Јас немав некој проблем со опаѓање ама нормално дека се стабилизира. Користи шампон против опаѓање. Јас имав само проблем со скалпот, ми стана преосетлив и сув, почнаа ранички да ми се прават ама и тоа со шампон за осетлив скалп го решив.
Звучи утешително...да издржам уште три месеци.. @Bubish26 користам Алпецин против опаѓање и пијам витамини за одржување на косата ама се уште не сум видела подобрување, затоа прашав
Мене околи 9 ти месец ми се стабилизира, на година ипол почна веќе нова да расте. Од Мерц апчињата станав кит. Не фрлај џабе пари јас све пробав, треба хормони да се средат, не е до витамини ниту шампони.
Значи назад ни е зимата со косиве Мене по малку почна да ми паѓа пред 3 недели, после 3 и пол месеци од породување. Но не нешто премногу, на чешел забележувам влакна.
Кај мене тек сега се стабилизира, гледам нова коса ми расте, цела сум со антени. Бебе е 6 месеци, а почна да ми паѓа кога имаше 4, мислам пола коса ми падна И со првото комплетно исто, од 4-6 м.се митарев Ќе престане
После колку време се депилиравте долу после породување во мој случај јас сум царски ако има врска? Страв ми е после кога ќе ураснам болно е.
Прамени паѓаат, дури застрашувачки изгледа, џабе сите витамини. Но истовремено расте и нова, чудо некое. Цела сум со антени
Мене уште не почнала да ми паѓа ,се сеќавам и со син ми почна да ми паѓа негде после 3месеци кога наполни ,мислам дека никогаш нема да престане да ми паѓа се дури го доев од после кога го одбив почна да се стабилизира малце,моето искуство покажа дека е џабе и шампони и ампули ништо не помага.
Јас не планирам да барам чаре за опаѓањето, секако мора да помине тој процес. Ќе продолжам како и досега.
Мене почна да ми паѓа кога малиот беше 3-3 ипол месеци и ми паѓа во прамени. Секаде наоѓам моја коса, кај него во рачињата обавезно. Не се потресувам нешто многу зашто и претходно имав периоди кај што вака ми паѓаше од пцос. Единствено се мислам тој миксот да го направам во шампон од лук - екстракт од коприва, б витамини и не знам што беше друго. Од тоа многу коса ми порасна ама ќе видиме.
Точно после 41 ден, едвај чекав да се средам само и нагласив да внимава бидејќи сум шиена. Топ поминав
Исто и мене еве веќе цела недела забележувам почна да ми паѓа косата,особено кога ја чешлам или кога се бањам...туш кабината е цела со влакна.Јас и така сум со ретка коса па се плашам и таа шо ја имам да не ми опадне. Дали има некое решение или мора така да помине.
Јас користев Алпецин против опаѓање на косата 2 месеци не видов подобрување, купив шампон на Геровитал против опаѓање денес ми го фалеше аптекарката