Значи, кој зголемени стапала, кој проблем со петите... Првпат слушам и читам тука за петиве од вас. Јас мислам првут имам после бременоста. Ужасен сврб. Можда е и од стрес.
@Yowannty Во прамени?! значи да си купам една перика. Ај кога веќе паѓа, има шанса да никне нова обоена коса, а не бели влакна? А задолжително паѓа? Или можно е и воопшто да не се случи тоа?
Не мора да значи, дојам и до сега не ми почнала да паѓа косата, јас имав проблеми во бременост, имам долга и густа коса ама ми се оштети, сува ми беше, нокти имав долги мој ( сега зарад беба ги скратив) ама исто во бременост почнаа да ми пукаат повеќе. Сега ноктите пак цврсти, косата се враќа во нормала, ее само што лицево ми е ептен суво.. не помага ниеден крем, ми се лупи дури, секогаш имав сува кожа ама ова е претерано.
Мора да падне оти во бременост поради сите витамини и додатоци што ги земаме, дел од онаа коса што треба да ја изгубиме дневно се задржува подолго и после пораѓај со промена на хормонскиот статус паѓа сета коса што не паднала на време. Поради фактот што паѓа наеднаш изгледа страшно, ама истовремено расте и нова. Јас имав и претходно доста бели влакна па еве уште си никнуваат. Ама откако престана да паѓа и се нормализира ми се згусна и повеќе од што ми беше од пред бременост. Сега од бебешки влакна сум како глуварче во главата. @TeddyGrey ете ти да не спомнеше, перутот немаше да го поврзам со тоа, баш и јас се мислев оти последниов период имам многу. Па уште ако се зачешам во нокти ми останува. Во бременост коса, нокти и кожа ми беа прекрасни, дал витамините, дал од хормоните ама посебно кожата на лицето ми блескаше. Не памтам почисто да ми било. Откако се породив на секое се нафрлувам. Во бременост добив лоши пети и забиве ми сменија пигмент, ми се стемнија некоја нијанса, не знам оти така. И за тоа најмногу ми е криво.
Ако не ти паѓала воопшто во бременост, а најчесто не паѓа, тогаш сиот вишок ќе испадне некаде во периодот од 4 до 9-10 месец после породување. Тоа е нормален процес. Е сега каква ќе биде, никој не знае да каже. Мене после две бремености ми се исправи косата што ми беше благо валовита надолу, сега ми е метла права. За полесно поднесување на тој период на опаѓање, пожелно е да се скрати косата. Мене само тоа ми помогна. Нема врска дали доиш или не. Косата секако ќе си испадне ако не паѓала во бременост. Вишок има, мора да се тргне.
Качив 12 кг. После породувањето симнав 5кг дома за 1 седмица. Сега си имам уште 2 од тие 12 Ме интересира околу исхраната, затоа пишав. Дали ако вежбате и доите, првото млеко после вежбање го фрлате?
Jas za 3.5 meseci ja vrativ prvobitnata tezina,ama osekam deka ne sum ista...kako otoci da imam seuste. Stomakot mi e povlecen no visnat(prvoto mi bese csrski pa mi stoi nad linijata kozata)...mn se nerviram. Na racete si gi gledam ostatocite od salo... Nozete mi se izorani kako so plug od strii, valjda ke izbledat kako prethofniot pat... Kosata da ne ja komentiram mi paga kako luda...a imam gusta pa se tesam ne sum kelava
Оти да се фрла млекото ако вежбаш? Ако користиш препарати како топачи на масти и слично не е пожелно да доиш, ама ако разновидно се храниш и вежбаш, нема потреба да го фрлаш млекото.
Вие што сте породени со царски после колку време почнавте со вежбање и какви вежби? И дали и од кога почнавте да носите појас?
Косата и мене ми паѓа како луда каде одам веднаш се познава, оставам траги по мене.. исто и петите ми се лоши а за килажата и да не зборувам никако да почнам да намалувам откако се породив си стојам на таа бројка а еве поминаа 4 месеци дај некако утешете ме зашто ќе полудам, се осеќам дебело..
За појас, јас природно сум и носев од прв ден, брзо ми стана голем ама околу 3 недели го носев нон стоп.
Полека мајка, сите сакаме да изгледаме топ, социјалните мрежи направија да имаме нереална слика (90% сите се мачиме со килажа или па патиме по совршеното тело од пред бременост). 9 месеци си се ширела, дај си време. Ако дојш, храни се здраво, некои со доење губат, некоји намалуваат на килажа од кога ќе престанат со доење. Хормоните не ти се вратени во нормала, дали имаш воопшто и добиено до сега? Ако не дојиш, тогаш си во предност да почнош со некоја диета. Јас на пример бев нон стоп теретана и во бременост, сега немам време, а и се е затворено. Беба ја врзувам во марама и качувам скали (6 ти спрат сум), правам така чучњеви. Напорно е, не делува психички добро оваа промена ама јас и од маж ми имам огромна поддршка.
Само на доење сме но овие неколку дена ме зафркава нешто и млекото дали не и достасува па бара уште но не секој ден а ако се случува само еднаш во денот и тоа најчесто навечер.. добивам веќе два месеци по ред сега таа недела очекувам пак. За поддршка маж ми ја чува пешачам и велосипед возам по малку но некако килограмите си стојат. 13кг се поправив цела бременост а само 5-6 намалив и толку не мрда вагата, претходната недела почнав со исхрана од нутриционист но баш ми се случи тоа со млекото и ја прекинав исхраната..
Па ако си кажала дека дојиш сигурно ти направила план за исхрана што ќе то помогне и да симнеш ама и да не му штети на бебе. Јас сум 4 месеци и недела дена веќе породена,бебе исто почна да ми е нон стоп гладно иако имам млеко. Па почнавме и со вкусови, иначе не си се здебелила многу, 9 месеци се шириш,9 чекај да спласниш. Само трпение. Продолжи со активност, немаш уште многу за симнување, ќе биде се.
И јас сум како глуварче . Нова коса имам ептен,нови влакна долги по 10 цм,а старата коса ми е долга до гради некаде,па кога ќе врзам репче имам куп нови прамени. Шишките ми штрчат нанагоре,и еден куп разлетени влакна Исто и обелев многу,не дека претходно немав бели влакна,ама сега како сите што раснат да се бели,а косата ми е темно кафена,па ептен глупаво ми изгледа. Фарбање на 3 недели . За првутот,мислев дека ми е од шампон,не размислив дека може да е поврзано со породувањето и бременоста. Претходно никогаш не сум имала првут.Кожата исто ми еептен сува,и на лице,ама и на лактите,колената,дури забележувам дека на куковите кај што доаѓа бутната коска имам црвени кругови,како дамка и на двата кука,како ќе носам купаќи се чудам од што би било тоа не знам. Послаба сум отколку пред да останам бремена,формата на телото ми е сменета,ама не е лошо. Фали малку вежбање за да изгледа се како што треба,ама синко многу ме исцрпува,па уште на вежбање не му дошло ред . Менструација добив после 15 месеци Еееее,сенадевам дека влакната по тело и лице ќе ми ги снема од бременоста,ама не ме огреа тоа
Мене многу модринки на нозе ми се прават откако се породив, а особено ги забележувам во последно време. Страм ми е да се соблечам по кратки. Па и коленава од што сум цел ден на колена со неа ми се ѓон. Се бирам под колена да е должина да ги скријам.
Јас никако да се помирам со зголемени стапала и прсти на раце како ќебапи. Стари патики никогаш више нема да можам да облечам. Стапалото за цел број ми е +. Не за друго ама едни прекрасни што си купив кога останав бремена така ќе си останат. Со каков мерак си ги купив тогаш. А на прсти ни еден прстен не ми влегува. Мислев ќе се опраам некогаш, ама изгледа ваква ќе си останам.