Обавезно ке пишам. Денес ги истурпирсв со онаа од масажерот од топ шоп. И ги намачкав со Eucerin atopicontrol Инаку вакви барам. Ако видел некој да пише.
Мене ми паѓаше косата од 3ти до 6ти месец,мм не можеше да ги дособере од тепих,правосмукалката се запушуваше... Килажата ми е горе доле тука некаде,уште кило две да симнам и ќе бидам на почетната..но тоа не е се, 4,5кг се поправив во периодот кога работевме на бебе... проширено ми е телово од под гради до колкови,така што ни маици ни панталони ме собираат иако сум приближно до претходната килажа. Исто и првут ми се направи, а кога ќе се изгребам од нешто ми се прави како мачки да ме гребеле. Бели влакна си имав и уште си имам. И мене прстите на раце ми се здебелени и не ме собираат прстените и петите ми се суви со лушпи. Покрај се ова имам и флеки по лицето, имам "некоја кожна болест" покрај уста ми пука и ми се суши кожата во форма на круг, а во носот ми излегуваат мозолчиња. Ова ми е заработка од бременоста.
Петите, првутот, косата, килажата, целулитот ќе се средат ваљда... Мене најмногу ме мачат стриите и свиснативе гради Си гледам стари слики од пред бременост и ми се плаче...
Дечки после супер глупиот misunderstanding пратив маж одма да ми земе нов камен и воала Си земал и за него златниот Грчки производ е, па со оглед на тоа што во МКД 90% се грчки производите по маркети можда и таму да го има, ако не кога ќе нападнете летово овде го има по супермаркети. Фил да меџик. Кога веќе сите се жалите, кажав дека забите ми се најголема болка од бременоста, друго за што ми е мака е стомакот горе. Со царски сум и стомакот ми се врати во нормала уште во болница дур бев, ама првите месеци лапав благо и пак се напраи ко труднички. Ама тоа на страна, туку делот од под градите до пупак. Кога ќе седнам како да имам 2 пара цицки. Дали за тоа постои шанса да се собере?!? За градите не се секирам, кога ќе завршиме со раѓање и доење ќе идеме на "интервенција" за поткревање.
Titania ги има во рамстор. Каменот за Пети по аптеки а третиот не знам. Јас петите ги спасив со невен крем од зегин. Телото ми е вратено плус дека вежбам немам траг и глас од бременоста. Но градите ми се болна тема. Дојам и нигде ги нема Кога ќе одбијам бебе јајце на око. Можеби и без жолчка. ќе се корегираме
Ooo маките си ги кажавме Се чудев заштo ми се такви петиците, ми се враќа филм и вo бременoст ми станаа па пред пoраѓаj oдев да ми ги средат. Сега пак се исти па oд време на време ќе ги средувам ама некакo слаба страна ми се (ме мрзи) ,а и време треба Килoграмите oстанаа, се тешам дека ќе спуштам oд кoга ќе дoбиjам. Купив oрбитрек и веќе активнo вежбам секoj ден пo 30 мин oтидoв 5 кг надoле oстана уште некoj...нo пак се oсеќам какo раштрафена ама уште се jадам oсвен леб и благo Мислам трудна бев пo стегната дека сo стoмакoт напрчен напред па другo не дoаѓаше дo израз Кoсата се намали сo паѓање нo сеуште паѓа. Наjмнoгу се нервирам штo лицетo ми е какo вo пубертет
Да, знае дека се доиме но рече дека можеби му доаѓа како стрес на телото и затоа така реагира. Можеби период е тоа со гладот, а не сме почнале со вкусови. Со активностите продолжувам но трпението одвреме навреме го губам..
Почнав да вежбам после 7 месеци, пилатес. На контрола кога бев ми кажаа дека можам и порано, ама немав потреба. Појас почнав да носам после 1 месец.
Од medicus help. Не знам дали ми помогна појасот или сам ми се повлече долниот дел од стомакот, после некое време. Не го носев често, кога ќе ми текнеше го ставав.
Мене ми стојат кг плус 10 сум..ужасно ми сметаат ништо не ме собира. Цела бременост лежев на патолошка мислев дека мечка ќе бидам. Немам циклус 3ипол месеци, дојам, косата не ми паѓа ми паѓаше во бременост. ( обратно е кај мене ). Влакна на лице и стомак дупло заработив од утрогестанот цела бременост пиев. Мислам дека има време да се избалансираат хормоните, децата се најважни моментално да им се посветиме.
Аууу влакната на стомак и целулитот сега после пораѓај што ми се појави... Не знам дали ќе се помирам некогаш.
Мене пак влакната после пораѓај ми паднаа хахах, машинчето за депилација 'рџа фатило . Коса не ми паѓа ама лице суво-шмиргла, пошо и предходно си имав јас суво лице и користам гел за миење лице од Biotherm и крем од Авен за атопична кожа.. ни тоа не помага. Не знам што да правам ужасно ме нервира. Иначе пред да останам бремена киснев по теретани, грам целолит немав, едно струкче тесно милина, во бременост вежбав, стомак немав голем, до 8 месец се држев ама последнатите 2-3 недели наеднаш качив на кг, а стомак тек пред пораѓај ми скокна, се во нозе отиде иако сум 173 висока пак бев ѕвер. Со 65 останав бремена, со 89 на пораѓај, со 80 дојдов дома, 2 месеци не бев мрдната на долу, стомакот ми се повлече скроз одма ама пусто нозете и колковите... паднав на 75 за месец дена, а од ло добив конечно за точно 10 дена уште 6кг смакнав. Маж ми вика вака сум поубава, сум била поженствена него зврста ептен хаха ама ајде убеди ме . За то што сум одлучила имам поддршка. 4 месеци поминаа ама со оглед на тоа колкава бев задоволна сум. Беба ми цица,па ни на крај памет не ми текнува некоја диета.
Како се осеќате по пораѓајот , особено со царски? Јас еве по 3 недели, се осеќам многу расеано, како да не можам да се приберам. Навечер си пијам по едно б6. Имам слаби болки во половинава (мислам од спиналната), грбов горе ме боли од некои позиции на доење, ранава ми заздрави само осеќам како торбичка да ми тежи, го кревам малиов ама ми иди и да седнам по неколку шетања низ дома, на лицево уште сум како бледа , се осеќам дека сум ослабена. Сега како врви времево закрепнувам, инаку како ветрушка се осеќав. Мн сум емотивна на моменти, секој миг гледам да одморам и дремнам штом малиов спие и тоа ми иди многу убаво...Можно е да бев западната во некоја послаба нијанса на постпородилна депресија , а и дека воопшто не сме од дома излезени...И уште ова, осеќам како кашлица слаба, тоа уште пред да не пуштат од болница. Не можам убаво да се наксшлам од операцијава. Не знам дали е некој постпородилен синдром или нешто сум настината....
Мајки да ве прашам околу менструацијата после пораѓај. Прв пат ми дојде после скоро 4 месеци, уште дојам така да верувам дека тоа има удел околу враќање во нормала на хормоните. Вие што сте доеле, за колку време ви се стабилизира циклусот после првото доаѓање, ако е се нормално требаше да добијам овие дена ама не, па ме интересира повеќе околу тоа, не сум баш запознаена.
Секој организам е различен. Јас добив после 3 месеци од породување. И редовно си беше одма. Доев до годинка кога беше малата.
Јас добив после 9 месеци. Пред пораѓај добивав на 28 30 дена, сега на 35 38 дена. Освен ако не си бремена, тогаш мислам дека е нормално затоа што доиш и хормониѕе не ти се вратени во нормала.