Јас едвај до кујна го земам кафе да направам, не па да идам со него да вежбам. Али Емина сигурно до спалната има теретана дома.
Дали знаете каде можат да се најдат тегчиња за вежбање по пристапни цени? Во џамбо немаше, а во спортските продавници беа скапички.
Јас скроз заборавив да си закажам за мене контрола и ќе одам дури сеа во вторник. Се надевам се е ок.
Има во Џамбо, завчера бев. Одма десно од влезот се. Не се класични тегови, туку како држачи за рацете, по кило и пол беа.
Внимавајте со вежбањето. Посебно тие со царски. Јас се залетав бебе коа напуни 5 месеци со интензивни тренинзи демек да слабеам. А цел живот пред бременост вежбам а за време на бременост идев на јога. Сакам да кажам активна бев не бев улежана. Стомакот и раната ме искинаа од болка кога почнав. Мислев раната ќе ми се отвори. И пази ме болеше и не прекинував. Паметот ми беше у слабеење само. Па фати коронава и прекинаа тренинзите. Којзнае што беља можев да си направам... Сепак секое тело е различно но пред да почнете да вежбате советувајте се со доктор.
Каде можам да најдам мидер да не е многу скап? Само да не е од пазар немам каде да пробам таму , а не сакам така на непробано да купам Ми кажаа да барам некој да не ме стега премногу на стомакот
Види во Сара Фешн, имам гледано пред некоја година, околу 500 ден беа. Не сум сигурна, ама мислам на Пенти беа. Или во Бонати, и тие се со ок цени, само со ситуацијава не знам дали е дозволено да се пробува.
Автоматски почнав да губам на килажа. А јадам и повеќе одколку кога бев бремена. 3ипол месеци сме а имам едно кило и помалку од старата тежина. Мислам дека тоа е индивидуално кај секој организам.
Само јас сакам да се здебелам изгледа Останав бремена со 54 кг, се здебелив 11кг и имав 65. Од болница се вратив со 58, а за месец бев пак 54. Не се свиѓам толку слаба сега, дури и подочњаците бетер се познаваат Јадам како дупната и пак џабе.
Не смееш да вежбаш минимум 6 месеци со царски рез, 100% ти го кажувам ова. Глеј си го здравјето жено, прво и основно ти е тоа, зошто толку брзаш не ми е јасно? И јас сум 3 месеци породена и не можам да вежбам уште, чекам барем уште месец дена па да почнам, ем со природен пораѓај а за тебе па да не зборувам. Уживај во најубавите моменти сега додека пркне малку бебе па после ќе почнеш да вежбаш, за се има време не се секирај
Јас еве до утре 8 недели како сум породена се вратив на старата килажа значи симнав 13кг ама кога се гледам во огледало воопшто не изгледа исто телото со истите кг пред бременост и сега...
Јас со пораѓајот ги симнав сите што ги качив цела бременост а еве денес 8 дена од пораѓај јас сум -2кг. Апетит нула, јадам од што морам и се со сила. Ништо посебно од храна не избегнувам освен она што читам дека може да направи грчеви кај бебе
Не си сама ја сум 6ти мес исто како тебе почнав со 53-54 до сега 9кг иам качено и се надевам дека нема да си ја вратам килажата после пораѓајот здравје
Морам да ослабам. Уште пред 5 години ми е кажано дека не смеам да качувам килажа, а во бременоста доста се опуштив и сега ги трпам последиците. Се плашам да не стане посериозна работата..