Никогаш не би осудила мајка што одлучила да не дои. Но, тие што мислите дека само градите ја менуваат формата со доење хаха. Ај ке зборам за мене, а не генерално мада мислам дека кај повеќето се случува. Прва промена во бременост ми беше кај градите, одма пораснаа и целите се направија со стрии. Се здебелив, кожата ми стана сува, косата залепена за глава, стрии, целулит, одам и се тресам целата како желатин, акни итн итн. Ако мислите дека само градите се жртва се лажете. Веројатно си мислите 'Да, ќе се здебелам ама ќе ослабнам, а ако дојам градите губат форма и тоа е тоа.' Не. Целото тело ја губи формата и никогаш не е исто. Затоа реков освен ако си Катарина Ивановска затоа што она внимава и на најмал детал зашто од тоа го вади лебот и плус генетика. Доењето е најмал проблем. Дај боже само градите да губеа форма. Што со белегот што го имам од царски и стомакот што ми изгледа како некој со секира да ме удрил? Цел живот се менува кога имате бебе и за мене е најубавата промена и одлука. За некој не. Така да, ако не ги сакате тие промени правилното е да немате дете, а не да не доите.
Се согласувам, посебно со последната реченица Ретки се тие што не трпат промени во телото, а и генетиката е пред се Така да коментарите/ советите од двете "девојчиња" ( претпоставувам) многу ми засметаа тука, нека се вратат за некоја година да пишат кога ќе имаат деца, засега нека си ќутат, оти врска немаат колку е битно доењето за детето, врска немаат како е да имаш дете.
А кое убаво тело без стрии, целулит, надвиснати гради, лузни . .. е поубаво и поважно од моментот кога бебе ти заспива на града и со тие рачиња те гали ( понатака читај драпа) по градите. Ти и градата му си се на овој свет. "И за да бидам во топ да недојам бебе"- нема шанса. Апсурдно ми е барем мене. Да бидам топ за мене значи да сум здрава и жива за да можам да си ги гледам децата, а не да имам тело како некои фотошопирани манекенки. Да, внимавам на исхраната, јадам здраво, дури и вежбам кога можам, но до мера која не го загрозува млекото и се друго на мене што им е потребно на моите деца. Бидејќи им сме потребни не само како бебиња туку уште повеќе понатака. Рака на срце за мајки кои од други причини не дојат, ама да им се скрати млекото заради некое килце, не оправдувам. Инаку јас отидов на пораѓај со + 9-10 кг. Се вратив со +5. Првите недели ослабив, но за повеќе млеко си ставив + 3-4 кг и до 4 месец бев иста како за на пораѓај. Почнав редовно со вежби, здрава храна, пешачење и сега сум како пред бременоста. Но уште дојам бебе. Не се оптоварувајте посебно на почетокот. Треба време да помине. Не сте ги ставиле кг преку ноќ, па така да ги симнете. Кога ќе почне бебе да трча сами ќе се лизнат.
Спречување на доење намерно без здраствена причина е грев. За да останат градите во првобитна состојба или за да може мама да шетка... Тоа е дадено од природата, цицето покрај имунитет за цел живот му е се на светот на бебето.
Реално кој како сака може да прави 21 век е не е една илјадници се што едноставно не сакаат да дојат. А највеќе не дојат затоа што не знаат како. Во врска со имунитетот имам забелешка од личен пример. Внук ми е на АД од прв ден на сестра ми не и дојде млеко (кога читам во групата доење сфаќам и зошто но тоа е друга приказна). Детето израсна со Аптамил иде во градинка и од цела група само он не фаќа грипови настинки не е мрсулав не кашла. Јас поздраво дете немам сретнато во градинка да не се разболиш. Во овие 5 години сестра ми ни еднаш не била отсустна од работа да зима боловање ради детето а кога имал темп тоа било 2 3 дена и одма поминувал на нога што се вика..Така да не е репер ако доено да има посилен имунитет
Сите ние сме различни и имаме различни мислења, но во глобала мислам дека на секоја мајка во прв план и е бебето, пред изгледот и пред се друго. А дури не роди една жена не знае какво чувство е тоа. И јас сум гледала бебиња од блиски слатки ми биле и се тоа, но кога го родив тоа чувство не се опишува, се заљубив на прв поглед. За жал се роди предвреме па имаме проблем со доењето, но се молзам и му го давам, а во меѓувреме се трудиме двајцата да научиме да цицаме. Кога фати со силиконската брадавица и цицаше некое време јас се стопив од среќа, ми се чинеше дека се поврзуваме уште подобро.
Бебе за некој ден прави 9м, а јас од скоро се вратив на старата килажа со која останав бремена. Телото воопшто не изгледа исто, не можам да облечам ниту едни шорцеви,ни панталони. Јас и пред бременоста бев поправена некои 5кг, во периодот кога во глава ти се мота само бебе и зошто уште "не се фаќа" не те интересира ни тело ни ништо друго. Инаку дојам и ќе дојам до година а може и повеќе. Ја гледав на инстаграм мојафитнесмама, дали дава некој распоред за исхрана,вежби? Бесплатно или се плаќа нешто? Гледам добри резултати од девојки пред и потоа. Некаде фебруари,март почнавме со мм дома да вежбаме,вежби од апликација ,ама кратко траеше 2,3 недели и баталивме. Мора нешто да се преземе,криво ми е толку алишта ми стојат,купувам нови
Земи си oрбитрек какo мене 30мин на ден дoдека баткo спие. Пoзгoдна сум сега негo пред трудна да бидам. Целулит снемав, стoмакoт ми е скрoс пoвлечен самo малце да гo стегнам треба.
Мајки, дали некоја од вас носи поголем број чевли? Денес извадив едни рамни сандали од прелани и кога ги облеков цврц, мали ми се. Лани нозете ми беа отечени и воопшто не ги носев, а и кога ги купив ги носев кратко, два три месеци.
Моја фитнес мама има програми околу 2000 ден. Дава план за исхрана и вежби. Ја следам јас доста време , иако немам уплаќано.
И јас помислив еднаш,му спомнав на мм, ми вика ау сакаш нова закачалка Да можам да најдам негде на старо,арно ќе биде
Мајки, дали ви опаѓа косата после породувањето, може ли нешто да го ублажи паѓањето и колку трае ова? Еве една недела како почна да ми паѓа и тоа во големи количини, неможам да се ислешлам ниту да ја врзам на раат рацете се полнат со коса секое поминување Кога се погледнав во огледало од блиску гледам немам коса напред а имам и ситни проникнати влакна Бебе е за неколку дена 3 месеци и ја дојам.
Да, паѓа и тоа многу, нормална појава. Мене ми се преполови после двете деца, еве со второво тек сега престана да паѓа колку толку (бебе е 4+). Ќе се обнови, не се секирај, после ќе бидеш со нови влакна еден куп, секое своја политика. Антени колку сакаш, па за тоа ќе се жалиме
И мене ми паѓаше од 3ти до 5-6 месеци. Џабе се нервираш,џабе и ќе пробуваш било што,додека не помине само од себе. Јас од страна имав дури како дупки. Сега откако пораснаа фрчат антени на сите страни Имаше пишано една членка дека и помогнало самодрастично шишање кратко.
@Sexybaby86 @Sofi.ja Ако продолжи вака и јас ќе останам со пола коса или повеќе. Јас ја пишав кога бебе беше месец ипол, ја скратив и проретчив малку...
Јас. После првата бременост ми се зголемија стапалата и не ми се вратија во нормала. Чевли кои ги носев тогаш, едвај ги ставам сега. Тогаш ми биле комотни, сега ми се тесни.
Исто и јас. Сите чевли ми беа 39, сега не можам да ги облечам, 40 купувам. Не сум била единствена. Чизмите така така, патики разносени уште ги носам ама нови поголем број морам.