Јас воопшто не доев, немав млеко, а градите ми се како на Цеца хахаха да видиш колку сум згодна, со меше, со широки рамена, и +10кг, Ситни линии на меше и на на бутчиња, згодна како и секоја мајка што доела или не доела, секоја мајка што родила.. добро не баш како секоја.. Алав да им е на тие што брзо се враќаат во нормала, ти се малку позгодни од нас. Девојче многу погрешно размислуваш.
Кога се средуваат хормониве после пораѓај..еве и после 2 месеци јас уште сум плачка за глупости...Последно плачев оти мајка ми ми рече ај ако сакаш иапечи ми лепчиња на апаратчено незнам како треба...Незнам оти сум ваква се улипав за глупости
Дали цело време додека дојдам ќе мирисам на твор Џабе е туширање и се одма ссе потам, посебно кога цица бебе Срам ми е да испаднам мислам дека смрдам.
@Lady D ❤️ Имаш родено или? Пошо гледам не си запознаена со хормонско пореметување после пораѓај, дали знаеш дека некои доат и губат експресно килограми, некои тек кога ќе престанат со доење, дали знаеш дека и тие што не доат не можат да се вратат одма во форма, ок смеат диета ама погоре спомнав хормонско? Ако го цицаш 2 недели, воопшто не цицај го. Што е побогу 2 недели? Па уште не ти е надојдено правото млеко. Секој си има свој став околу доењето, некои и не можат да доат ама со тоа дека само тие што им даваат вештачко на бебињата се слаби си грешка.
Хаха не, ќе се стабилизира со тек на време потењето. Јас кога добив и се се смена, престанав да се потам и наеднаш паднав на кг.
Добив по 4 месеци, без големи болки, само нелагодност, мала болка во кичма. Ама многу ми тече, порано не ми течеше вака. Сега како пообилно овојпат. Шо да прам? Ми е страв да не изгубам многу крв, не сум учена олку да гледам. Вчера ми дојде, прво беше светло црвено и слабо течеше, па зголеми количина, ама денес повеќе тече и баш црвена крв. На гинеколог бев на два и пол месеци, во ред беше.
Стартував со 55 кг бременост се поправив 15 кг, сега сум 57 кг, После пораѓај одма симнав 10 кг. Тие 5 ми беа вишок. сакам 50кг да бидам , ама сега дојам и не планирам да држам диети, може само да вежбам кога ќе имам време имам малку меше ама не збрчкан, дури што вежбав претходно ми се познаваат стомачните .само имам стрии за жал
И јас еве 2 месеци после пораѓај со старата килажа и мало меше само што јас имав среќа па никаде стрии не ми се појавија во бременост ама пак затоа после пораѓај градиве ми се како изрезбани со стрии
Ич не очајувајте вие кои не сте ги намалиле одма кг по породување. Останав бремена на 58,59,отидов да се пораѓам со 75 Слаба бев пред бременоста,не јадев многу во бременост,имав мачнини па само од тестенини не ми се гадеше,па ваљда тоа придонесе за килажата. Не дека бев дебела трудница,ама си имав кг . Читав на интернет сите веднаш по породување симнале 7,8, 10 кг и се надевав и јас така. Излегов од болница,се мерам дома 71 . Шок. Е што е со овие кои магично губат по 10 кг,а што е со мене што сум намалила само 4 кг. Месец дена по породување,јас 70 кг. Наеднаш не ни памтам веќе кога,ама по 3,4 месеци почнаа кг да паѓаат. Пред годинка на бебе дојдов до 57 кг,сега е бебе 18 месеци,јас сум 55 кг. Не сме сите исти,кој побрзо,кој поспоро,кг се губат. Не очајувајте . Го доев и јас малиот,го дојам сеуште,никогаш не сум правела рестрикции со јадењето,ама никогаш и не сум гмечела за да имам млеко . За млеко е потребно мнооооогу течност и разновидна храна во нормални количини,а не ненормално јадење се и сешто. Бебе беше и сеуште е "немирно"па време за грицки,мезење,јадење и да немам,ама јадам оброци. Доколку си јадете како и пред бременост умерено,сигурно ќе намалите тежина. Можеби малку поспоро,ама ќе бидне Обликот на телото се менува,тоа е неизбежно,можеби со вежбање би се довело во ред . Со овие кг,воопшто не ми е исто телото како пред да останам бремена,иако и тогаш сум била со таа килажа. Доењето мислам дека не придонесува за ослабнување. Имам неколку познанички кои и дојат и се дебелеат.
Мајки што мислите за фарбање на коса во овој период кога почнува нагло да паѓа? Секое чешлање купишта коса вадам, целава куќа мие влакна... Ја немам фарбано 1 година, како метла ми е... Ја дојам малата, 3 месеци сме.
Фарбај се слободно, ако ти е шубе можеш и со боја без амонијак. Паѓањето секако ќе продолжи додека не се обнови косата, фарбала ти или не
175 см со 60 кг пред бременост. Во бременост качив 15 кг. Се ми беше нормално, без посебни потреби за храна, без мачнини. Стрии немам, се мачкав по два пати дневно, некој пат и три пати. Може е влијаело мачкањето, а може и не, којзнае. Пред бременоста си викав штом ќе направи три месеци одма почнувам со вежбање. Аха, да. Додека да стигнам до пораѓај, си го сменив приоритетот: бебе да цица. (цицаше до 13 месеци) Уште првиот месец спаднав на 65 кг. Од втор до четврти месец јадев како луда. Имав страшен апетит, а и бебе се будеше на саат ипол цела ноќ и сум јадела и во 3 и во 5 сабајле. За чудо не качив повеќе од тие 5 што ги имав вишок. Знаев да изедам и цела кутија сладолед од 1 кг. на едно јадење (сладолед ми беше ептен craving во тој период). 5те кг вишок не знам кога ги снема. Не ми беше на памет вежбање, имаше периоди на неспиење од заби, 4-5 пати фаќав мастит. Едноставно се движев, секој ден го шетав и тоа беше. Почнав да вежбам кога бебе направи 10 месеци. Чекав да пролази, затоа што претходно немаше шанса да најдам слободно време. Вежбав некој месец ипол, фати карантинов па три месеци правев пауза. У овие три месеци јадев многу повеќе тесто од типот на мекици, баници.. се нешто спремав од досада. Сега веќе месец скоро вежбам секој ден по саат време отприлика, а почнав и со јога. Килажата ми е ок, вежбам за зацврстување и за мускули. Пак сум си на 60кг, ама си осеќам целулитот дека ми спаднал накај колената, а и стомакот ми е обесен. Мислам дека не качив општо многу килажа затоа што веќе 4,5 години уназад си ја менувам исхраната. Одамна откачив сокови, грицки, благо, процесирана храна. Јадам и тоа, не дека не, ама многу ретко ми доаѓа желба. Откако почнав со поздрава храна, на прсти можам да избројам кога ме фатила криза за благо. И баш можам да кажам дека е зависност - колку јадеш благо, толку повеќе ти се јаде.
Мајки, вие што сте со царски, за колку време сосема ви зарассна раната? Мене над шиеното месото ми стои како малку надвиснато (а немам сало баш). Почнав бременост со 61кг, на крај бев околу 71/72 и сега сум 60/.61. На гинеколог бев по 2 месеци, се' беше ок внатрешно. Е сега правам една грешка, освен што доста го држам бебчо, кревам и вангла со алишта и се заборавам да не кревам тешко. Ај си велам исто како бебево што го кревам. Се наведнувам, прибирам ствари клекната- нез дали сето ова штети-некогаш осеќам како мала тежина во стомакот...Дали се' по дома си обавувате?
Кај мене околу десети месец. Први три месеци тоа не си ти. Сфати дека е посилно од тебе и плачи бре и викај дери се. И онака не моеш против хормони. Носи све у лепе материн, слободно. После петти иде некоја промена да сфатиш до каде си и кај 10ти месец веќе ќе дојдеш малку на свое. Бебе ми е речиси година и пол и сеуште не сум хормонски урамнотежена како што бев. Али околу 95% сум вратена на себе. Битно знаеш дека се хормони и искористи ги во плачење. Да. Додека доиш смрдиш на твор. После се средува. После бременост скроз се менува менструалниот процес. Без грижи само појачај на влошки ноќни на олвејс се добри. Јас додека доев се вратив на нула со +20. Ама кога прекинав ... Слон! Додуша тироидната ме заеба и ми донесе +10 али ја сеедив. Сега стојам у место наскоро ќе почне да иде надоле.
@babyboy1 @FreeMind кога помалава ми беше 7 месеци мислам дека доживеав нервен слом. Тоа не бев јас. Да урлам по децата и да шутирам играчки по дома. Свекрва ми дури дотрча од работа, ме галеше по рака за да ми помине. Тогаш сфатив дека не ми е помината пост породилната депресија. Мислам дека се смирив кога престанав да дојам. После година и пол Сеа па циклусот ме ебава. И така.... Жена да не си
Јас исто како тебе на седми месев имав ужасно многу лош крах. Малата никако не спиеше, дремеше на цицка касајќи ме и преку ден лазеше. Исцрпена бев скроз и се затворав во соба и плачев како будала. Сто пати му кажав дека ќе ги оставам и ќе заминам од дома зошто не можам да поднесам повеќе. Ужасно многу долг и лош период.
Јас се уште внимавам со подигнување на тешко, се уште чувствувам притисок или болка кога ќе подигнам нешто потешко... Инаку породена сум пред 6 недели.
Охооо до 10 месеци јас ќе ги скренам сите по дома..хахах нека му ја мислат после кога ќе кажам пак дека сум бремена со второ (сега за сега не сум во план )мислам страв ќе имаат од реакцијава после пораѓај @Kitten и јас имам моменти на шутирање на се што ми е при рака..среќа кога ќе ја видам бебка и знам дека за ништо не е виновна одма се смирувам..па плачки после оти така сум реагирала и така се во круг
Мене хормоните ми се горе доле добри. Синко ке прави година и јас вчера се сетив дека брзо ми поминала годината. Кога беше плачко со грчеви а сега толкав маж бре, оди. Додуша повеќе лази ама прооди. Од такт излегувам кога синко не сака да јаде. Па со рачето ми ја трга раката бе, мангуп мал.