Ништо. Мислам дека на темава имам ставано слика, залисток имав поголем од татко ми што има 60 години. Маж ми викаше "умрела вештека во кадата" кога јас миев коса зошто многу паѓаше. За среќа кога престана да паѓа си никна нова коса, сега сум океј. А и пред бременоста ми пагаше косата, тоа мене ми е нормално, и сега еве доста ми паѓа, ама тие 3 месеца беше ужасно. Очекував ќелава да се разбудам еден ден.
Мајкички, како ви оди слабеењето после породување? Си имам +5 од ражба ама сакам да 10 за да бидам топ, ама.... нешто не оди.. Ко ламја сум претворена, апетит како утре да е последен ден. Инаку бебка за некој ден полни 5 месеци, мајка во огледало нејќе да се види, а лето иде... до сега се криевме под палто
Дои бебе упорно(ако доите се разбира). Јади разновидна храна многу зеленчук и овошје. Многу течности, благо и грицки избегавај ( не воопшто) Јас ја користам апликацијата let's burn ili feel the burn не знам како беше точно. +2 кг сум од пред пораѓај( од градите со млеко се кг халаха) но со вежбањето сум како пред да забременам. Спојлер: Пред и потоа Еве ме 1 слика- година дена пред да забременам 2 слика на денот на пораѓајот 3 слика 4 месеци после пораѓај. Сеуште сум иста. "Малку" целулит н нозете имам ама кога ќе трча бебе ќе го "изеде". @srekice и мене уште ми стои линијата ама се повлекува-бледее последниов месец @WildMk ме изнасмеа. И тоа е форма во право си. Само здрави и живи да сме.
Хахаха се спремам за свадба Убава баба да бидам иако стара. Што ми вели мм не се смеј за 10 год можеш свекрва да бидеш Синко ближи 15 а мм беше 25 кога се зедовме а золвата(бебушов) тогаш само 10 годно комент
Значи маjки лек за паѓањевo на кoса нема??? Се oсеќам какo три мачки дoма да имам сегде кoса oд мене..страшнo е oва..
И јас нон стоп се жалев за косата. Имам мачор дома ама јас поише од него се митарев тек сега почнува да се намалува паѓањето. Чинам месец ни беа разлика беблите, издржи уште малку.
Среќа што ми е густа косата, инаку ова е хорор филм... The ring низ дома, перики по паркет Се надевам за месец дена ќе престане.
Ќе престане паѓањето, не се секирајте. Ништо не помага. Секаде имаше коса, некогаш дури и во пелени наоѓав. Па после кога ќе почне да расте нова коса, па антени на сите страни, никако не може да се спастри. Еве јас се шетам со репче и бебешки шишки на сите страни. Па ги навикнав дека штрчат над глава и не ми е гајле.
Веќе и мене престана да ми паѓа. Од рачиња му ги вадев и пелени влакната. Да не зборам за под. Сега имам толку нова коса на ништо не личам. Па и бела плус... А иначе за формата, јас очигледно не се враќам...
И кај мене многу почна да паѓа,последниов месец -4 месеци по породување. Кога се чешлам/мијам и ќе се наведнам да ги соберам цели топки коса
За косата и јас сум со антени, со лак ги залижувам малку да личам на нешто инаку како баба рога сум. Никогаш не ми била поужасна. А за килажа јас сум +6кг, а дури 22 качив во бременост. Не сум многу дебела ама се е во стомак, задник и бутови, како Ким Кардашијан сум у подебела варијанта. Среќа и градиве ми пораснаа па имам песочен часовник фигура хаха. Кога ќе ми виснат ќе бидам за никаде. Него како да симнам уште некое килце кажете кога ме мрзи да вежбам, а и со време слабо стојам од кога почнав на работа. Дајте некоја диета ама да не е многу рестриктивна оти уште дојам, а и стрвна сум