Враќањето на Исус

Дискусија во 'Религија' започната од ColoursOfTheRainbow, 25 август 2013.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    41.464
    Пол:
    Женски
    Верувам во неговото враќање..да,Исус ќе се врати и ќе ни пресуди на сите според заслугата,а наше е дали ќе се покаеме и ќе застанеме покрај него... искрено од душа посакувам да бидам во неговото царство,ама животов секој ден ме тера да грешам па да се каам и се така во круг,понекогаш се мразам себе си што не сум истрајна и отпорна како што бев до пред многу години:(
     
    На Victorian, Bulgarian, 2212 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски
    И он самиот рекол дека ќе дојде,ама никој не знае кога :) <3
     
  3. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    се согласувам со тебе херми.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Veruvam vo Bozjoto Carstvo , no deka ke dojde Isus na zemjata ne veruvam , mislam deka na sekoj covek mu prestoi suden den koga Isus ke sudi za nasite grevovi !
     
  5. kucickaaa

    kucickaaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Откако ќе му дозволи Аллах џ.ш. на Деџџал да се појави на земја и сее неред на неа, тогаш ќе се спушти Иса а.с. на земјата - со дозвола на Аллах џ.ш.- кај белото минаре ви источен Дамаск во Шам Секој неверник кој само ќе го почувствува неговиот здив ќе умре. Неговото спуштање ќе биде меѓу спасената група која ќе се бори со него, собрана во борба против Деџџал, ќе се спушти во време на почетокот на намазот и ќе клања со имамот на таа дружина.
    Иса а.с. ќе слезе од небото поради приближување на неговиот смртен час, за да биде закопан во земја, бидејќи секое створение од земја умира на земја и се закопува во земја. Неговото спуштање се совпаѓа со појавата на Деџџал, и него ќе го убие Иса а.с.
    Тој ќе слезе да ги обвини христијаните за лага, и да им ги открие нивните кривоверства и заблуди. Аллах џ.ш. во неговото време ќе ги уништи сите верувања освен исламското верување. Иса а.с. ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја прекине војната.
     
    На minne992, goodnesswithin и rose60 им се допаѓа ова.
  6. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Јас сум верник, исто така верувам во второто Исусово доаѓање, никој не знае кога точно тоа ќе биде, Господ не ја кажал таа информација, но сепак не упатил кон тоа и кажал дека пред второто Исусово доаѓање ќе има тотален хаос во светот, невремиња и бури, поплави и земјотреси, пожари, војни итн, кога ќе завладее злото тогаш ќе се наближи Исусовото доаѓање, исто така кажано е дека кога женското ќе стани еднакво на машкото тогаш ќе се наближи Исусовото доаѓање. Се од горе наведеното е веќе во тек, и самите знаете за временските непогоди што го зафатија целиот свет, за светската криза и терористичките напади, а ако добро размислиме ќе ни стани јасно дека жените речиси станаа еднакви со мажите, женската голотија стана бесрамна како машката, либидото кај жените стана еднакво како кај мажите и ред други работи. Многумина на ова ќе кажат 21ви век сме! Таква ќе беше и мојата реакција на ова ако го прочитав пред некоја година. Фала Му на Бога што се освестив додека не е предоцна. Како и да е...
    Не е наша работа да размислуваме на враќањето на Бог, тоа го знае само тој, единствено нешто што нас ни преостанува е да се бориме во овој свет со кој завладеало злото да останеме чесни, хумани и верни на нашиот единствен Господ Бог, само така ќе стигнеме до спасение на нашите души на другиот свет!
     
    На ♡BuBaLe♡, Rama, kastbull и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Исто заборавив да нагласам, пред да дојде нашиот вистински Спасител на земјата, ќе има многумина пратени од Антихристот кои лажно ќе се претставуваат како наши Спасители, затоа бидете внимателни во што верувате, молете се и правете добрини :inlove::inlove::inlove:
     
    На ♡BuBaLe♡, Rama и Victorian им се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Јас понекогаш под лажни христоси тоа го сметам за сектите.Бидејќи тие се појавија скоро и постапуваат слично како Христос спрема старозаветните свештеници.Моја претпоставка.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Да, стварно, можно е. Мене ми немаше текнато на то искрено, јас повеќе го насочував вниманието кон поединци. А претпоставката ти се поклопува со тоа што исто така е кажано дека многумина ќе веруваат во лажните спасители а со самото то ќе му бидат во служба на сатаната. А во последно се повеќе слушам за млади луѓе кои станале членови на секти.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Не иди Исус на земјава , премногу зло има .
     
  11. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Баш ради то и ќе дојди ;)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    ма не верувам , нели за во 2000 година се препоставуваше , некои беа дури сигурни ....
    Премногу зло има , ретко и да се сретне добар човек , се е окупирано со матријалните работи , некој да му наштети на другиот , Господ гледа одозгора и самиот се крсти со тоа што се случува во светот ....
     
  13. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Многупати се имат ширено такви шпекулации, ама сигурно не потекнуват од црквата а и како што кажав денот кога Исус ќе се врати никој не го знае и ќе биде тогаш кога најмалку ќе се очекува. А за злото што преовладува неможиме да гледаме како целина, затоа што пред Господ секој поединечно "одговара" па така секој за себе си ги сносува гревовите, секако и добрините, и Господ секој поединечно ќе го награди на другиот свет врз тоа како се покажал на овој.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.822
    Допаѓања:
    91.826
    Тотален хаос во светот - лошо
    Невремиња - лошо
    Бури - лошо
    Поплави - лошо
    Земјотреси - лошо
    Пожари - лошо
    Војни - лошо
    Ќе завладее злото - лошо
    Кога женското ќе стани еднакво на машкото - и ова е лошо? Или се знај местото на жената, а? :^)

    [​IMG]

    Зошто е во ред машката голотија, ако женската не? И сериозно ова со либидото ...? |(
    И ете ако е тоа лошо, тогаш зошто мажите беа една скала подолу од нас па не е за нив срамота голотијата и тоа што ... ахам ... имале поголемо либидо? И дали откако жената ќе стани еднаква на мажот, односно ќе достигни срам и зло како него, ќе почни да паѓа светот во зло, во таа смисла или во смисла жената треба да е чесна, беше кажано ова?

    Значи не те напаѓам, да не се сфатиме грешно, остатокот од мислењето е онака како што знам и се согласувам ама овој дел со жената едноставно како трн в око некако ми е. Шта чеш.

    Остани поздравена.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    @theowndemon Незнам за станување на женското еднакво со машкото.Јас такво нешто не се сеќавам да сум прочитал во библијата.Или за друга религија зборуваш со @DamnGirl98 ?
     
  16. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    "И јас како и секоја друга женска особа не сакам да мидам малтретирана или измачувана од машкиот пол или од општеството, сакам да бидам ценета (тоа некако е прераснато во потреба, кај секој) но кога се работи за феминизмот многу ја претеруваат. Сфакјам, да се борат против насилството или само одреден вид на дескриминација, ама ова што се случува денес е страшно! Целиот женски род цели да постане машки, буквално. Господ не случајно создал два пола, и не случајно прво го создал мажот па жената. Жената е создадена за да биде кротка, мила, љубезна, за да го чекори патот кој мажот го создал и да му помага и да го поддржува во она што го прави, да го смирува и поучува во ситуации. Додека пак тој е должен да ја заштитува од злиот свет.
    Јас сфаќам и сосема е природно жените да бараат права долку се омаловажувани, дискриминирани (во некои погледи) или измачувани. Ама грешно е она кон кое тие денес се стремат, постанување на ЕДЕН пол.
    Жената по природа е мила, трпелива, смирена, а истовремено сака да ги впие карактеристиките на мажот што се тотално спротивни. Како би изгледало таквото општество? Или можеби веќе живееме во него па затоа е ваквиот хаос....." на еден пријател му го кажав ова... а тој ми врати вака:
    Jas mislam deka feminizam e delo na Antihristot. Pocetnata cel na ova dvizenje znam deka bese za povekje prava za devojkite, no deneska imame post-feminizam sto sosema go izgubilo znacenjeto i zenite bukvalno se tranformiraat vo monstrumi, nepodnoslivi, kako da imaat tovar deka tie treba da go oslobodat svetot od mazite. Taka mi deluva toa i mnogu mi e zal i mene kako masko sto gi gledam ovie raboti. Jas sum na fakultet i gledam tamu koga nekojpat razgovarame za ova tema kako se palat devojkite, kolku zestoto zboruvaat za toa, samo da gi vidis kako se isprani vo mozok.

    Целосно го делам неговото мислење, сега или ќе ти стани појасно, или уште пострашно ќе почниш да се противиш, поздрав и до тебе и не сакам да ја отварам темата за феминизмот денес, неподносливо ми е.
     
  17. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    За христијанската религија зборувам, незнам точно каде сум го прочитала не се сеќавам, ама имам зборувано и со свештеник и тој го потврди истото
     
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Јас не се сеќавам на такви реченици.Ако можеш во иднина да извадиш цитати бидејќи верувај мене не ми текнува такво нешто.Можеби со свештеникот сте зборувале за нешто сосема друго во врска со жените.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.822
    Допаѓања:
    91.826
    Па и јас не знам затоа и прашувам.
    Ме интересира зошто, дали се мисли во смисла машкото е расипано сега и жената е еднакво расипана или во смисла машкото е нешто, а жената сега криви патот. Се обидувам да разберам, и затоа сакам да знам искрено. Какво зло е, што е лошото во тоа сите да сме луѓе.
    Тоа со феминизмот, има жени и жени. Тоа е дел од карактерот. Не е во природата на жената да е кротка и мирна, тоа е индивидуално. Имам другар кој е 10 пати помирен од мене, и јас не сум феминист, јас реално ја фаќам страната на оној кој сметам дека е во право во даден момент, и на моменти него го бранам зошто он неможи да застани за себе. Тоа не е дел од некое феминистичко движење. Да некои претеруваат, мислам сериозно претеруваат и ни на момент јас не би застанала на нивна страна, ама секакво с*ање се дешава, ако се тоа го ставиме во кош „жени и тие треба да бидат кротки, мирни зошто тоа му е во природата“, а да не гледаме на нив како засебни личности зафркнавме.
    Дали можи еден ... „пол“ да има? Не. Зошто тоа е биолошки невозможно, па некакво изедначување во смисла исти права да имаат не е некоја лоша работа, патем тие кои си се со испран мозок, не се оние криви такви шо се де. :lol:
    Патем ќе зборам и јас, искрено ме интересира. Одамна немам зборано со чичко ми кој е многу упатен во религијата, ама сега мислам дека сакам пак да ја отворам оваа тема со него. Ме интересира шо има да кажи на темава, ама тоа веројатно од следниот месец. (waiting)

    Ти благодарам на одговор, и на двајцата поточно.
     
  20. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Тоа е моја гледна точка не барам секој да разбери или прифати, па и крај краева мојот прв одговор се однесуваше на второто Хрситово доаѓање, немав цел толку да се издолжи хахаха, ако не заборавиш пишими порака откако ќе разговараш со чичко ти, ме интересираат и други мислења :):inlove:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.