Јас никогаш не сум била цела во мускули, ама едно време бев нормална. Тежина според висина, кожата затегната, целулит малку ама ништо страшно. А сега сум леле леле леле. Се тешам дека сум млада и кога ке престанам со доење ке почнам со диета и орбитрек и ке ослабнам.
Здраво на сите, Ви посакувам на сите да се вратите што поскоро на старата килажа, јас успеав после 9 месеци од породување, дури сега сум и послаба пред да останам бремена. Првите три месецци не ослабев ни грам, а многу пешачев секој ден со бебе, многу се разочарав и изгубив надеж. Затоа не очајувајте само трпение и упорност. Инаку вежбав од после третиот месец од породување, ама нередовно.
Природно или царски си? И какви вежби правеше? Јас моментално не сакам да се погледнам во огледало, како секој ден се повеќе да се дувам, стрии ми се појавуваат (во бременост немав ниедна) и стомакот ми виси. Ужасно се осеќам, ептен изгубив самодоверба. Качив 15кг, а ми останаа уште 5кг за симнување ама телото скроз ми е сменето.
Јас сум вратена на старата килажа ама телото ми е ко што кажа ти пред некој ден-пача. Не знам кога ќе ни дозволат да вежбаме дека сме со царски. Јас имав во план да вежбам по дома додека бебето спие ама тоа нема да биде во блиска иднина. Немаме никаков ред фатено
Знам дека не треба да се споредуваме со познати личности, ама ја најдов сликава од Емина, после 30 дена од породување еве ја во теретана со бебето. Прво си помислив да не е природно породена, ама истражив. Со царски е и таа, па еве вежбала. И многу мотивирачки текст напишала. Ќе го запнам докторот јас ќе го прашам дали смеам, ако каже да, веднаш ќе почнам.
На сликата се гледа колку е слаба, не ни имала нешто за слабеење, може 'пешачела' на лентата за трчање или може ја ставила сликата за лајкови. Слушај си доктор.
Па реално и јас да имам дадилка за бебето и да сум наспана може и ќе вежбам за 30дена. Не се споредувајте со славните личности, имаат еден куп помош. Готвачи, чистачки, дадилки, тренери...
Мене не ми е проблем тоа, туку дали смеам заради раната.. Бебето ќе го причува мм на саат време не е тоа проблем.
Има разлика од царски до царски. Многу фактори. А Емина со сликава дали воопшто вежбала или пробува да остави инстаграм впечаток дека дури и со бебе вежба, и е мултитаскинг тоа е стварно дискутабилно.
Природно сум породена, правев пилатес вежби, а и скокав на јаже. Исфрлив леб и благо,а и пивце зошто си пивнував скоро секој ден по една чашка. Те разбирам зошто и мене ми беше падната многу самодовербата, се разочарував кога ќе се видев во огледало. Последниот период наеднаш се стопив, имав изгубено секаква надеж дека ќе ги облечам старите алишта. И јас имав качено околу 15кг во бременоста. Не се разочарувај, само напред, пополека ќе дојдат резултатите
Девојче, мене природно што сум породена ми рекоа не смеам 6 месеци трчање и скокање да помислам, не па со царски. Дај си време, не знам оти брзаш, па мами си. Ќе се вратиш во форма без гајле.
Исто, секој ден 2 саати теретана тепав, трудна до 7ми месец теретана. Сега неам време за вежбање т.е беба е залепена за мене цел ден, а не спие. Која разлика јас пред бременост и сега... ама ќе биде.
А морам да се пофалам дека не издржав до контрола и имав секс вчера скоро 8 недели по пораѓај Прашував тука, па си викам ајде да ве известам. Првите 5 секунди болеше малце и после беше топ. Како порано. Добро, боље беше зашто сеа со бебето сме позаљубени Само брзински завршивме зашто почна да плаче беба. Заебано било со бебе, ептен треба да се погоди моментот, да се поклопат многу коцки.
Е тоа е тоа што го имам зборувано и претходно. Лажни слики кои нѐ доведуваат до преголеми очекувања. Не дај боже да си направите здравствен проблем, кила и што не. Ама гледајте Емина кога демек вежбала. Жени, ало, свестете се! Телото ви створило и одгледало човек. Дајте му време да закрепне малце.
А тек кога ке почне да лази, да се исправа, да оди. Едвај ке чекаш да заспие и конечно да имаш секс а ке си преморена.
Леле можам да замислам И сега бевме уморни и неспиени, еве го пак со грчеви и втор скок и се молевме еден со друг кој да биде 'горе'
Доволно време поминало, јас бев на контрола 40 дена после пораѓај и гинекологот даде зелено светло за односи
Ич не се сппредувај Емина може 60кг била во бременост. Не сме сите исти. Јас со 53кг почнав бременост еве по мои математики 67-68 да завршам и ја не морам после ни да слабеам ни да вежбам ни ништо. Т.е. со малце пешачење, одма ќе симнам вишок во тоа сум сигурна. Ама тука кај мене игра улога гени и брз метаболизам а не се пазам. Така да не се замарај и споредувај воопшто она е слабичка отсекогаш сигурно 6 7 кг само се поправила. И можеш да вежбаш ама не стомачни туку треба да ти каже тренер кои вежби да ги правиш и истите нема магично да те ослабат за 1 месец пак ќе ти треба време. А ако доиш секако ќе изгубиш килажа. Не се замарај