Кај мене да. Добив околу 5ти месец после пораѓај и веќе не ми паѓаше косата. Претходните месеци мислам дека оќелавев.
Кај мене исто паѓа уште, само што се шишав па сега не се долги влакната и не изгледа толку страшно. Добив после 3 ипол месеци
@Presrekna немам уште ни јас. Ама синко е уште залепен за цицка. Не бројам колку пати, оти не се добројува. Навечер немам појма што се случува - имам чувство како да е на инфузија. А може цица два пати. Така читав - демек кај жени кои ексклузивно дојат, и кај кои и понатаму покрај цврстата храна подоите се чести, заради висок пролактин намалени се прогестеронот и естрогенот и изостанува циклусот. Секако, ова не е правило, секоја жена е различна, и има исклучоци и те како. А косата не знам, мене овој пат не ми паѓа толку. А и со ќерката не памтам драстично да ми паѓаше. Ама па не дека ми беше нешто многу поубава и бујна во бременост.. ))
Јас добив менструација точно 15 месеци по породување. Син ми е страстен цицач, и покрај цврста храна ( која не ја јаде многу) цица. Косата ептен ми паѓаше, па кога почнаа да никнуваат нови влакна, како глуварче. Долга коса, а ретка, антени од сите страни . Можеби и од добивање почна помалку да ми паѓа, кога ќе размислам поубаво. Паѓа, ама умерено, претходно беше страшно.
Добро е ме утеши. Имам фора до 15 месеци. И моево често цица, па сигурно од тоа е. А за косата, има перики
И ти како мене, јас поради гестацијски дијабет, бев на режим во исхраната и уште во бременост наместо да качувам ослабев 5 кг. Ја почнав бременоста со 63 дојдов до 70, а на порогјај отидов со 65 кг. Сега 24 дена по порогјај сум 60. Ете секое лошо е за друго добро
Мајки после колку време од пораѓај можам да се бањам во базен? Со оглед на ситуацијава одмор нема да тераме па барем у базен да се шлапнам Да напоменам базенот ми е дома и само ние се бањаме (не мислам на базени кај што иде секаков народ)
Еве јас. Синко нејадач, цица веќе една година. Се случува да се најаде каша 200 гр и пак да цица обилно. После добивање косата престана да паѓа како претходно, ама паѓа сеуште. Разлика во циклусот е тоа што стомакот не ме боли кога ке добијам и циклусот е пократок, помалку обилен и не толку редовен како порано (од просечни 28 дена, сега добивам на 30 до 35 дена).
Јас мислам дека добив на 2 месеци некаде и траеше многу кратко. Еве од тогаш ништо а три ипол месеци сме. Мене пак од тогаш почна да ми паѓа многу еве уште паѓа, на секое чешлање куп коса
Јас ја скратив некаде 6-7 цм и плус ја проретчив, но џабе пак паѓа но можеби пократка нема толку тешко да се чешла.
Каде се шишавте луѓе? Мене од страв од корона косата не ми е шишана од декември. Морам да напоменам дека имам екстремно густа коса која многу брзо расте. Сеа ми е до пола грб и имам огромен корен. Зимото на фризер коренот ми го офарбаа како мојата коса а надоле плави прамени. Сега горниот дел ми е како подраснат корен до носот а долниот плавиот ми е изгорен како метла. Многу ми е шубе да идам на фризер. Плус со мојава коса секако 3 саати ќе треба додека ме средат.
После година јас не се вратив во форма... Ама си јадам. Си готвам и си јадам... Косата ми е со страшно пораснати антени, кај што се залистоците, ми личат на искасапени шишки. Па не сакав да ја шљакам со восоци креми, потрошив добар дел од денот на јутуб да гледам туторијали како да ја сетирам. Ми успеа, откако ќе се исфенирам со ладен воздух за сетирање мора, ама јас не сум знаела. Па се ишишав убаво, зошто кога ми е во репче ко несредена. Вака сакам нејќам морам да ја средам, и сеа сум дебелка исфенирана мајка.
Каков фризер, нема шанси. Ме орепа мм Секако топло ми е и с'клет, па само фатена ја носам, а сега едвај минијатурно репче фаќам погоре. Не сум фарбана и јас со месеци, подраснат корен, немам време ни сама дома да се нашлакам. Се тешам со маските што ги носам и дека никој не би ме препознал. Ниту козметичар ниту фризер сум посетила, а и којзнае кога ќе одам.
Во сабота бебе два месеци, а јас сабајле добив менструација. Денес требаше на гинеколог, но ќе одложам другата недела. Незнам што да мислам? Не очекував рано да дојде, бидејќи бебето цица. Дали има место за паника?
Не. И јас доев и добив 2 месеца пк пораѓај. Среќлии сме @0ли ќе почне да ти паѓа ако доиш. И тоа ептен..
Дојам, дојам Очекувам да паѓа, затоа и ја скастрив, да не гледам големи влакна кога ќе паѓа и да не ме фаќа паника Ајде и тоа ќе помине. Со оглед на тоа што во бременост 2-3 влакна ми паднаа, очекувам сега да гледам туфи коса.