Прво колку е можно повеќе спиење на стомак, ќе покушам да ви објаснам се надевам дека вака со пишење ќе разберете. Вежба 1 : легнати на грб, нозете во позиција како да правите мост, земете воздух преку нос колку што можете повеќе, испуштаје преку уста со стиснати заби, како што испуштате воздух така го собирате стомакот колку што е можно повеќе 2. Истата позиција, рацете дланка во дланка, земате воздух рацете не ги притискате, испуштате што е можно посилно стискајте/туркајте, како да се такмичат рацете која е посилна, техниката на дишење е на секоја вежба иста. 3. Легнете на страна, нозете скупчани, ако сте на лева логично левата рака во тупаница подпрена на креветот, земате воздух опуштени, издишувате притискате на креветот што е можно посилно и истовремено го собирате стомакот колку е можно повеќе. 4. Повторете на другата страна 10 пати по 5 серии дневно
Се е во гените, мајка ми на 49 год има гради како на 20 год, големи и се ама кренати, цврсти, а не има доено и мене и брат ми и тоа на 18 и на 21 год кога била, откако завршив со доење (14 месеци) ослабев 2, 3кг и ми спласнаа, ми одвиснаа, омекнаа сега скоро 17 месеци ќе биди синко, јас вратив 2кг и градиве ми се исполнија, не ми се меки, можам да речам дека скоро исти ми се како пред пораѓај се надевам дека сум како мајка ми. Јас и мм сме задоволни Иначе стомачето над папок си остана уште, тоа е кожата истегната и мислам дека нема да се врати скроз како претходно неможам да вежбам немам време ич и плус многу ме боли половината. Многу ославев во колковите и задникот што искрено многу ме нервираше, ама сега еве пак си се враќаат и тие во нормала најмногу што ми сметаше беше ова верувале или не ко ќе се видев ко пропадната назад се преслекував
Е не ми се до толку за операција А како таква опција кај би ме упатиле? Прават во Мк такво нешто? Чисто информативно за иднина
Еј да, мајками какви гради има алал да и е кренати, цврсти а има 50ка. Добро мм ми ги сака градите, не ме остава ништо да чепкам ама знаете жени, промена тешко прифаќаме
Е да такви си сме недостатоци секој си има и си ги прифаќам моите, никој не е совршен. п.с. знаев дека ќе има вакви коментари ама сепак пишав, дан треба слика да пратам
На пластика секако. Силикони да ти ги подигнат и да бидат поцврсти. Градите се млечни жлезди и масно ткиво, мускули немаат, градниот мускул што ги држи не е во нив. Пробај со вежби, може ќе има ефект кај тебе. Барај вежби за гради или за раце, за зајакнување на градните мускули, може ќе ти помогнат.
Истото сакав да го пишам. Од вежби единствено да пробаш за градни мускули како склекови. Можно е да се кренат малку. Јас порано кога вежбав активно топки ми беа, сеа ми се спуштија.
А колку кошта тоа од прилика. Силикон не би сакала, имам видено само подигање без силикон зошто мене и онака ми се големи.
Немам поим колку чини, ама ако не ставаш силикон, би требало поевтино. Ако вклучува смалување на градите (а не знам дали вклучува), можно е да не прават кај нас такво нешто. Пошто смалувањето на градите е многу комплицирана операција од само подигање и зголемување. Пробај прво со вежби, под нож нека ти биде крајна опција.
@Annath дефинитивно, ова за понатака, за 5,6 год во зависност од градите ако не ги средам со вежби или ако не се навикнам ха ха
Здраво женски и тука Читам повеќе пишуваат за килограмите и салце или стрии лево, десно. А нигде не прочитав поконкретно за стомакот. Јас имам скоро исто кг како пред бременост но имам уште и стомаче. Некако бавно се повлекува иако сум спортски тип и вежбам кога можам но несакам да претерувам да не има контра ефект. Малиот е веке 11 + и секој ќе рече дека слободно може да вежбам ама мене не ми изгледа така. Мислам дека уште мускулите не се убаво споени за да можам да вежбам слободно. Познато ми е Diastasis Recti и сакав да прашам дали и кај некоја друга овој процес траел толку долго? Дали самиот стомак се повлекол? (пошто ова кај мене не ми личи само на сало) Или пак може е и до самото ткиво а и годините . Поздрав
Мене ми остана горе стомак над папокот, таму никогаш немав претходно, килограми имам помалку од пред бременост, ова мислам дека кожата е растегната и дека вака ќе си остани еве скоро 17 месеци поминаа си стои, насабајле немам ама штом јадам нешто одма се пушта, се дуја дијастаз немам имам мерено со прст.
Точно така и кај мене е некако високо стомакот и затоа мислам не е сало. А растојание помеѓу мускулите имам уште пола прст па чекам да се повлече и поинтензивно да вежбам. Искрено, не можам да се помирам со ваков стомак и не се предавам уште, ќе видам што ќе направам по извесно време Ти благодарам на одговорот
Се вежба и со дијастаз. Само се внимава кои вежби се прават во зависност колкав ти е дијастазот. Баш и со вежби се намалува.
Јас веќе ги вежбам страничните мускули ама она убаво интензивно вежбање со тегови сеуште неможам. Така јас ја гледам мојата ситуација , кај секоја е различно. Ама бавно оди и јасно ми е дека е долг процес , сепак нервира
Не се секирај. Ќе биде. Можеби поспоро од што сакаш да биде, ама ќе биде. Не се нервирај многу, дај си време.
Ај и овде да прашам...После царски, сте имале ли некакви компликации околу раната? Мене над неа ми се јави како подуеноми црвенило, како месото да не е мое...мн ми е страв, бев на др , панцеф требба да пијам а дојам, др рече ако, имам тт ама градиве мора да ги молзам имам грутки...јазиков ме жежи скрос бел..провен земсм...само за ранава ми е страв, да не е нешто опасно...в недела пак аум нс др да видиме панцеефотн како ќе делува...ве молам за искуства...
Тоа се случи и кај мене. Ми издишаа после доење и свиснаа. Сега ги приметувам деновиве пак се наполниле и се вратиле во првобитна позиција. Не ми се како пред пораѓај (големи гради имам од секогаш али стегнати и кренати) али не се ни лоши. А колку искукав од страв дека ќе ми бидат такви сплеснати