата нејзина суштина е духовноста.Пример, во истата се збори за царството, ако добро се сеќавам, Исус, кажал дека царството не е ниту тука, ниту пак таму некаде, туку во човекот, односно мирот.Тоа е она за кое зборел Исус.Што значи, се мисли конкретно само на душата, духовноста, ништо друго, како и впрочем се што е напишано во Библијата.Дали се работи за заповеди и сл., суштината е духовноста или енергијата, бидејки душата е енергија.Таа е нешто, да речам, како воздухот.Оттука, затоа сметам дека она што е запишано, се смета само како нечија душа, карактер.Настрана случувањата во истата, конкретно зборам за говорот на Исус или било која библиска личност.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во Библијата пишува дека Исус ќе дојде на истиот начин на кој што се вознесол на Небото.

    „И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека (ангели) застанаа покрај нив и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.“ (Дела 1:11, Библијата)

    Воскреснатиот Исус пред да се вознесе имал и материјално тело со кое што јадел леб и риба заедно со апостолите (ев. Јован 21:13, Библијата), така што Тој ќе се врати исто така со Неговото воскреснато и прославено тело.

    Исто така Исус во една прилика кажал дека Неговото враќање ќе биде видливо:

    „Првосвештеникот Го праша пак: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?” А Исус рече: „Јас Сум. И вие ќе Го видите Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како иде со небесните облаци.”“ (ев. Марко 14:62, Библијата)

    Исус предупредил дека ќе се појават многу лажни „Христоси“ со цел да ги измамат избраните (христијаните) и затоа им потенцирал да не им веруваме и да не веруваме во теории на „духовно враќање на Исус“, туку рекол:

    „”Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте, зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните. Ете, ви кажав однапред! И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте. Зашто, како што молњата излегува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.“ (Исус, ев. Матеј 24:23-27, Библијата)

    А исто така и во Откровението се вели дека ќе го види секое око, па дури и оние кои го прободија:

    „Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!“ (Откровение 1:7, Библијата)

    Гордана, значителен дел од мојот живот имам посветено на студиозно проучување на Библијата, на библиски курсеви (водени од експерти, доктори по теологија) и сл. и со сигурност ти кажувам дека минимален е процентот на она што е метафорички кажано во Библијата, сигурно помалку од 1%. Библијата не е метафора и таквите стихови се повеќе исклучок, отколку правило.

    Кога фарисеите го прашале Исус „Кога ќе дојде Божјото Царство“, Исус им одговорил

    „ А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина.“ (ев. Лука 17:21, Библијата)

    Значи Исус не мислел на некакво духовно царство внатре во човекот (како индивидуа), онака како што протежираат источните религии. Исус им вели на фарисеите да не го чекаат Божјото Царство да им дојде од небото, туку дека Божјото Царство е меѓу нив и се што треба тие да прават е да се однесуваат како достојни жители на тоа Царство т.е. да се послушни на Царот т.е. на Бог, да ги извршуваат Божјите заповеди и на тој начин тие ќе бидат Божјото Царство.
    За царство се потребни Цар и луѓе кои што му се послушни и го признаваат авторитетот и владеењето на Царот. Ако група луѓе се договорат да му бидат послушни на Бог, да го признаат Неговиот авторитет во животот и ги следат Неговите заповеди, тогаш тоа е Божјо Царство.
    Се разбира дека тоа не е совршено Божјо Царство, но сепак е Божјо Царство. Совршено ќе биде кога Исус ќе се врати, ќе го уништи злото, ќе ги воскресне луѓето во совршени прославени тела кои нема да бидат склони на грев и грешни страсти и тогаш Божјото Царство ќе блеска во Неговата совршеност.
     
    На ♡BuBaLe♡, Betty* и Natasha2012 им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ок, во ред :) Велам дека од духовен аспект, бидејки целата работа е да се разбере суштината нејзина.Ти верувам дека така е како што рече, но моето размислување за тоа, е дека е метафора и од духовен аспект, тоа е и религијата.Цела Библија е со метафора, за се она што е како изрека произлезено од истата.Не би рекла дека е тоа од источните религии, бидејки тоа истото е произлезено од христијанството, не од источните религии.Плус дури и спомнува самиот Исус, дека царството не е како земното.И ако добро паметам, тоа им го рекол додека бил со апостолите.Секако дека зависи од тоа колку човек е религиозен.А го дадов само како пример за неговото враќање.
    Оттаму и неговото враќање, никој не го знае тоа кога би се вратил, но после толку време, некој да се врати физички, тешко.Можеби само со преголема енергија ( за разлика од онаа која ние луѓето ја имаме) може да се врати со тело, видливо, поинаку не.Останатото е се поврзано со духот, душата, се што е запишано во Библијата, веројатно и враќањето негово.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Си слушнал некогаш оти секоја една институција која се обидува да ти стави решетки пред очите кои не ги гледаш, си наоѓа алатки преку кои го прави тоа? :)

    Пример, пример муабетот дека земјата е 8.000 години стара, и дека диносауруси нашле веднаш до мртви човечки тела, и оти се нормално исто стари телата, само науката ги користи за да си поигрува со религијата? :3 Да, те знам од порано, сме си правеле муабет, Евангелосе. :)

    Исто, дека пример земјата се создала за 7 дена.
    Или дека Маричето е девица цел живот. :)

    Не ти текнува оти секоја таква институција мора да има јаки алатки? Пример ко Гвујче наш шо мора да го има Сител. :)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    А, кога Исус ќе се врати, дали ние ќе го препознаеме ?

    Или ќе го наречеме, просјак, голтар, секташ, лажливец....како што го обвинувале него ?

    Дали во нашите срца ќе го осудиме и распниме, како што го распнале тогаш ?
     
    На daylight, Hipica, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Првиот пат Исус дојде како Спасител. Вториот пат ќе дојде како Судија.
    Првиот пат Тој дојде како кротко јагне, немо пред оние што го колат.
    Вториот пат ќе дојде како моќен Судија пред кого луѓето ќе ги молат планините да паднат врз нив и да ги сокријат од Неговиот гнев.

    „И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободен се сокрија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?”“ (Откровение 6:15-17, Библијата)

    Кога Исус ја започна Својата служба при Неговото прво доаѓање, тој влегол во синагога, го земал свитокот од пророкот Исаија и рекол:

    „И дојде (Исус) во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај и стана да чита. Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: ”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, да им навестам на заробениците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.” Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него. И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши.“ (ев. Лука 4:16-21, Библијата)

    Местото што Исус го читал се наоѓа во книгата на пророк Исаија 61-то поглавје и гласи вака:

    „Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница; да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог;“ (Исаија 61:1-2, Библијата)

    Интересно е тоа што Исус, читајќи го ова пророштво од пророкот Исаија (кое се однесува на Него), стигнал до „и да ја навестам благопријатната Господова годинаи тука запрел, го завиткал свитокот и му го вратил на службеникот и потоа рекол дека денес се исполнило ова пророштво во нивните уши.
    Воопшто не е случајно што Исус токму таму запрел со читањето, бидејќи следната реченица од пророштвото „и денот на одмаздата на нашиот Бог“ не се однесува на Неговото прво доаѓање, туку на Неговото второ доаѓање. Првиот дел од пророштвото со право, како што кажал Исус, се исполнил во ушите на тогашните луѓе. Не би ме чудело ако Исус, при Неговото второ доаѓање, го прочита и вториот дел од пророштвото „и денот на одмаздата на нашиот Бог“ и тогаш повторно рече „Денес се исполни ова во вашите уши“.

    Одмаздата на Бог ќе биде праведна. Врз непокајаните грешници ќе се излее Божјиот гнев во полна мера, а оние што ќе се покајат за своите гревови, ќе поверуваат во Спасителот Исус, ќе ја прифатат Неговата откупителна жртва и ќе го признаат Него за нивен Господ и Спасител, тие ќе бидат поштедени од Божјиот гнев и ќе добијат вечен живот.

    „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.“ (Исус Христос, ев. Јован 3:16-18, Библијата)
     
    На LUCI 99, okcenzi, Natasha2012 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
    Jас имам читано и доста книги кои ја толкуваат библијата.Aма,верувам во се што пишува во неа,и верувам дека Iсус ќе дојде,и баш како пишува таму,дека ќе дојде кога најмалку ќе очекуваме.Tоа што ме плаши е она денешното зло,луѓето се способни се да испревртат особено вистината,но на крај краишта секој за себе си живее и секој ќе биде суден за своите дела.Mи се допаѓа тоа што судот ќе биде праведен,зашто Tој рече:Aко бевте од светот светот ќе ве сакаше ,бидејќи светот ги сака своите,но бидејќи не сте негови ве отфрлија исто како Mене што ме отфрлија.Mногу е чудно да е коинциденција,нели ?Tоа што денес секој мисли за себе дека он тоа што го прави е најправилно и наместо да живееме во божја љубов и слога,самите се двоиме и си наштетуваме.Mногу се важни делата за верата,бидејќи верата без дела е мртва.Tуку,второто доагање на Iсус ќе биде за да ни суди и она што го пишува за пеколот и рајот и како грешните одат засекогаш во пеколот а праведниците во рајот ,е тогаш кога Tој ќе се врати бидејќи е божји син,и секој што верува во него нема да загине и ќе има живот вечен.
     
    На elisabeta, eticka, stylishh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    И јас верувам дека ќе дојде.
     
    На Betty*, hermosa и EvAngelos им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Kако што ќе си дојде, така и ќе си отиде човекот :D .
    Kога ќе види за кого се жртвувал... ќе му падне шеќерот
     
    На hello-kitty.90, Glasna, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    THE SECOND COMING by William Butler Yeats
    http://www.potw.org/archive/potw351.html
    ...twenty centuries of stony sleep
    Were vexed to nightmare by a rocking cradle,
    And what rough beast, its hour come round at last,
    Slouches towards Bethlehem to be born?

    Според Јеитс, второто Христово доаѓање би било апокалиптично зашто и покрај тоа што тој се жртвувал за нашите гревови, човештвото буквално си спиело на левото уво цели дваесет века и не станало ништо подобро од она што било пред Исус да биде распнат.
     
    На daylight и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  16. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Кај нас се верува дека тој ќе се врати (Исус кај нас е Иса а.с) затоа што неговата мисија не е завршена,тој ќе се врати и ќе биде на земјата 4 години...имено неговото враќање спаѓа во големите предзнаци за Судниот ден.
     
  17. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Мое лично мислење е да се прочита крајот на Библијата, односно целото ОТКРОВЕНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈОВАН БОГОСЛОВ и многу, многу работи ќе бидат јасни. Исто така пожелно е пред да читаме да се помолиме Господ да ни даде мудрост за разбирање на неговото слово. Толку има да се чита и измеѓу редови , што ми се ежи кожата. Навистина едно од врвните дела.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Достоевски во „Големиот Инквизитор„ (парабола од романот „Браќа Карамазови„) опишува случка каде Исус се враќа меѓу народот, прави чуда, народот го препознава но црквата веднаш интервенира и го апси и го осудува на смрт со палење на клада следниот ден. Големиот Инквизитор од црквата го посетува во занданата и му вели дека и се меша на црквата во нејзината борба за углед и моќ врз обичниот народ, инквизиторот како претставник на црквата исто така му вели дека: „Не сме со Тебе, туку со него (се мисли на ѓаволот), и тоа е наша тајна! Со векови насстојувавме да се отргнеме од Тебе за да го следиме него„. Инквизиторот исто така му кажува на Исус дека иако црквата ги води луѓето во смрт и пропаст, таа барем им овозможува да умрат на крај глупави и среќни.
    Слична тема има и во британскиот филм „Мистер Браун слегува од ридот„ (1967) каде црнец, проститутка и свештеник на врвот од ридот го сретнуваат Исус, го молат да се симне бидејќи светот има потреба од Него, но набргу по симнувањето црквата прави заговор да го отруе.

    Во апокрифното „Еванглеие Исусово„ гл. 68 насловена како „Споредби за Божјиот суд„, во стих 11 пишува:
    „И кога ќе дојде Синот човечки, самиот Христос Божји, тие ќе се здружат против Светиот, ќе Го натепаат и ќе Го исфрлат од лозјето; оти, тие не чинеа работи од Дуот, туку бараа свое сопствено задоволство и добивка, така што го отфрлија светиот закон„.

    Христос 1989 год. во својата голема објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ дава објаснување и продлабочување на некогаш кажаното:

    „Јас Христос Божји, дојдов во Исус кај нив и доаѓам како Христос. Во разни облици можеа да Ме видат, и да Ме искусат, оти Јас Сум во Отец-Мајка-Бога живот во сите животни форми на живот.
    Јас дојдов и доаѓам кај нив и со Мојата света реч, која е вечната вистина. Јас ги опоменував и ги опоменувам преку Божјите пророци да се придржуваат кон Божјите закони. Меѓутоа, тие ги слушаа и ги слушаат само дошешнувањата од оној кому тие му дале завет. Овој ги заведува и ги води нив и, така, тие беа и се насочени само кон свое сопствено уживање и добивка. На тој начин, тие го отфрлаа и го отфрлаат законот, Бога, сè до оваа генерација [1989].„
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    феминки, прочитав некаде дека се споменати овие индиго деца во библијата, па ме интересира дали некоја знае за тоа?
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    За жал, нема да се врати. Или ако се врати, тоа ќе биде за илјадници години.