Иста и јас бев со болни циклуси претходно, а вчера добив првпат по пораѓај и сум зачудена - само минимална болка првиот ден и тоа е. Вака да си остане супер ќе биде. Во диетава демек важно било измеѓу оброци да не се јаде ништо, а јас претходно нонстоп си каснував по нешто, грицки, блакце, сега се воздржувам. Инаку и јас не јадев многу количински ама не пазев кога што. Најчесто навечер благо си каснував. Јас имам 66кг, а пред бременоста имав 58 и таман ми беа, сега имам меше и бутови
И јас со 58 останав бремена. 168 см висока. На пораѓај отидов со нецели 69, од болница си дојдов со 65. Првите два месеца ставив 2 кг. До 4 месец ослабнав до 62 кг, сега бебе е месеци, јас 60кг. Вишокот 2 во гради ми се. Хахаха Многу внимавам на исхраната од секогаш посебно сега бидејќи дојам. Благо и бел леб немам каснато времиња. Од 2 месец наваму вежбам дома по 20 мин со тел апликација па телото многу поинаку изгледа. Она што велиш меше и бутови кај мене ги нема. Во килограми со вежбање не намалив многу, но визуелно како -10 да сум. Имам постирано слика во темава 2-3 стр наназад.
Секоја чест. Многу убаво тело. Јас сум 165 висина, и од секогаш сум била слаба без да пазам што јадам. Ама во бременост мнооогу се здебелив, со 82кг отидов на пораѓај. Какви вежби правиш да почнам и ја по малку. Малку сум си мрзливка за вежбање, а и немам многу време со бебето и на работа тргнав плус, ама ако 20 мин ваљда можам да одвојам...
Feel the burn ili let's burn се вика апликацијата Има повеќе апликации со вакви вежби за затегање на мускули. Мрзата е дури да почнеш. А за време едно кафе помалку во денот. Се наоѓа.
Ја отворив темава да прашам,видов си пишала. Божеее што е со ова стегање во кичма,вчера добив денес од сабајле не можам да се исправам...и тоа ме боли истото место кога почнаа породилните болки А за болките во стомак можам да кажам дека 70-80% се намалени. Ова ми е трета менструација после породување, ќе видиме во однос на болките понатака како ќе биде,ама ова со кичмава ич не ми се допаѓа
Женски, дали знаете кога и дали исчезнуваат темните дамки и кафената линија на стомак? Толку стрииве не ми пречат, колку дисколоритетов на стомак.
Бледее со тек на време, кај мене ја снема скроз после година. Иако после 10 месеци само бледо се познаваше. @elenaklasik
@elenaklasik и кај мене линијата ја снема после година. Инаку добив менструација после 14 месеци,барем мислам дека добив. Имав мало крварење,но повеќе беше на бришење,немаше онака да си тече (малку глупаво објаснето) ама траеше 5-6 дена. Нормално ли е,има ли и други кај кои е така? Пред бременост имав ептен болки при добивање,ако не испиев апче навреме,завршував со инекција,сега ептен малку ме боли стомакот,барем така беше кога добив,ќе видиме на наредно добивање. Исто, сменета ми е и овулацијата. Чувствувам болка во јајниците и имам кафено на бришање 1 или 2 дена,нормално е и ова? Претходно не сум имала вакво нешто,дури помислив дека пак ќе добијам,а само што ми заврши.
Пред да се породам во овулација имав мини период од три четири дена кафено како два периода во медец. Секоја втора жена го имала беше одговорот. Така да нормално е. Сега немам али болки упм во овулација, кај тебе преминала мојата да ми ја вратиш.
Здраво мајки сакав да ве прашам дали вежбањето влијае на млекото?? Сакам со некои вежби да почнам амаа некако се мислам
Девојки, вчера попладне имав неколку капки крв на секојдневната и на бришење, утрово имав малку кафен исцедок на влошката а крв на бришење, дали тоа значи дека ми пробива менструацијата? Или треба да се загрижам? Да напоменам дека откако се породив не сум добила воопшто.
@Yowannty Мене ми се случи ова кога беба беше 3 месеци. Но тоа траеше 3 дена и толку. Траги крв само. Сега во февруари отидов на гинеколог за пап тест да правам и гледајќи ме на ехо ми рече ќе ти почне наскоро мензис. Ама еве помина време од тогаш и ништо. Само некои болки кај јајници ко за добивање имам на моменти. Мислам додека доиме мензис нема да ни почне барем со првата ќерка така беше. 11 месеци немав мензис само што ја одбив другиот ден добив
И кај мене нема врска со доењето, после 10недели од порагај си добив и тоа доста обилно беше. Дури и се израдував дека побрзо ќе ми спласне стомакот затоа што пред да добијам 2 дена ми беше ептен подуен како 5ти месец, и си реков ај ќе намалам некое килце ама се во место си стојам тие 6кг што ги изгубив со порагај и повеќе неможе, вишокот од 7кг ми стои. Како стоите вие со враќањето на старата тежина?