Ја проверуваат матката дали е вратена во нормала. Вагинално ехо поточно. Мене ме прегледа и со спекулум, ама бев на државно кај докторката која ме породи, па не знам дали е таква праксата.
Не се секирај зарасната ќе биде раната. Мене ме праша пап кога сум правела, тоа беше 2м пред да останам бремена па ми зема брис. И вагинално ехо
Незнам немам искуство искрено да ти кажам ама јас мислам исто би требало да е и за царски со абдоминално ехо затоа што некој жени крварат и после 40 дена ми нема.некако логика вагиналниот преглед.
Мене ми има некако логика вагиналниот преглед, нели да ја прегледа раната треба, дали е убаво зарасната? Само да не го користи спекулумот.. уште ме приболува раната, скраја да е да ме шири долу Ајде прва си ти со прегледот, па ќе кажеш како е
Јас бев околу два месеци по породувањето. Тука е пракса после 6 недели минимум. Со царски сум. Ме гледаше со вагинално ехо. Ми земаа брис за пап. Ја гледаше матката дали е вратена во нормала, јајниците како се и ми ја погледна раната од царскиот.
Мене само абдоминално ме гледаше, дали матката е ок и да не има остатоци од постелка. Се плашев и јас од вагинално ехо и спекулум највеќе зошто на пораѓај 100 пати ми брцаа раце и траума имав. Плус имав гасови доле ако раширам нозе, многу непријатно беше . Ама ништо од тоа немаше. Требаше да одам на убав преглед 6 месеци по пораѓај, еве 7 поминаа ама со коронава тешко дека ќе отидам
Пораѓајот не ми беше болен, ама затоа сечењето и раната од после убаво ме болеа а да и ме болеше брцкањето внатре пред пораѓај Еве 3 недели после пораѓај уште ме приболува раната. Се мислам каков би бил вагиналниот преглед и како ќе имам односи со мм А ми сака душава @Cherry333 а беше шиена долу?
Да да, ама немав мака со раната. Многу брзо ми заздраве и немав траги од шиење никакви. Ама ти викам, некои 2 месеци бев подраширена повеќе него што треба, непријатно ми беше и односи да имам на почетокот. Немав ни желба. 6 недели после пораѓај одиш на преглед, до тогаш ќе ти помине раната ваљда..
Јас сум многу малку шиена, дури чудно ми е што ме болеше толку многу. Околу 3,4цм ми е раната. Те болеше кога имаше односи? Сум читала дека боли на почеток @Kitten @elcezelce Ааа добро штом така, сега ми е полесно
Не ме болеше баш, неубаво ми беше. Немав желба никаква, не можев да се опуштам. Само на бебето мислев. Таква бев додека не добив после 3 месеци, после се подвратив во нормала. Ако сакаш односи да имаш, нема да те боли. Кога си стегнат нормално дека боли..
Само абдоминално ехо. И ја сум природно породена. Не се секирај. И јас сум малку шиена. Односот не ми беше болен, повеќе беше чудно од што бев стегната мислејќи дека ќе боли.
А кога имавте прв пат односи после колку време? Природно породени што сте со првото ми се погоди крварење 40дена па после одма добив, ама сега немам ништо За три дена бебе прави 40 дена, раната ми е заздравена (ваљда) скроз ништо не ме боли а и немам крварење наредна недела секако одам на гинеколог ама и вас да ве прашам со искуство