Циклусов два пати си дојде уредно и сега го нема. Имав симптоми за добивање и сеуште сум у пмс али 10ти ден уште ја чекам. Не верувам дека @Happyinlove ме проколна, не сум ваљда до толку малер. До кога се регулира? Два пати на време си беше. На гинеколог сум во Април.
Замисли. И јас така аха од доењето што престанав,хормони и оп. За убаво. Шала на страна може да не е стабилизирано,и кај тебе доста хормонални промени настапија. Се ке си биде во ред
Мене вториот циклус ми доцнеше 2 недели, третиот 6 дена. Ама јас уште дојам. Бев 3 пати на гинеколог во последниве 3 м и никој нишш конкретно не ми одговори, само дека нема ништо невообичаено и дека се е ок. Така да не се грижи ако немаш некои ноќни испади ќе дојде, нема кај да бега. Ако не, мисли му ја.
Тие што доите подолго време, до кога немавте циклус? Ние сме6+ јас абер немам од менструација ( не дека ми треба) Од генерацијата мислам сите добија уште @Yowannty мислам се нема пофалено. За првото дете точно на два месеци добив.
Јас добив четири ипол месеци по породување. Дојам уште турбо, бебе прави 5 за 3 дена. Ми олесни да ви кажам, колку и да ја мразам таа менструација, се надевам ќе ми се стабилизираат хормони, језиво ми е некако да немам добиено толку долго.
Мајки што сте доеле, дали сте се здебелиле откако сте престанале со доење? Јас се вратив на килажа пред бременост за 10тина дена, сега уште послаба сум. Јадам како дупната вреќа. Значи во најдебелите денови пред да затруднам јадев дупло помалку од сега. Претпоставувам доењето ме истоштува, не гледам друга причина за ваков апетит и некачување килограми. Само ми е страв да не се навикнам на ваков ритам па после нагло да се здебелам . П.с не сум била никогаш од тие среќници што јадат и не се дебелеат. Слаба бев, ама не ни јадев количински многу
Исто и со првото и сега, јадев многу а слабеев, од кога престанав да дојдам се намали и апетитот, не се здебелив.
Да. Додека доев стасав на нула, а допрев +20 во бременост. Не дојам од 7 Јануари до сега на конто има веќе +5. Продолжив да јадам и пијам како сивоња и ќе јадам до 1 Март после почнувам со џогинг и рестрикција. @Presrekna на +10 ми дојде кога ги намалив подоите на три на ден. Баш паметам дека дупло помалку цицаше и ми дојде.
@Presrekna јас добив после 9 месеци, редовни ми се со сега, на 14 м го одбив. @Cherry333 2 недели од ко е одбиен -1кг сум, цело време додека доев слабеев, 12кг ставив во бременост, а -10кг бев 2 недели по пораѓај. Ама имам проблем со жолчката и пазам многу што јадам сега, можи и од тоа ослабев
Тоа е добрата страна на добивањето. Ќе те дрма недела дена дур добиеш. Нас не дрма цело време оти не добиваме. Вечен пмс.
За една недела по пораѓај ги симнав сите кг од бременоста. После неколку месеца, се здебелив 3-4 кила додека доев, зошто уствари доев само 4 пати на ден. Па ослабев со диета и вежбање, и стагнирав 3 месеца иако јадев глупости, и сега кога престанав да дојам пак качив 2 кила. Не знам дали е до доењето или ме стасаа годините (сега направив 30). Не дека е многу килажа, него се ми е во стомакот. Се мислам пак еден режим да фатам пред летово со маж ми заедно.
И кај мене уште нема менструација. Хормоните лудило, напанатост, некогаш се ме нервира, некогаш смиреност како на дрога да сум
Сеуште немам менструација , а и не ми ни треба. Има денови како да сум во пмс. Килажата ми е 2кг плус од пред да бидам бремена. Косата стандард, ако ги собирав влакната досега што ми паднаа еден ќилим ќе исткаев. Туку што да правам со темните дамки околу папукот кои ми останаа од бременоста?
Мене ми ги снема тие „флеки“ после година отприлика. Јас ја имав линијата само, други темни делови немав, ваљда зашто сум со светол тен.