Можно е и да немаш добиено. А може и е добивање. Јас пишував некаде низ темиве дека после месец и пол од породување пак прокрварев, два три дена, и престана. И еве ме, 9 месеци уште немам добиено. Со првото дете крварев некои 50 дена (не секој ден) а со второво мислам дека два месеци.. може и на два и пол уште се случуваше да прокрварам..
Јас крварев три недели и следните две недели имав само некој жолт воденест исцедок и толку. Претходните денови имав секрет како чепот што ми падна пред пораѓај и вчера наводно добив. А еве сега ми текна дека и лицето лом ми беше, баш се зачудив зашто ми се нафрли цело, значи може да е менструација. Ќе одам на гинеколог до крајот на месецот. А таков жолт секрет дали сите сте имале?
Јас после 4 месеци добив, најнормално, без болки, точно ми иде сега и ми трае како предходно 4 дена. Нема правило кога се добива прв пат ако доиш.
Рано е мила, јас после 4 месеци се вратив на старо, од кога добив наеднаш спласнав. Конечно старата облека ме збира, само што не сум толку стегната како предходно ама беба не ми дозволува ни 5 мин да одбојам за мене.
Породена сум природно пред 3 месеци, без некаков проблем, имам зарасната епизиотомија, килажата скоро ја вратив на старо, без вежби, од доењето најверојатно. Се сум ок, стомак ко што ми беше, може малце помек, единствено имам проблем, некогаш неволно испуштање гасови. Читав дека е чест проблем и дека поминува со тек на време но ме загрижува ако не се повлече. Дали некој има слично искуство, мислење? Поздрав
Со двете деца истото ми се случи на 40 дена. Крварев 2-4 дена и престануваше. Со прво дете потоа добив после 5 месеци, со второто после 3. Добив мислење од доктор дека се дочистува матка. А жолтиот исцедок е нормален, баш е објаснето за овој период кој се нарекува пуерпериум. Ми се случува и мене. Решение е само Кегелови вежби.
Сите што претходните страници пишувавте за проблем со петици, земете си парафински чорапи од дм и ќе ви се средат
После колку време од царски рез може да се вратам во теретана? Имам многу лош стомак останато и нозете бараат затегнување, сакам да почнам да вежбам... Ама не знам дали смеам, вака добро се осеќам не ми претставува проблем раната, секоја вечер пешачам по 3-4 километри, ама сакам да вежбам ... Од пораѓајот има минато 25 дена..
Рано е. Викаат до 6 месеци не се вежба после царски. Пешачи,движи се но рано е за вежби. Плус теретана со ситуацијава не ти треба. Ке се вратиш во нормала
Какви бе 6 месеци.. Немам толку време... На контрола кога ќе одам кај матичниот после 40те дена ќе прашам. Дома си имам мини теретана нема да е проблем по 1 саат да си издвојам, ама 6 месеци многу некако... Пешачењето ми е потешко кога треба да го оставам малиот на чување, а дома ќе вежбам и он ќе ме гледа легнат во релаксатор, таков филм си имав направено...
јас бев бетер од тебе. Исто вака изреагирав. Пробав на 2 месеци ме болеше цел стомак. Работано е внатре. Најдобро ке ти објасни докторот кога ке одиш. Сега за почеток ако не го доиш почни на режим на исхрана ао пешачење. Ако го доиш од доењето ке имаш многу помош за слабеење. Само не јади демек дојам и не пиј боза ако имаш млеко секако ке имаш. Умерено. А и сегаке почниш да губиш тежина таман за некој месец има да се стегнеш авион да бидеш. И мидер стави
Дојам, ама ќе морам да прекинам. Си одложувам демек ај првите две недели ќе доев само, па ај до 4 недели, ама до 40 дена максимум ќе биде, после веќе нема да можам да одложувам. Инаку не ги правам тие глупости, ни боза сум пиела ниту јадам како вол, ама килажава си стои и ми е страв да не се покачи..
До 6м не се вежба, односно не се прават вежби кои ги оптоваруваат многу стомачните мускули. Јас орбитрек се залетав да вртам... немаше 6м мислам, кога ме фатија страшни болки во матка (стомакот кај што сум сечена), не помислив на вежби пак. Треба плус природно да си се врати се во нормала, после вежби... само може проблем да си направиш. Кај се брзаш.... Не се топи тоа туку така. За таа кожа, ни стомачни не се спас, само време треба за да се врати и ке се врати не се секирај. А стварно зашто брзаш? И зашто нема да доиш?
Морам да се вратам што побрзо бидејќи од бременоста ми се влоши состојбата со ‘рбетот. Имав сколиоза, па од зголемената тежина и товарот влошен ми е аголот на искривување. Морам да почнам и физикална терапија и лекови кои не смеат да се земаат за време на доење бидејќи болките се повеќе ми се влошуваат. Јас не послушав и мислев ќе ми се намалат болките и се уште не пијам лекови бидејќи дојам, ама нема да можам уште долго вака. Физиотерапевтот ми препиша помагало од 10 000 ден од медикус хелп, ми земаа мера и веќе го изработуваат.. Ако не спречам на време уште поголемо искривување може да завршам на операција.. Истото ми го кажаа и на 15 години, па со физикална терапија се подобри работата, кога останав бремена 100 пати ми се повтори да внимавам на килажа, ама и тоа не бидна и сега веќе нема назад. Мора пазење..
Истата дијагноза ја имам и не брзав со слабеење.. висока сум 180цм. Да од тежината имав мака на колкови, но на рбетот не толку. Не брзај, неможе туку така да се искриви бетер, носи помагала и слабеј здраво. Од нагло слабеење, крвта ке ослабе, кожата неприродно се собира и како и да е ке остане... треба време навистина за да се собере. Викаат 9м му треба на телото да се врати во нормала (колку што и траела бременоста). Јас 30кила првата, втората 16,17 качив, бетер искривување немам, исто е како што и беше од мои 14,15год. Ке вежбаш после 6,7м, сега не вечерај само, не јади благо, тесто не, овошје од сабајле за да убрзаш метаболизам и ке видиш како секоја недела ке летаат по 2кг. Здраво слабеење ти е 2кг макс неделно. Плус доењето многу слабее, цицаше синко само и плус калории зимаше... Јас до 1ви род на маливе скроз се вратив, со малата дури и претерав... 67кг бев (толку последен пат во 7,8мо одд имав) 70 на 180 ми се таманка.
И јас имав сколиоза и носев корсети, идев на вежби... Не сум скроз исправена, а и гинекологот ништо не ми рече освен во 7ми месец ако ми тежи стомакот да си купам појас. А кичмата ме убива од болки, кога го бањам после тоа одмарам еден саат. И јас сакам да ослабнам ама прво дојам, второ кога прочитав што се може да ми се случи од вежбање но, но. Ќе си почекам, сега сум му посветена на него.
И јас не слабеам затоа што јадам глупости. Сакам да јадам благо и чипс и сега оф леле. Да јадев нормално до сега ке ослабев и ке имав супер линија. Доење никогаш не би прекинала заради физички изглед. Или да не ми виснат цицките. Или заради тоа што сакам да спијам ноќе. Или да не е толку приврзан и да можам да шетам повеќе. Пресреќна сум што можам да дојам и никогаш не би му го ускратила. Мајките кои не можат да дојат нека не си ставаат на срце. Како што кажа @Kaetana во една тема, ако направиле се за да дојат успешно и не успеале, браво за нив. Така требало да биде. Ама при млеко да ги одбивате бебушите затоа што имате прехолеми очекувања НЕ. Нема вечно да цицаат и да бидат мали. Телото 9 месеци постојано се менувало, не може да се врати назад за 9 недели. Тоа што го гледате на инстаграм е лага. Маркетинг.
Она е една од ретките. Секако, на 1000 жени, една ке има среќа да нема вишок кожа, стрии, да се врати во нормална состојба за два месеци. Ама останатите не треба да се нервираат заради телото. Мислам дека нервозата доаѓа од очекувањата. Јас мислев дека до првиот роденден на синко ке бидам рамо до рамо со Катарина, ама во реалноста сум висока верзија на Катица.