Од тоа што сум читала по форумов, тој процес мора да помине и дека не помага ништо. Велат трае од 3-ти до 6-ти месец.
Сите. Ќе помине. Ништо не помага, вишокот коса мора да испадне. Од 4 до кај 8-9 месец трае, ќе се нормализира до кај година, можеби и порано. Единствено што ми помогна е драстично кратење.
Мајки што сте породени мај/јуни со царски, дали користите појас или мидер и дали мачкате со нешто на резот? Јас ништо не носам нити мачкам. Жешко ми е за мидер. Како оди намалување на килограмите кај Вас? Кај мене никако. Дури и се здебелив,а 24/7 трчам по бебе. Очајна сум.
Со царски сум, породена пред 19 месеци, не носев мидер, не носам никогаш не трпам такви работи на мене. Секоја жена е различна, една ќе ослаби, др ќе се здебели, хормони, промена огромна, стрес на организмот, не очајувај ќе се среди се. Колку месеци има бебето, дали цица?
@Bebac и јас не носам мидер и не мачкам. Денес одам на преглед, па ќе ја прашам докторката дали смеам...Инаку незгодно е на жешково мидер, да А како го депилирате/бричете тој дел кај раната? мене ми е страв, па не ми е баш средено таму
Рано е многу, не се грижи ќе се средиш сега фокус на бебка, нека си цица нема ништо поздраво од мајчино млеко. Јас и ден денес не се бричам кај раната, грдо чувство ми е, језиво, имам едно апаратче како машина за стрижење е и со него се средувам
Мајки после колку време од кога се породивте имавте односи? Јас некако воопшто немам желба, а бебе уште малку два месеци. Некако и изгубив самодоверба. Имам за намалување околу 15 кг и неубаво се чувствувам. Пред бременоста сексот ни беше одличен. Совет!
После 40 дена, ама ме болеше, т.е повеќе се стискав од што ме болеше.. страв ми беше да не пукне шиеното и не можев се откажав прв пат асално после 2 месеци и беше поубаво од претходно дали дека немавме долго време опушти се и ќе немаш гајле... П.с природно сум Инаку јас добив сабајле... мислев ќе поуживам уште малце ама тоа е, значи после 4 месеци ми дојде мене, без болки во стомакот
Сега си мајка и сексот веќе нема да е ист. Телото се менува многу, пишував во тема за бебиња 6 до 12 месеци. Стомакот ми е цел со стрии, градите виснати, ама сеуште дојам, ке виснат уште повеќе. Плус, сексот мора да е тивок, нема веќе гласно искажување на страсти. И двајцата сме преморени, и тоа влијае на сексот. Јас чекав да одам на прегледот 6 недели по пораѓај, со царски бев и ми беше несигурно. А желба имав пред тоа.
Сметам дека треба со малку повеќе самодоверба и оптимизам да гледаме кон нашите тела и кон себе си по породувањето И јас сум во таа фаза како @Bebac, ама имам разбирање од мм, и мислам ќе се вратиме во нормала.
Не се согласувам ама ич кај мене е сексот потполно ист со страсти со се...тоа шо станав мајка воопшто не ми е пречка....да дека уморот игра улога ама не ни бил пречка до сега
Веројатно имаш мирно бебе. Синко 3 месеци имаше грчеви, навечер му беше терминот. Комшиите не жалеа, па сега ти види колку се дереше синко. Секој негов период на растење е напорен на посебен начин. Сега оди и открива како да направи беља. Мора четири очи отворени, инаку ке има плачки. Домот не ми е среден ама мора да е чисто. Ручек за нас и за синко. Не се жалам, само сакам да кажам дека не можеме да постигнеме се. И тоа не е се на мој грб. Сите обврски ги делиме на пола. Пред да станеме родители секс имавме кога сакаме. Сега имаме кога е погоден момент. Да не помислиш дека секс имаме еднаш месечно, ама претходно секој ден. Сексот е ист, страст и се тоа, ама обврските не се исти.
Тие што сте со бебиња не чувајте страсти во себе. Викајте додека се бебиња и ништо не разбираат. Имате уште некоја година гратис. Оти полошо е со деца. Туку се осеќам дека додека дојам желбата ми е намалена. Ако почнеме пример, ок. Ама желба да иницирам јас... Некако потешко. Мислам дека уморот си го прави своето. А и не е само тоа. Ниското ниво на женски хормони (прогестерон и естроген) заради доењето т.е. заради високиот пролактин исто игра голема улога. Мислам дека кога ќе добијам (кога ќе се вратат хормоните во нормала) ќе имам повеќе желба.
напротив имам многу пргаво бебе коа бара апсолутно внимание постојано, сами сме со мм и бебе нема никој околу нас...муабетот ми е дека самиот чин воопшто нее сменет само затоа што сум мама.
Дали идањето на менструација значи дека хормоните се средени? И дали тоа повлекува и помалку опаѓање на косата?
Мислам дека нашиве бебиња се два дена разлика. Моево сега е 4 месеци и 11 дена, твоето е 4 + 13 дена така? И јас добив околу 4ти месец, нешто пред да наполни 4 месеци, а се надевав бар малку подоцна.
@Kaetana и ти сеуште немаш добиено? Јас чудно 11+ месеци терам, од менструација ни М. Кај не дојде толку барем нека помине летово, наесен ќе се дружиме со пелени и влошки. Сигурно од доењето ми е висок пролактинот. Сеуште бебе едно 5-6 пати убаво цица и уште 2-3 пати се навртува онака. Косата мене сеуште ми паѓа ко луда, а линијата linea nigra почна да бледее. Некако се подоцна кај мене овој пат. За синко добив 2 месец, ама неспоредливо помалку цицаше и веќе на оваа возраст беше одбиен.
Со 50 кг.ми почна брменоста се поправив 15 а кога се породив изгубив уште во болницата 7-8 кг.излегов алергична на многу работи и морав да внимавам на исхраната и јадев само компир,ориз,морков,јогурт и се така во круг и ги изгубив и тие 7 кг што ми останаа и се вратив на старите 50 плус доев и добив менструација после 2 риот месец . . Се уште внимавам на исхраната можеби и добро излезе со алергијата бидејќи си се вратив на старите килограми