Стомачето ќе стои како надвиснато над раната. Само со вежби може да се среди, поинаку нема шанси. Сепак стомакот се растегнувал 9 месеци, не може да се собере одма, башка што си сечена. Кревањето колку можеш минимизирај го првите месеци, освен бебето, се друго може некој друг да ти помогне.
Ти кажа докторот дека може да вежбаш? Јас во петок сум на преглед ќе го прашам кога најрано може да се вежба
Има 10 дена како сум породена природно, стомакот ми е скоро па рамен, раната долу ме чеша од време на време, денес се погледнав, мала рана е , ептен мала.. не знам што толку се жалев на болка по мое околу 3,4 цм ми е Сакав да прашам дали таа линијата на стомак што се појавува за време на бременост исчезнува и ако да, после колку време?
@Kate Rina 93 исчезнува. Не знам кога, не приметив кога ја снема, стомакот ми е цел со стрии, една линија плус не ми смета. За неколку месеци изгледа. Битно ја снемува кога тогаш.
Фала ви Немам стрии, не сум се мерела, ама чудно ми е што стомаков ептен брзо ми се намали. А кога си дојдов дома бев ко 6ти месец бремена во стомаков Уште линијата да се повлече би било супер
Здраво женски. Има ли некоја искуство со дијастаз од 3-4прсти кој и покрај вежбање не се намалува? Или некоја која била на операција од дијастаз. Поздрав, имајте убава вечер
Опааа честиткии! Да е здраво живо бебетоо! Инаку полека полееека бледнее линијата. Некој рече до кај 9ти месец целосно. Ако добро запамтив.
И јас сум исто. Породена сум на 30 јуни, кога излегов од болница, стомакот ми беше голем и исто како кога бев бремена, дундата повторно не можев да си ја видам. После две недели стомакот рамен, само што ми е мек. Кај мене линијата воопшто не се појави. Можеби дека кај мене порогјајот беше на полна 33 недела, ниту стрии немам, мачкав со хип путерот за трудници, но не баш редовно. Бременоста ја почнав со 63 кг, сега имам 60 кг.
Moze ne e za tuka ama neznam koja tema e soodvetna.Nekoja da imala maka so paganje na kosata po poroduvanjeto sto koristite ?