На контрола бев 10тина недели по пораѓај.И да,болеше коа ме расчакна со спекулумРаспукав иначе,степен 2 пишуваше на отпусен лист,и ме шиеа,но не се погледнав никогаш Ми зема брис за пап,ми прегледа и гради и брадавици,плус и вагинално ехо.Баш е чудно со ехото,наеднаш црно,нема бебе. Искоментирав баш дека нема ништо,ми вика-Има,не си била во вц од сабајле Такво парче згрутчена крв и мене ми падна дома,ја анализирав како да е мало чудовиште.
Да, треба време додека се регулира, но сепак можно е и да има бременост.. браво што можеш да издржиш да не направиш тест
Мислам дека имаше пишано некоја членка дека имала менструација па после немала. Јас добивав на 31 ден 6 месеци по ред. Ќе направам тест за да ја исклучам можноста ,за да се консултирам со гинекологот ако не е тоа..
Сега, кога ќе се присетам, прв пат кога се породив, и мене ми падна коагулум уште во болница. Сега, скроз изумив. А и веќе три недели се поминати. Ме зачуди и исплаши. Ама ваљда не е страшно. Битно нека се чисти.
Мене ми дојде прв пат после 40 дена. Од тогаш 2 месеци ми касни по 14-15 дена ама добивам. Тие 2 месеци кога ми касни многу ме болат јајниците и имам обилно крварење. Незнам зошто е така.. Инаку, се доиме
Кај мене имаше после една недела од пораѓај. Се извадив од памет кога видов, огромни беа но сепак тоа е нормална појава, се чисти матката.
И мене ми доаѓа сега на 35/40 дем на некад. Додека доиш нема средување на циклусот. Автоматски и не знаеш кога се плодни денови. И поише шанса за бебе
Ја симнав апликацијата доста е интересна. Од денес почнувам 30 дена турбо режим. Сакав да те прашам секој ден се вежба или има и пауза ден? Трчам преку еден ден па да не заебам некој мускул. И не гледам да има за раце вежби да не имаш некоја апликација да препорачаш?
Јас веќе 7 месеци секој ден вежбам по 20-25 минмин од апликацијата. Но не ги вежбам оние од daily routine што ми ги дава апликацијата за секој ден туку си одбирам сама кои вежби ги правам. Најчесто онаа 100 calories pack или focus core. Има повеќе прва е за раце. Разгледај па ќе видиш која рутина најмногу ти одговара. Јас за 7 месеци изгубив 8-9 кг. Телефонот нов ми е ,па негде за 3 месеци имам изгубено околу 18000 калории. Или за 7 месеци околу 35-36000. Прво со стариот Тел почнав. Па затоа само толку ги регистрира. Со леснолеснос
Фала ти генерацијо Јас не сум фан на дома вежбање и ми оди тешко да оддржам мотив. Решив по 20 минути ќе посветам и на овие вежби. На почеток си мислиш пфф ова ли нема да го направам и после само четири минути лежиш на под со јазик залепен на паркет. Се сликав денес за три месеци ќе направам пресек до каде сум. Идам да те стасам во плочките на стомак
Хахаха те чекам. Веќе нема јазик на под. Како песна ми се сега. Малку тоа, малку ѕвере по дома, малку неспиење со тинејџер денес барав фустан за крштевката и роденденот. 36 бр ми е голем . Пак да потцениме вежби Ајде да се пофалиш за скоро
Мислам после 6 месеци. Но, некои почнуваат и порано. Јас нема да ризикувам. Ќе почекам и ќе се консултирам со докторот околу вежбите и нивниот интензитет.
Веќе неколку дена имам грчеви во долниот дел од стомакот, во цревата. Дали сте имале таков проблем и како сте го решиле? Ми се дешавало истово и порано при циклус
И јас имав, особено после вториот пораѓај, ама јас царски бев (треба време по операцијата да се разработат цревата). Пробиотик редовно земав и по потреба еспумисан, така ми рекоа во болница. Се среди после некое време