Пантенолот многу го суши скалпот. 100 мл мислам дека е премногу, дури и за литарски шампон. Нема лек за ефлувиумот, само трпение. И кратење на косата може да помогне ако имате долга коса. Мене многу ми помогна, и тоа драстично кратење.
Истото сакав да го кажам за кратењето Коса Јас како девојка имав долга виткана коса но во синко бремена ми ослабна, ми се исправи а со доењето ми испадна. Ја скратив прилично многу и никогаш не ја пораснав. За ова бебе тифус ја носам. И си ја сакам. Плус лесна ми е. Се мијам Коса 3 мин пред излегување. Ја сушам со фен 30 сек И по скали додека слегувам со прсти И восок си правам фризура
Прво станување сабајле пред огледало, ја поминувам со мокри раце, чешел за вошки и на крај прскам лак Посебно зулуфките, т. е бекенбардите или како и да, се викаат. Тие на нерви ки идат. Али расте коса добро е. Мм нека му ја мисли. Му ја оставив правосмукалката во тестамент
И јас исто.. Во пелена кај бебе, на лице, во облека... јас имам густа коса ама ако продолжи со ова темпо да ми паѓа...
Исто е и кај мене. На сите страни коса дури почна да се приметува залисток. На 14ти правиме 5 месеци се надевам ке престане да паѓа наскоро.
Хахах ме насмеа со чешелот за вошки и јас имам антени посебно напред. Да пораснат уште малку и како шишки ќе си ги носам Инаку ќе прекине паѓањето до кај 6, 7 месеци на бебе, ама после додека израсне нова....
Косата ми е слабост. Мора секогаш да е средена. Јесте да десет месеци е во пунџа, али ништо не смее да штрчи Престана да паѓа, а паѓаше бааѓи. Овие новиве сега нервираат бидејќи се кратки, али кај и да е ке се оправат. Пред миење чешлам, со маска ја шлапам и пак четкам, за да не правам лом.
Исто цели тутки прамени ми паѓаат буквално секаде ми ја има косава.. и неможам да поднесам почнува страв да ме фака и морам нешо да преземам.. ако знае некој добар лек нека сподели пошо ке останам без коса
Кога престанува да паѓа? Ако паѓа со ова темпо до 7 месеци сигурно ќе отворам здружение на келави мајки.
Леле значи ужас Дома на секое коше коса од мене мислиш чуваме куче у сезона на митарење :/ Пред ова користев Тианде шампон за косопаст и добар беше, ама ми заврши исто и Ducray за себороичен дерматит што е ми помагаше да ми растат нови влакна Ама мислам дека овој пат има и да се шишам подоста и двата шампона како комбинација ке ги користам ..... Едноставно неподносливо мн ми пага косата
Во овулација сум не можам да станам од кревет лошење до степен на блуење и силни болки во половина. Се напив реглан, ова не било никогаш.