На папоков имам остатоци од дисколорација од бременоста, како темни точки. Дали се вадат со нешто? Или да чекам сами да се изгубат? Бидејќи кафената вертикална линија избледна, ама останаа тие дамки. Една ми рече со витаминска крема да го исчистам, со триење. Би помогнало така?
Дали се има случено на некоја мамичка неколку саати после секс да има како менструални болки? Мене ми се случи втор пат. Породена сум царски пред два ипол месеци. После два месеци добив повторно менструација. На гинеколог уште не сум била. Се денес, утре и се растегна одењето.
Имав јас таква болка првите неколку пати мислам дека рано беше не почекавме да се вратат органиве на место
ама мене не ме боли додека трае. Отпосле, пример после 3 часа. Како кога треба да ми дојде менструација. Затоа прашувам.
Да да и јас за таква болка ти велам..наболуваше и додека влези ама тоа долу беше...одпосле имав така како менс.болка
Женички после колку време ви се регулираше циклусот после пораѓај? Јас добив 2 пати до сега но овој месец ми доцни 1 недела. Можно е уште да не ми е регулирано или да си тркнам до аптека?
Јас сум со царски. Точно по 2 месеци бев на контрола прво,ми беше страв пред тоа да правам нешто, кога видов таму дека се' е ок имавме односи. Не осеќав многу болка, само сеуште ми е шубе и страв да не направиме некоја бељаПлус, можно е мала нелагодност да осеќав после ама не некоја болка. Мене ми нема уште дојдено. Сега можи самото место од хормоните е посуво и затоа можи да осеќаш болка.
Мене овој месец исто ми каснеше една недела,дури и тест правев ама си добив Прва менструација ми беше 3ипол месеци по породување, 7 месеци редовно добивав, 8миов месец ми каснеше
Абе женски да ве прашам ова досега не ми се случило за време на однос при менување на поза ду*дава ми испушти воздух па ко сме удриле едно смеење па продолживме..ама сега ми текна и немам појма од што така? Му се смеам на мм пошкрока е сега па влегува воздух од страните
Хаххахааххаха првиот пат е малку срамота после не обрнуваш внимание. Баш од воздух е, мене ми се случувало после doggy.
Исто после doggy беше..ама каква фаца ми направи мм се чудам како прекинав да се смеам..прво незнаев од кај излегува дури не напнав да се смеам па после дупло смеење имаше...
Женски,пишувавме неодамна на тема потење,т.е смрдење Да ви кажам дека не сум веќе смрдла,благодарение на Веледа стикот со екстракт од калинка. Би требало да го има во Мк. Го земав со доза на скпетичност,оти ниту еден антиперспирант без алуминиум не ме штител подолго пд 3-4 часа.Овој стварно штити,плус преубаво мириса,10/10 за Веледа
Мене ми испушташе гасови кога ќе раширев нозе само или ќе се наместев во некоја незгодна положба и вака, не при однос. Срам ме изеде, какво доги немаше шанса да ме види у таква положба. Го прашав гинекологот, рече би требало да се санира до 6 месеци после пород. Сега одамна не ми се десил таков кикс, ваљда се собрала малку. Хахахаха многу непријатна работа леле
И јас ја имам оваа мака... Некогаш ми е звучна дури и при чекорење после станување од кревет ако повеќе раширам нозе при станување Јас не знаев како да објаснам на гинекологот за да прашам дали ќе се среди со време плус дури не ве прочитав тука мислев само мене ми се случува