Не ми изгледа познато искрено според сликата што го гледам, но ќе им пишам на официјалната страна на Веледа во Мк па ќе прашам дали и каде може да се најде тука. Ти благодарам Ако го има некоја членка сретнато низ аптеки/дрогерии нека пише
Ќе помине само. Кај што го прочитав коментаров одма проверив хаха не сум би приметила дека ги снемало.
Леле после коментаров за тоа дали се собрала ми текна на нашиот однос после потаѓај. Мм зачудувачки озбилно ме праша ,, шо е ова бе, како во тунел да сум влегол?" Се згазив од смеење..
Хахаха ее уште на одење или ширење нозе да се слушни има во земја да пропаднам. .а за доги ние сношти запнавме ама да знаев за воздухов не би се прчела И јас мислев ова само мене ми е дури не се јавивте овде сите А јас па после 2-3 односи чекам чекам не коментира ништо па си реков да прашам јас нешто...И ми вели па незнам не сум забележал нареден пат ќе обрнел внимание демек...Ауу реков немој немој ако нема ништо досега ич да не се фокусираш на тесно широко
Абе си мислиш дека си само ти затоа што кога некој ќе спомне ширење на вагиналниот канал после раѓање или па некои царски што прават поради тоа, овие што родиле природно скокаат, нема врска не е точно дека се шири. А се шири, ама со текот на времето се враќа. Јас баш го прашав матичниот, рече до 6 месеци треба да се врати сѐ во нормала, но како што теоретски сѐ е возможно, може и да остане како повреда од пораѓај. Ама ептен ретко тоа, да не плашиме женички.
Така е, да не се лажеме, вагината никогаш нема да биде ко претходно, и треба малце време за да се врати во нормала, па сексот ќе биде ист како претходно. Сепак мускул е. Исто ко мускулите на стомакот што треба да се "приберат". Шанси за побрзо прибирање и да не остане дијастаза имаат оние што претходно вежбале, и имаат појаки мускули. Е исто така и со вагината Затоа женки, фатете на време Кегелови вежби Сексот ќе биде супер, но полнењето со воздух мислам никогаш нема да се смени
Е ај да не се шири па како ќе излези детето ако не се отвори на толкава (покажувам со рацете) Шала на страна како што кажа @Kitten и треба време да се врати во нормала не е ова ластик оптегни па пушти и ќе се собери одма..За вежби можи да се почни се со цел да не се полнам воздух кај малиов ко ќе голтни воздух па мора да го кренам да ждригни така ќе мора да ширам нозе за да "ждригни "и малава долу
Хахаха е луда си.. ме изнасмеа Да се придружам во клубот и јас.. јас пак после првиот пораѓај си мислев нормално е такво нешто а не сум размислила дека може да е од пораѓајот.. ма да кај мене и долго после порагајот знаеше така па се надевам со овој ќе се вратам во нормала.
Па јас не ни знаев дека можно е вакво нешто па и на мм кај му дојде за доги ама ајде да смениме малку и оп добивме поздрав од долу
Со доги се дешава така понекогаш. Јас сум со царски ама и пред да останам трудна ми се има десено. До позата е
Крварев околу 40 дена ама само првата недела пообилно. После тоа доаѓа жолт исцедок да не се чудиш. Односи имав после скоро 2 месеци. Ќе ти каже докторот на контрола.
Да се самоцитирам за ролонот на Веледа, со информација од прва рака, го има во сите подобро снабдени аптеки на Зегин и Еурофарм. Конкретно за Скопје ми пишаа "Можете да ги најдете во подобро снабдените аптеки, како Зегин Сити мол, Буњаковец, Гтц, Лептокарија, Еурофарм Веро 2, Рамстор мол, Веро Центар, Буњаковец, аптеките Полин, Дна Анни фарм, Макмедика..." Препорачана цена била 610ден.
Зашто мора се да биде толку скапо? Баш сакав да го купам ама ич не ми се даваат толку пари за антиперспирант што не знам ни месец дали ќе трае.
Е мене изгледа ме сошиле два броја потесна Сега е подобро него пред бременоста Инаку, косата повторно почна да ми паѓа како луда.
За добро и кај нас е сега подобро некако поблиски сме незнам како да кажам.. А за коса паѓање не ми кажувај кај да појдам коса оставам..Од опавче кое 3 пати го врзував со стегач и беше таман сега го врзувам 5 пати со истиот стегач и пак ми е лабаво..
Не сум сигурна дали е за овде прашањево ама за колку време де стабилизира опаѓањето на косата после породување? Мене почна да ми паѓа по две-три недели и имам чувство дека цела коса ќе ми опадне пред да порасне таа новата... Не можам да дочистам дома од влакна иако цело време ми е собрана... Дури најдувам и кај бебе во раче, каде што спие, каде што ја пресоблекувам... Кога ќе помине или барем да се намали? Трауматично ми е секое миење на косата