Xaxaxa a jas planiram da kupam dva para havajki posle mazmi ke gi nosi I 3-4 maicki so preramki likra I posle ke mozam da gi nosam,ova za po doma posto ne planiram da iskacam A za zimava imam od trudna rolki ,helanki,tirolki samo kaput ke mi treba
Лелел браво, алал да ти е штом почна, од каде ги зема и колку пари? На Фб страната имаат и пишува цени ама не знам по аптеките ги има ли и дали се иста цена како што ги пишува и на интренет?
Не, не ја дојам , од 4месеци се доевме, затоа и се запнав за слабеење на побрз начин, дај Боже само да ми успее.
хахахаха колку ме изнасмеа абе лека полека ке ослабниш не се секирај, и јас се мачам по малку јадам и се и тука па тука никако да мрднам едвај некое кило у пет месеци, а за тој период требаше да се вратам во форма веке ехеееее. Само ме интересира дали доилки можат да пијат хербалаиф? за слим лаин знам дека не бива ептен е вештачко а хербалаиф викат се било природно па незнам дали смеат доилки или не.
Сењорита општо познато е на темиве за диети дека многу го фалев ХЛ, но сега фрлам со камења по него, од проста причина што откако симнав 17 кила вратив 21, у плус 4 кила отидов, да не зборам за целулитот кој и покрај килажата никогаш сум го немала во изобилие, секој пат сум била поштедена од таа гнасна појава. Едно треба да знаеш, природно не е, чим е прашак и може да замени со две лажички цел оброк не може да биде природно, но дека може да го пијат и доилки можат, мене ми помогна доста додека го пиев, рака на срце ми се опраи и косата и ноктите и тенот и кожата, ама како престанав изгубив и енергија, косата започна ужасно да ми паѓа а и ноктите почнаа пак да се кршат. Чаре, да го пиеш долго време, да не речам засекогаш, само така мислам дека може да се има ефект по прекинувањето ако било кога прекинеш нормално
леле и јас никако да се вратам на старата килажа, имам вишок од 6 килограми, мн се нерирам, ама за да ги симнам треба да држам диета, а бебето ми е на доење па се плашам да не ми секне млеково. а лето иде, треба на плажа да се појавам, но тоа е. јадам нормално и никако ни јас да мрднам во килажа, сега сум на пиперки, патлиџани за доручек и вечера и пак ништо. ајде нека ни се здрави бебушки. и плус стомаков бе никако да ми спадне ко што треба. има ли некои вежби што се ефикасни да ми каже некоја мамичка???
добро, мидерот има некоја главна улога во намалување на стомак или нема никакво фајде? јас еве 3 недели како сум породена, имам 4 кг вишок, вака супер си изгледам, а стомак имам малце како поправена- бар ја мислам така, мада мајка ми ми се љути, вика носи мидер ќе ти остане стомак, а ја ја убедувам дека стомакот ми е од вишокот килограми !?!?! ми препорашувате да носам мидер и до кога да го носам? леле ич не го можам
Мене патронажната строго ми нагласи да не носам мидер. Исто и ми рече дека немало врска тоа што зборат со стомакот. Кога беше дојдена кај мене во моментот носев мидер и веднаш го соблеков од што ме уплаши. Ми објасни дека не смеело да се форсира матката требало да се остави природно да се повлече...
е па не носам ни ја, а тебе сега како ти е стомакот? и мајки, а колку време крваревте после пороѓај ? и како крваревте? мене ми е страв да не нешто не ми е во ред не дај боже, крварам по малку и во текот на денот шарено- де кафено, де крв како свежа крв, па и со слуз- нормално ли е и така треба или да не ми заборавиле дел од плацентата не дај боже??? инаку веке 3 недели има поминато како сум породена.
Нормален...Значи не ми е рамен како што ми беше ама немам ни стомак. И нормално е кога стомачните мускули ми се афункционални а и два мислам дека се сечени со царскиот. Пред да останам трудна си имав стомачни (ах!) . И одвај чекам да можам да почнам да вежбам. Повеќе ми сметаат мене тие две три стриички што ми се појавија околу папокот и тоа после пороѓај!
иииииииииииии како бре после пороѓај???????/ зар треба да се мачкам и сега???????????? е леле бе па инаку и ја едвај чекам да почнам со везбање- а кога смее да се почне со теретана? има ли некаква врска вежбањето со доењето?
Jas po tretiot mesec,eve veke mesec ipol trcam sekoja vecer po 3-4 km i oslabev 4 kg Ne se konsultirav dali da pocnam ama fala bogu se e ok
Извини јас се збунив малце. Откако се породи после 3 месеци почна да трчаш или сега се поминати 3 месеци а ти веќе 1,5 месеци трчаш? Јас треба да се породам крајот на декември и сакам да почнам да трчам почеток на март. Се разбира се зависи од околносите тогаш, и од пораѓајот... Мене сега најмногу ми недостига вежбањто. А ме загрижува и исхраната. Јас предпочитувам здрава и свежа храна ама овие месеци немам апетит и јадам што ќе ми дојде при рака, претжно сува храна па ќе видиме колку кг ќе ме чини тоа