http://www.dijeta.net/meseceva_dijeta.htm efikasno e majka mi ja isproba i ne gi vrati kg a pomina 2 meseca
Останав бремена со 55 кг а на порагај отидов со 69 кг сега сум 59 а би сакала да си се вратам на старата тежина иако сум слабичка сепак 55 кг ми изгледа идеална тежина
Според мое мислење 59 кг е супер тежина,е сега голем удел има и висината...Јас сакав да постигнам исто како тебе,а сега се каам за тоа.Пред да останам бремена имав 55 кг,на пораѓај отидов со 65 кг и во рок од неколку дена слегов на 58 кг.Во тој момент си мислев дека сум дебела и да ја намалам килажата.Сега сум 52 кг и немаш појма колку сакам да си ги вратам назад старите 58 инаку висока сум 170 см,што значи дека спрема висината треба да имам околу 58-60 кг
Кај мене најголем удел имаше генетиката, мајка ми се правела сучка после породување и мене истото ми се случи. Останав бремена со 67,68 кг на 178 см, прво ослабев 3,4 кг кога исфрлив кока-колата што ја пиев со литри секој ден, кафето со еден тон шеќер и други такви нездрави навики а на породување отидов со 74 кг. Син ми се роди 4.150 така да брзо се вратив на тие 67,68 кг кои мене највеќе и ми одговараат и во наредниве неколку месеци буквално се стопив и дојдов до 57кг, сите што ќе ме видеа мислеа или дека сум болна или ме жалеа дека сигурно малиот ми е немирно бебе а баш напротив мирно бебе беше. Си јадев нормално, не сум била на диета или нешто а се топев, бев на сите испитување нешто да не, не е во ред, се се враќаше во граница на нормалата а јас се топев, сама на себе си изгледав како оние анорексичните манекенки Таман го одбив од доење син ми и си планирав да се вратам на кока колата и кафето со еден тон шеќер кои ми ја одржуваа за мене идеалната тежина, останав пак бремена и уште од сега ме фаќа страв дека уште толку ќе се стопам затоа што досега имам качено само 2,5 кг а си јадам најнормално.
Најдобро е да пробаш ,посебно ако земеш од топ-шоп,и зависи од што материјал ,јас по правило секогаш земам помал број ама за топ-шоп тој ако земеш помал број ќе поцркаш многу стега ,и може да имаш засекувања на нога или горе под гради. Сега после пораѓај зедов од зелено пазарче како бициклистички ама не сум задоволна не стега за тие пари 250 ден толку.
Сакам да си нарачам од еbay има димензии да си видам и се мислам дали одговарачки или еден број помал. Еве ваков.. Инаку сличен имав на Пенти веќе е пред умирање и искрено не ни стегаше нешто особено само поубава линија даваше.
Ваков ми е тој од зелено пазарче горе така е друг материјал а долу микрофибер ,сигурно не е ист ама земи си помал број ,па мидер ако не стега што ке ти е .
ама викаш не стега??? Инаку и овој од Пенти е мнооогу сличен. Како да им е од Кина нарачан за нив. Да додадам дека е околу 450ден.
Тој што го имам како што кажа и ти за твојот дава добра фигура ама не стега, визуелно да смали број нема шанси,тој од топ шоп му се мерачам ама пусто 3000 ден е ако има некој задоволен нека се јави. За него знам само дека нетреба помал број да бираш, го имам пробано и стварно стега .
Јас земав еден турски, во Пенти кеса ми го ставија, ама сега да ме утепаш не ми текнува дали беше пенти Инаку е пре преубав, се осеќам толку прибрано, убаво, стегнато, абе мераци, ни дома не го вадам од мене. Горе е со два реда тенок силикон за да не паѓа. Бројот за овој што го земав се одбираше според тежината и висината(како хулахопки би му дошло) и не го згрешив. А моделот е доле како гаќи а горе до под гради, не сакав од оние со ногавици зошто такви имам и многу ми е склет од нив.
и јас секогаш кога купувам мидер земам еден број помал, повеке ме стега, хехе сега имам еден од 150 ден од на пазар, до под гради е и долу како гаки е, не да ме стега како манекенка сум, еххе ама само ми се лизга под градите е, е тоа му е минус
Јас овој што го земав е 300ден, но ти викам со силикони е горе, па затоа не мрднува А за бројот си во право, само мене ми беше точен, односно ме стегаше супер, и сега ме стега, но кога го кревам, од страна се гледа дека ми е голем, затоа сакам бројче помал. Сега ме потсети да проверам и на пазар може истиот ќе го најдам, зошто овој не го земав од СК.
И јас имам мидер и го купив 5 евра како гаќички е и стега многу на половината, ама не го носам, многу ретко зимата кога излегував само го облекував. Сега не го носам никако. А тие што ги постирате вие се убави и сигурно стегаат убаво и изгледате како манекенки, е само да прашам ги носите ли и сега под облеката?
meU Или било кој ако најде на пазар со силикон горе асален мидер нека даде инфо. Од пенти дефинитивно се откажувам зошто ми е ист со овој од ebay а разликата во цена е огромна 170ден наспрема 470ден. Не е малку зарем не?
Жени, ако се сеќавам добро, мојот е NBB и го земав од продавницата на Рампа. Со 2 реда силикон е горе, супер е и не се спушта надоле, ама е со ногавици. Цена? Појма немам....Носење? Не баш, пошто склеџика сум голема, ене го дома ми седи откако е купен, дали 2 пати сум го ставила Проверете таму
јас носев мидер цело лето на 40 степени лелеле ужас или го носев јас и во болница ставав еден плав појас па не го симнав три дена рга фатив хехехехех