Зависи колкаво ке е бебето. Другарка скоро се породи со второ бебе кое се роди покрупно од второто. Ја сецнале и првиот и вториот пат, ама кажа дека вториот пат било помачно, целиот пораѓај општо. Друга познаничка со трето не ја сецнале ич ама и бебето било мало.
Сестра ми не ја сецнаа, ниту испука. Никакви болки немаше после. Вика да не беше бебето, немав чувство дека сум родила. Нејзе ептен и се погоди. Во болница стигна 8 прсти отворена, за пола саат роди. Вика да знаев дека е вака 3 ќе родев до сеа. Еве тазе бремена е со второ, а внука ми има 14 месеци. Ако ти покажам како изгледаше кога излезе од болница, после ден ипол, ќе речеш оваа отишла да си одбере бебе и да си го земе дома на готово
Off jas ne... So prvoto carski. Vtoroto me secnaa no ne mnogu,ne mi smetase sienoto. So tretoto malo bebe bese (2940 )no ispukav premnogu i ne mozev da si sednam raat. Dva pati me sieja ne znaeja od kade tece poveke.. Se zaboraviv na boks 4 saati. Nema pravila taka da ne se zamaraj pred vreme psihicki.
Јас две родиво( 14 и пол години разлика) и двете филмски. Без сечење и пукање. За синко немаше, а за ќерката сега не сакав ни епидурална да ставам. Поминав ептен лесно. Што вика @Nade-sunrise кога излегов од болница како на викенд да бев. Комшиите прашувале да не е грешка. Не се замарај мисли позитивно. Јас кско што си реков дека Супер ќе поминам, за 2 часа ќе родам така и беше
Јас поминав без сецкање, без пукање, без шиење. Мене ме печеше искрено недела дена ми беше страв да мочам, за бришење да не праам муабет ама кратко траеше.
Мајки помош... Се потам ко свиња, веќе 11м како сум породена потењето не се откажува од мене ми се смачи по 3-4пати се туширам јас неможам сама да се трпам ами малава ја доам уште гревота е да ја допирам на мене така, сега среќа со коронава сум дома ама да почнат градинките и ја тргам на раб а таму нема туширање кога сакаш никој не е должен да ме трпи(размислувам за отказ ради ова)... Кај кој/каков доктор да се обратам за ова.. Гиниколог, општ...
На пораѓај отидов со 98кг. Дома кога се вратив имав 94. Веќе една 10 дена сме дома и јас суѓ 86кг. Два дена по ред се мерам ниту грам немам симнато. А со царски сум породена и слабо движам..
Јас не би. Се што ке изедеш и испиеш оди во млекото. Сигурно и што ке намачкаш, па зошто да ризикуваш?
Точно дека што ќе изеде и испие оди во млекото, ама како може тоа што ќе го намачка да штети не разбирам? Освен ако не употребува на градите се друго ми е нелогично.. еве јас мачкам на нозете крема за стрии, како би можела да штети на бебето при доење?
И јас би сакала да знам дали преку кожата доаѓа до млекото зашто лицето ми е катастрофа, цело со акни претпоставувам од хормони и страв ми е било што да користам. Ве молам за предлог за нешто ефикасно.
Прашај педијатар, ќе ти објасни. Иначе повеќето креми се впиваат во масното ткиво под кожата и намената им е да го разградат, а со масажите додека ги мачкаш се размрдува и топи, а во масното ткиво се таложат сите токсини што организмот не може да ги исфрли. Со разградувањето на масното ткиво при користење креми за целулит, сето она што се ослободува при масирањето оди во мајчиното млеко. Ова од педијатар ми е кажано. За креми за лице не знам.
Па антицелулитните креми немаат добар состав, сето тоа се хемии. Ако влегува под кожа да го стопи (или што и да му прави на целулитот), логично е и во крвта да влегува. Плус имам запаметено дека не се препорачува за време на бременост и доење, така пишува на самиот гел. Гел за болки, блокмакс, не смее за бременост и доење, во аптрка ми дадоа на база на магнезиум. Баш ке проверам кога ке одам во дм.
Јас од болница се вратив послаба одкога останав бремена за 3 килограми, но стомак имам од операцијата ќе почекам до 6 недели да видам што ќе ми рече докторката за користење на мидер или појас.
Добив на 41от ден Стварно мислев барем летото ќе ме поштеди од улошки ама ништо. Е сега, многу ми е чудна дури не сум веќе сигурна дека е менструација. Многу е оскудна, скоро чиста ми е улошката. Дали и вас ви беше ваква првата и дали е нормално што добив толку брзо?