Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Кажете чаре за овие ужасни суви, испукани петици??? Ова со ништо не се оправа
     
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Ништо. Тоа е најголемиот ужас од бременоста кој не се решава со ништо. Не ги турпи полошо станува. Само креми со уреа 10% смирува неколку саати наредниот ден исто. Очај. Не ми се збори.
     
    На RAK91 и srekice им се допаѓа ова.
  3. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    Мачкај ги со вазелин
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    3.861
    Јас ги киснам во топла вода едно пола саат, после ги турпијам со турпија за пети што е и после им ставам крема за пети и облакам чорапи и така спијам. Сабајле кога ги соблакам чорапите се мазни мазни ептен убави :)
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Petaderm
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.323
    Пол:
    Женски
    Same here:|
    Ме просветли, не знам зашто не го поврзав ова со бременоста(facepalm) Се чудев што се задеси одеднаш...:headbang: Не дека претходно ми беа перфектни, ама ова сеа е хорор, ренде...
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.919
    Пол:
    Женски
    И моите се партал,ко да сум садела компири.

    Никогаш не би помислила дека се од бременоста.Каква врска имаат,или од самата тежина:?:
     
    На Sexybaby86, ane.bella и srekice им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.929
    Допаѓања:
    177.555
    Пол:
    Женски
    Има камен одвреме навреме го носат во лидл, мал е во кутивче убаво спакуван. Верувале или не чуда прави. И моите стапала изгледаа ко да работам на плантажа, и само купував турпии и камења и џабе беше, се дур еден ден не ми го донесе маж овој од лидл. Исто користам крема за стапала од лидл Nordic berry, за суви до многу суви стапала. И некако ова во комбинација ми е полн погодок.

    За каменот не треба ни киснење нозе ни трзање со саати. На туширање поминуваш неколку пати, многу убаво ја отстранува кожата што е вишак и задебелена. По неколку пати користење измазнува скроз. Сеуште ги поминувам стапалата само не секој ден на туширање, сега само еднаш неделно. А ги мачкам со крема обавезно после туширање.
    Кој го начека каменот нека зима, оти магичен е.

    А до тогаш секако има и други алтернативи да си помогнете, само поише време треба за нив, ама не ќе шетаме со рендиња летово на нозе. :D
    Има креми за ексфолијација на стапала, а можете и пилинг за тело да користите каков што имате по дома. Прво киснете стапала, па мачкате пилинг и пак малку да поседат така и на крај ќе поминете со било каков камен, не силно туку по малку нежно масирајќи ќе притиснувате. На крај плакнете и мачкате крема за хидратација. И така неколку пати во неделата.
    Има и маски за стапала. :D Ма се има. Не е тоа нешто што не може да се среди. :)
     
    На Sexybaby86, eta, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    @Yowannty пуштај слика од тој фамозен камен.
    Какви пети бебешки имав, сега стрсшно. Мислев после породување ке се оправат, знам @FreeMind се жалеше уште тогаш. Некни кога официјално ја отворив сезоната на одење без чорапи, хорор. Само додека имам крема се ок, некој саат. После тоа ужас.
    Го имам од Dr. School ролерот за пети, но џабе.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.919
    Пол:
    Женски
    @Yowannty имам две турпии со различна гранулација,и креми ама џабе во случајот.
    Само жилет за пети ке ме оправи,после ке одам во потрага.
    Еднаш како студентка претерав со истиот и се направив лом,па одтогаш строго на козметичар.
    Сега со бебе дома малце тешко дека ке посетам професионалец,така да сама ке се средам.Толку ме нервираат што нон стоп сум во чорапи на жешково.

    Каменот во Лидл го има повремено само ако добро те сватив..
     
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Јас и маски за нозе користам и креми со уреа и одстранувач на задебелена кожа, и турпија и на педикир бев. И се туширам секој ден и секој ден ги мачкам со хидрантна крема. И повторно се суви и испукани. Дури и на лекар се мислев да одам иако кожните се чекаат девет месеци. Мислам дека едно време и се опседнав со нозете нон стоп само тоа правев.
    Ако ти е за утеха еве после 1,3 после породување некако се понормални. Не се толку суви како што беа. Не се ни како пред бременост. Ама може да се иде на плажа.

    @dunika немој со жилет полоши ќе станат јас така почнав. Не ги чепкај со жилет и турпии пробај со камен и крема секој ден али ти сега се породи не очекувај чудо.
     
    На srekice, dunika и The Unicorn им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.929
    Допаѓања:
    177.555
    Пол:
    Женски
    @srekice сега мојов користен е, ама ваков е, мал и доаѓа во кутивка која ја имам фрлено одамна, од напред кутивката е отворена и може да се види каменот. Еве ја и кремата ус пат
    BeautyPlus_20200519123455678_save.jpg

    @dunika каменот ќе го има сега како затопли, и ја го чекам да си земам нов, а и на мајка и ветив дека ќе и земам.
    Во бременост лом ми беа цели стапала, а посебно петите и палците. Имав не баш мала колекција на турпии и камења собрано. Не дека маж ми се разбира, туку видел купил и ми го донесе каменот и јас на тоа превртев очи и си стоеше така неколку месеци. Почнав да го користам 2 месеца по пораѓај периодот кога зборевме за патики во другата тема и се жалев од стапалата, беше тоа Септември крај негде. Тогаш купив патики, собрав се што имав дома за турпијање нафрлав и овој дека нов го отворив да го пробам без воопшто да имам некое очекување. Вакви слични имав еден куп. Од одма отстранува кожа. И пошто имам претходно искуство со анксиозно трзање до крвишта :tmi: почнав да го користам на туширање по малку. Не го знам составот ама чудо од камен е.
    А оти сум цело време на нозе и сега ако не ги третирам стапалата по 2-3 недели пак се здебелува кожата на петата. Затоа еднаш неделно ги поминувам цели стапала и раат.


    Како и да е, за мртви клетки се работи што не се отстранувале постепено па се здебелила кожата, не е некоја филозофија. Со редовен третман се решава ќе се среди ич да не му ја мислиш.
     
    На Sexybaby86, srekice, dunika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Ролерот мене ми ги упропасти стапалата, се каам што воопшто го купив. Немав којзнае какви проблеми, ама после него полоши ми станаа.
    На два месеци ставам од чорапите на Балеа, Feel well, после една недела се лупи се' и мазни ми се, одржувам со редовно мачкање креми и турпија од Балеа.
    Каменов од Лидл сакам да го земам, ама нема како...
     
    На koritsaki, srekice и FreeMind им се допаѓа ова.
  14. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    2.594
    Пол:
    Женски
    Мислев само мене ми се вакви од бременоста. Џабе е што и да ставам :(
     
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.700
    Допаѓања:
    11.223
    Пол:
    Женски
    Што зборувате, жени... |( Првпат читам дека пети пукале во бременост или по породување. А стварно зошто така? Кај мене се малку суви, ама не ми се испукани. Со обична витаминска ги мачкам и толку е.
    Јас сега "очекувам" да ми паѓа косата. Кажете од кога почнува до кога трае, да се припремам.
    Поарно да ви кажам, петите да ми беа ломосани отколку свиснатава кожа на стомак, кафеави дамки на истиот, градите ми се ок, мали ми беа, не ми се зголемија многу, така што немам стрии; ии ужасниов новосоздаден целулит! Ауф :headbang: не знам како да се решам од него. :punch: ќе го пукам жими сѐ
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.929
    Допаѓања:
    177.555
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik од 3 до 6 месец интензивно паѓа во прамени, потоа почнува по малку да се нормализира.

    @dunika @srekice @Annath се извинувам на погрешна информација. :tmi: Каменот не бил од Лидл, туку од друг супермаркет - Склавенитис, грчка фирма бил. Јас бев убедена дека е од Лидл и упорно таму го чекам и листам каталози, ама сега зборев со маж и тој ми појасни, а редовно пазарува таму можев уште 100 пати да го прекупам.
    Значи може да се најде низ Грција во поголемите супермаркети, ќе го земам деновиве и ќе ви сликам како изгледа, чисто ако сакате да го набавите.
     
    На Sexybaby86, koritsaki, ocicka2014 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Петите ми е ок, ама се потам како маж, по три пати се туширам и пак јас неможам да се трпам а уште дојам, малава е 10м сака да патка,лази... А ја јадна жива вода.... Муабет да не правам кога треба да испаѓаме некаде:headbang:
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Ова по нашки е ко да работиш на нива :rofl: Мајка ми така ми вика, сум имала петици како на селска жена :(
    Јас појма немав дека е побрзано со бременост, знам само дека петиците ми се ужасни задниве години. Ми помага (на подолг период) само чорапите за стапала од типот Парасофтин. Ќе се излупи кожата и после еден месец сум раат.
     
    На Yowannty и srekice им се допаѓа ова.
  19. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    @Yowannty фала душо. Мислам сум видела и во Дм. Ке ѕирнам во Oriflame, тамо со сигурност имаше. Ке му речам на мм, тој е опседнат со негови петици :D
     
    На Yowannty и The Unicorn им се допаѓа ова.
  20. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.323
    Пол:
    Женски
    Ако најдеш, сподели каде има :)